info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

НЕАПОЛ-СОРЕНТО-КАПРИ-11.ОКТОМВРИ

 

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

 1 ДЕН (07.10.’16 – петок) : БИТОЛА – ИГУМЕНИЦА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала во 14.30 часот. Поаѓање за Грција во 15.00 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Кожани…пристигнување во Игуменица околу 20.30 часот. Денско патување, со кратки попатни одмори. Трансфер на траект. Ноќевање.

2 ДЕН (08.10.’16 – сабота) : БАРИ – НЕАПОЛ – СОРЕНТО Пристигнување во Бари околу 08.00 часот. После граничните формалности, патот продолжува за Неапол, односно Помпеја, античкиот град, кој трагично престана да егзистира, како последица на вулканската ерупција од планината Везув…факултативна посета на градот…патувањето продолжува за Неапол…планирано пристигнување во Неапол околу 15.30 часот…панорамски разглед на градот, со обиколка на Градскиот плоштад, Општинската зграда, замокот Кастело Нуово, Театарот Сан Карло, палатата Реале, црквата Сан Франческо, како и најстарата пицерија во Неапол и воопшто во Италија – Да Матео…слободно време за прошетка низ стариот град Спаканаполи…состанок на групата на претходно договореното место во 19.00 часот. Поаѓање за Соренто.  Сместување во хотел во околината на Соренто. Ноќевање.

3 ДЕН (09.10.’16 – недела) : СОРЕНТО – КАПРИ Појадок. По појадокот – факултативен целодневен излет за островот Капри, единствен и уникатен пример на спој на природни убавини, стара архитектура и гламур…поаѓаме со хидроглисер од Соренто или Неапол и на Капри се пристигнува на Марина Гранде…оттаму, со организиран превоз стигнуваме до гратчето Ана Капри – лутиот соперник на градот Капри во средниот век. Прошетка низ Ана Капри со локален водич. Слободно време за индивидуален разглед на местото. Слегуваме (со организиран превоз) до истоимениот главен град на островот…посета на Градините на Царот Августин, Виа Круп, Марина Пикола, локалитетот Фараглионе (3-те стени, симболот на островот), Пјаца Умберто со надалеку познатата камбанарија од 17.век и сатот обложен со мајолика…можност за прошетка низ старите улици, продавници со локална роба, сувенирници, како и бутиците со фирмирана роба од највисок квалитет…состанок на групата на претходно договореното место во 17.00 часот. Поаѓање за Соренто. Слободно време за индивидуален разглед на градот…плоштадот Тасо, црквата Св.Антонио, вила Комунале, улицата Виа Корзо Италија…Ноќевање.

4 ДЕН (10.10.’16 – понеделник) : СОРЕНТО – АЛБЕРОБЕЛО – БАРИ Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Заминување за Бари, со попатна посета на единственото во светот етно-село од ваков вид –  Алберобело, заштитено од УНЕСКО…го продолжуваме патувањето за Бари, каде пристигнуваме околу 15.00 часот…посета на катедралата Св.Никола, со посета на криптата каде се сместени неговите мошти…слободно време за прошетка низ стариот град и индивидуален раглед центарот на градот…поаѓање за пристаниште и трансфер на брод во 18.00 часот. Ноќевање.

5 ДЕН (11.10.’16 – вторник) : ИГУМЕНИЦА – БИТОЛА Пристигнување во Игуменица во 08.00 часот. Поаѓање за Македонија во 08.30 часот…пристигнување во Битола во пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :  10.990,00 денари

 

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 20 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, траект на релација Игуменица – Бари – Игуменица (во цената е платено deck-седиште, доплата за кабина – 25 € по лице во правец), посета на Неапол со стручен водич, 2 НП во хотел со 3* во Соренто, посета на Алберобело, посета на Бари, организација, водство и реализација на аранжманот

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување – 180,00 ден. По лице. Цени за ФАКУЛТАТИВАТА : полудневен излет до Капри – 55 € по лице (брод на релација Соренто-Капри-Соренто, трансфер од Марина Гранде до градот и назад (препорака), локален водич за градот Капри), посета на Помпеа – 15 € по лице, крстарење со брод околу островот Капри – 15 € по лице (препорака).

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.