info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 30 Дек 2017 - 03 Јан 2018
Локација: Милано , Италија
Цена: 9,390,00 ден.
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

*** МИЛАНО ***

***НОВА ГОДИНА 2018 ***

Програма на патувањето:

1 ДЕН (30.12.’17 – сабота) : БИТОЛА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 07.00 часот. Поаѓање за Италија во 07.30 часот…патот преку води преку Ниш, Белград, Загреб, Трст, Венеција…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (31.12.’17 – недела) : МИЛАНО Пристигнување во Милано во утринските часови. Краток одмор. Панорамски разглед на градот со стручен водич…тврдината Sforcesco, piazza Duomo – централниот плоштад каде се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот DUOMO, катедрала која ја опкружуваат 3400 статуи со фасцинантен изглед, Via Vittorio Emanuelle – најважната шопинг улица и центарот на вечерните збиднувања, црквата Santa Maria Della Grazia (местото каде се наоѓа ремек-делото на Да Винчи „Тајната Вечера“, LA SCALA – зградата на Миланската Опера, една од најпознатите оперски куќи во Светот… Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта – дочек на НОВАТА 2018.ГОДИНА!!! Ноќевање.

3 ДЕН (01.01.’18 – понеделник) : МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на градот, или можност за факултативен излет до Швајцарија. Посета на бајковитиот град Лугано, кој се наоѓа на истоименото езеро. Обиколка на главниот градски плоштад Della Riforma, црквата San Roco, Santa Maria Degli Angeli како и паркот на вилата Ciani. Слободно време за прошетка низ градот, или покрај езерото Лугано. Посета на Комо…посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата, Бролето, зидините кои го обиколуваат скоро целиот град…факултативно крстарење со брод по езерото, можност да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Бекам, Мадона, Макартни…Враќање во хотелот во попладневните часови. Слободно време. Вечерта – факултативно – Свечена вечера во ресторан со комплетно мени… Ноќевање.

4 ДЕН (02.01.’18 – вторник) : МИЛАНО – ВЕРОНА – БИТОЛА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Поаѓање за Верона со попатна посета на трговски центар. Пристигнување во Верона во раните попладневни часови…прошетка низ Стариот Град…плоштадите Бра и Ербе, Арената, куќата на Јулија…поаѓање за Македонија во касните попладневни часови. Патот води преку Трст, Загреб, Белград…ноќно и денско патување со кратки попатни паузи.

5 ДЕН (03.01.’18 – среда) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во попладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 9.390,00 денари.

8.590,00 денари – за УПЛАТА до 16.12.2017 !!!

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, 2 Н/П во хотел со 4*, разглед на Милано со стручен водич, разглед на Лугано и Комо со стручен водич, посета на Верона, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (150,00 ден.-по лице). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА : Посета на Лугано – 20 € по лице (минимум 25 лица) – препорака!, крстарење со брод по езерото Комо – 15 € по лице – препорака!, посета на Ресторан со комплетно мени – 0 € по лице (минимум 25 лица).

НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 20.12.2017

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. АРИЕС и СКТМ.