info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

** Магично но вистинито и незаборавно доживување на Кикладските острови: Парос, Антипарос, Наксос, Делос, Миконос***

09.09-16.09.2018 (5 НОЌЕВАЊА СО ПОЈАДОК / 7 ДЕНА)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   289 ЕУР/17.920 ДЕН
ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 31.07:   249 ЕУР/15.440 ДЕН
ЗА УПЛАТА ОД 50% АКОНТАЦИЈА ДО 31.07:  259 ЕУР/16.060 ДЕН

  • Опис на островот

Островот Парос се наоѓа во централниот дел на групата острови Киклади, на само четири часа пловење со брод од Пиреја, северно од Санторини. Ова е остров со златни плажи, со бројни плантажи на лозови насади и маслинови дрва. Површината на островот е околу 186,5 км2 и должина на обалата околу 120 км2. Островот Парос низ историјата бил познат по каменоломи на мермер од кои се направени многубројни храмови.

Како што велат и самите мештани на овој остров, спој од најубавото на Миконос и Санторини можете да го доживеете само на Парос. Рестораните и таверните на Парос се едни од најдобрите во Грција, како и златните песочни плажи и ноќниот живот на истиот. Едноставно со посетата на Парос добивате два острови по цена на еден, од причини што островот Антипарос е на 10 минути одалечен со брод каде ќе имаме можност за индивидуална посета на истиот.

Главен град е Парикиа кој е изграден на остатоци од антички храм. Со бели мали куќички, тесни поплочени улици. Ова мало, мирно гратче во текот на летото е многу посетуван од туристи од целиот Свет. Исто така многу значајни места како цркви, музеи, и замоци се: црквата Catapoliani која е наречена црква со 100 врати, изградена во традиционален Византиски стил, археолошки музеи, Венецијански замок, Аsklepion, Dilio, долината на пеперутките, манастирот Logovardа, и посета на христијански древен манастир.

За љубители на грчката традиционална кујна, виното, забава и градби од единствен стил, препуштете се на уживање и придружете ни се нас во посета на овој остров.

ПРОГРАМА

1. Ден : 09.09.2018 Недела, Скопје – Парос

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Ин во 16:00ч. Поаѓање на автобусот во 16:30ч, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) према Атина/Пиреа.

2. Ден : 10.09.18 Понеделник,

Пристигнување на пристаниште Пиреја во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод. Поаѓање од пристаниште е во 07:25ч, и пловење за Парос.
Пристигнување на Парос во околу 12:00 часот на пладне. Трансфер од пристаниште до хотелот Silver Rocks кој се наоѓа во местото Неа Кристи Акти, во во близина на плажата New Golden Beach, на само стотина метри од плажа, каде што ќе бидеме сместени. Време за одмор, и слободни активности. Во вечерните часови во договор со групата и нашиот водич посета/вечера во некоја од локалните таверни. Ноќевање.

3 Ден : 11.09.18 Вторник,

Појадок. По појадокот, околу 10 часот се упатуваме на целодневна факултативна екскурзија и разглед на островот, запознавање со сите знаменитости, посета на сите цркви и замоци, посета на Парикиа која е главна општина на Парос и ќе биде наша прва дестинација, запознавање на археолошките музеи на Парос. Посета на пост византиската црква Catapoliani (црква со 100 врати), можност за прошетка по тесните улици на Парикиа, се до замокот Frankish и терасата на античкиот храм на божицата на мудроста Атина, каде што ќе имаме можност да направиме преубави фотографии. Истиот ден ќе имаме можност да се упатиме и да го посетиме заливот т.н. Науса, кое е мало рибарско пристаниште со традиционални рибарски бродови наречени каики кои создаваат уникатна глетка. Науса имало големо значење во историјата на овој остров, каде во 1770та година било главно пристаниште и седиште на руската флота, во текот на овој период Науса била трговски центар токму заради нејзиното значење и местоположба на заливот. Денеска ова гратче има околу 1200 жители и во текот на изминатите неколку години се изградени многу нови куќи, но сепак овој град го задржал својот изглед и шарм како што бил и предходно. Во овој град ќе имаме можност да посетиме многу остатоци од замоци кои датираат од 15тиот век, Византиски музеи во кои се наоѓаат бројни икони од 12тиот и 13тиот век, како и бројни археолошки наоѓалишта. На влезот во градот се наоѓа црквата Св.Атанасиј од 17тиот век.  Ќе имаме можност да ги посетиме најавтентичните села на Парос, а тоа се Марписа и Лефкес и можност и време за индивидуален ручек каде би можеле да ги вкусиме специјалитетите кои ги нудат на рибарското пристаниште Писо Ливади.  По посетата на Лефкес ќе имаме можност да го посетиме гратчето Дриос, кое што се наоѓа најјужно на островот, во кој што има остатоци од Византискиот период. Во вечерните часови, по завршувањето на целодневната екскурзија, враќање во хотел. Ноќевање.

