info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 08 Дек 2017 - 10 Дек 2017
Локација: Паралија-Метеори, Грција
Цена: 69 Eur
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

СОЛУН – ПАРАЛИЈА – МЕТЕОРИ

08.12.2017 – 10.12.2017

1 ден (08.12.2017) Петок  СОЛУН

Состанок на групата во 05:00 часот на паркингот пред Спортската Сала (Битола). Поаѓање за Солун. Пристигнување и разглед на градот: плоштадот Аристотелис, познатите улици за шопинг Виа Игнација и Тсимицки, Белата Кула, црквата Св. Димитрија. Слободно време за шопинг. Во вечерните часови патувањето продолжува кон Паралија. Сместување во хотел. Вечерта факултативно организирана вечера во грчка таверна. Ноќевање.

2 ден (09.12.2017) Сабота МЕТЕОРИ

Појадок. Целодневен факултативен излет до средновековните манастири Метеори, една од најголемите сензации во Грција. Манастирите се изградени на камени карпи на висина до 400 метри над гратчето Каламбака. Пештерите околу Метеора биле населени уште од  11 век од страна на христијаните, а во 14 век почнале да се градат манастирите. Во овој комплекс постоеле дваесет и четири манастири, а денес само шест се останати и отворени за посета и се под заштита на УНЕСКО. Во попладневните часови враќање во хотелот. Ноќевање.

3 ден (10.12.2017) Недела   ЛИТОХОРО – БИТОЛА
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови посета на живописното гратче Литохоро кое се наоѓа во подножјето на планината Олимп со можност за ручек во традиционална грчка таверна. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 69 евра / 4,260 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус

  • 2 ноќевања со појадок во хотел во Паралија

  • Организација и реализација на патувањето

  • Придружник на групата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативна посета на Метеори со влез во еден од манастирите 10 евра (мин. 30 лица)

  • Факултативна вечера во грчка таверна – 10 евра

  • Доплата за еднокреветна соба – 20 евра (за двете ноќевања)

  • трансфер од Скопје, Велес, Охрид, Струга и Кичево – 10 евра, Прилеп – 5 евра

  • патничко осигурување (задолжително)

  • други индивидуални трошоци