from 0
Резервирај

24 Мај во ПАРИЗ – авионски аранжман – (23-28 Мај’ 24)

Нема оценка
Времетраење

Вид на аранжман

Daily Tour

Големина на група

1 person

Јазик

___

Преглед

Print Friendly, PDF & Email

Париз – “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на cветот. Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен…

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 6 дена / 5 ноќевања

23.Мај (Четврток)  СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:10 часот. Полетување за Париз во 13:10ч број на лет W6 4719. Пристигнување во Париз на аеродромот “Beauvais” во 16:10 часот. Трансфер и панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња… Сместување во хотел. Ноќевање.

24.Мај (Петок)  ПАРИЗ – ЛУВР
Појадок.
Mожност за факултативна посета на најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, “Сплавот на медузата”… како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен… (одење и враќање со метро). Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, или уметничкиот кварт Монтмартр со  катедралата Сакр Кер, од каде се пружа прерасен поглед на Париз… прошетката може да продолжи низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Вечерта, прошетка до авенијата Шанзелизе, Триумфалната порта и плоштадот Конкорд… Ноќевање.

25.Мај (Сабота)  ПАРИЗ – ДИЗНИЛЕНД
Појадок.
Можност за индивидуална посета (првоз со градска железница) до најголемиот забавен парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. Европскиот Дизниленд е посветен на децата и оние кои што знаат да се радуваат како деца, со надеж дека ќе биде извор на среќа и инспирација за целиот свет. Вoлт Дизни студиото е посветено на безвременската фасцинација и приврзаност кон киното и телевизијата. Дизниленд во Париз се состои од два парка, Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици…Враќање во Париз. Ноќевање.

26.Мај (Недела)  ПАРИЗ – ВЕРСАЈ
Појадок.
Полудневен факултативен излет со јавен превоз во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви… Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата…Попладне, слободно време за индивидуални активности и прошетки или можност за посета на шопинг центарот Лафајет. Ноќевање.

27.Мај (Понеделник)  ПАРИЗ – Ајфелова Кула / Крстарење по Сена
Појадок.
Факултативна посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената прилика да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула. Факултативно вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасните звуци на француската шансона, додека се набљудува панорамата на градот од една друга перспектива. Попладне, слободно време за индивидуални активности и прошетки или можност за посета на Луксембуршките градини, Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

28.Мај (Вторник)       ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Појадок.
Напуштање на собите во хотелот, слободно време за индивидуални прошетки. Трансфер доаеродромот “Beauvais” во 11:30ч. Лет за Скопје во 16:35ч број на лет W6 4720. Пристигнување во Скопје во 19:15ч.

Цена на аранжманот во претпродажба до 31.03.2024 – 609 € (37.758,00 мкд) со вклучен панорамски разглед
Цена на аранжманот во редовна продажба: 649€ (40.238 мкд) со вклучен разглед панорамски разглед

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Париз – Скопје (со Wizz Air)
– Аеродромски такси
– Рачна торба 40*30*20cm до 10кг
– Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел Campanile Paris Est Pantin 3*, на база 5 ноќевања со појадок,
– Организиран панорамски разглед на Париз
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Туристичка такса за сместување – 5,2€ по лице од ноќ, се плаќа на рецепција.
– Посета со влезница за Ајфелова кула, влезница (19€-29€)
– Kрстарење по Сена, билет (од 20€)
– Посета на Лувр, со јавен превоз, резервација и влезница: (25€) *уплата при продажба
– Посета на Версај, со јавен превоз, резервација, водич и влезница: (60€) *уплата при продажба
– Превоз со метро
– Посета на забавниот парк Дизниленд.
– Патничко здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба (220€)

НАПОМЕНИ:
– Патниците се запознаени со новата регулатива за важност на патните документи на РСМ од 12.02.2024
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 15 патници. 
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета.
– Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или ограничат влезот.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

Агенда

Локација на аранжманот

од 0

You might also like