4 Ден : 12.09.18 Среда,

Појадок. По појадокот околу 09 часот поаѓање на факултативна екскурзија, крстарење со традиционален луксузен брод каики, капење и скара на плажа. Во 09:30 заминување од Писо Ливади и се упатуваме со брод према заливот Агиос Костис кој се наоѓа на југ од островот Наксос. Тоа е живописен залив каде ќе имаме можност за разглед и капење во кристастално чистото море. Продолжуваме кон југ во пештерите на местото Катокоуфониси. Посета на уникатните пештери на Гларониси, кое е мало островче помеѓу Като и ПаноКоуфониси, овде се задржуваме и имаме можност за слободни водени дозивувања. Потоа се упатуваме на јужниот дел на КатоКоуфониси каде ќе имаме слободно време уживање, пливање и ручек (вклучува:месо на скара-суфлаки 350гр, грчка салата, цазики, росики салата, овошје и пијалоци-вода, вино, узо, пиво, кока кола). По капењето и ручекот се упатуваме према пристаништето на Коуфониси за да го видиме истото село одблизу, каде ќе ни биде и последна станица за сончање и водени доживувања во прекрасната пештера Рина која што се наоѓа на крајбрежјето на островот Наксос. Со ова завршува оваа факултативна екскурзија каде што имаме можност да го видиме јужното крајбрежје на островот Наксос.Околу 16:30 пловење за Парос-Писо Ливади, околу 18:30 пристигнување на Парос и трансфер до хотел. Време за слободни активности. Ноќевање.

5.Ден : 13.09. Четврток,

Појадок. По појадокот со автобус  се упатуваме према пристаништето на Парос од каде со брод  ќе испловиме према островот Делос и Миконос. Со ова факултативно патување ќе имаме можност да го разгледаме живописниот Делос и да го посетиме монденскиот Миконос, каде ќе имаме 3 до 4 часа на располагање за разглед на истиот, како и правење преубави фотографии во Малата Италија, петте ветерници и црквата Парапотриани,време за слободни активности и посета на некој од монденските кафетерии и традиционални таверни. Во попладневните часови враќање према Парос, Трансфер до хотел, слободна вечер. Ноќевање.

6.Ден 14.09. Петок,

Појадок.  Ден за слободни активности, плажа.(Препорака,во договор со групата можна факултативна екскурзија до островот Антипарос каде ке имаме можност да ги доживееме убавините и на овој остров и преубавите песочни златни плажи,со попатно застанување на крајбрежјето на селото Агиос Георгиос каде ке имаме  организиран ручек на плажата PANAGIA DESPOTIKO, потоа  посета на вулканската морска пештера која крие многу тајни за овој регион Епитаф која се наога во Мастихари.Оваа екскурзија трае се до 17 часот.) Ноќевање.

7.Ден 15.09. Сабота,

Појадок. Време за слободни активности, плажа се до 12:00 часот по локално време кога ќе ги напуштиме собите. Слободно попладне се до 17:00 часот. Околу 17:30 се упатуваме према пристаниште и околу 19:20 чекирање за брод и пловење кон Пиреја. Пристигнување во Атина (Пиреа) во 23.00 часот. Продолжување на патувањето кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови на 16.09. Недела

 

  • ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

-5 ноќевања со појадок во хотел http://www.silverrockshotel.gr/gallery/ .

– Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје-Атина (Пиреа)-Скопје.

– Бродски билет  на релација Атина (Пиреа) – Парос- Атина (Пиреа) – економска  класа BLUE STAR.

– трансфер пристаниште – хотел – пристаниште .

-пратител и претставник на островот за целиот Ваш престој.

– организација на аранжманот.

  • ВО ЦЕНАТА НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ:

– Факултативни излети и влезници во локалитетите по програма

– Задолжително патничко и здравствено  осигурување.

  • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ ПО ПРОГРАМА:

– Опишани во 3ти ден – цена 37 еур

– Крстарење со традиционален брод каики со капење на јужното крајбрежје на островот Наксос и – ручек на плажа, опишана во 4ти ден- цена 70 еур

– Посета на островите Делос и Миконос опишани во 5ти ден – цена 60 еур

*ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА СИТЕ ГОРЕ НАВЕДЕНИ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ БРОЈ ОД 25 ПАТНИКА.

  • УСЛОВИ / НАПОМЕНА:

-за сместување во 1/1 соба се доплаќа 6990,00 денари

– деца од 0год – 1.99 год. бесплатно со двајца возрасни и не користи кревет.

– деца од 2год – 5.99 год. плаќаат 99 еур/6138 ден(само превоз+бродски билет) и не користи кревет.

– деца од 6 год – 11,99 год плаќаат 10.990,00 ден

– За реализација на оваа програма потребен е минимум од 40 патника.

Цени за користење само превоз и бродски билет Скопје-Парос-Скопје:

-Превоз со високотуристички автобус 80€/4960 ден.

-бродски билет Пиреја – Парос – Пиреја 80€/4960 ден.

Информација за патници со сопствен превоз:

-Бродски превоз  за автомобил 100€/6200 ден по правец

-Бродски превоз  по лице 40€/2480 ден по правец (економска класа класа)

Доплата за :

– Авионски  седишта 25 €/1550 ден по правец.

– бизнис класа 35 €/2170 ден. по правец.

– кабина за спиење 89/5520 ден. € по правец

Напомени:

-Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки, за важечка резервација се смета само со авансна уплата на 50% од целосната сума на аранжманот и фотокопија од пасош.

-Целосна доплата на аранжманот за оваа дестинација се врши 15 дена пред тргнување.

-При резервација и уплата на аконтација задолжително пријавување кои од понудените факултативи ке ги користи патникот и уплата за истите од 50% .

– Ве молиме минмум 24часа (еден ден) пред тргнување од Скопје да се информирате за потврда на Вашата резервација, како и за времето и местото на поаѓање.

-Агенцијата го задржува правото за промена на денот и часот за бродското пловење доколку има промени од страна на бродската компанија, воедно го задржува правото за промена на редоследот и часот на факултативните излети, и отказ на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред поаѓање.

-Агенцијата не одговара за валидноста на патните исправи (минимум важност 3 месеци од денот на влегување во државата).