info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

Тоскана & Чинкве Тере

 

 

 

Уметност, историја, култура, гастрономија, вино, мода, сликовити пејсажи на магичната Тоскана и во нејзиното срце Фиренца, градот на Микеланџело, Леонардо Да Винчи, Донатело, Макијавели, Бокачо, Данте, Галилео Галилеј, Катерина Ди Медичи, Гучи и Кавали, колевката на „препородот“ после средновековниот мрак.

1 ДЕН (26.04.’18 – четврток) БИТОЛА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 09.00 часот. Поаѓање за Италија во 09.30 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Загреб, Венеција, Падова…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (27.04.’18 – петок) МОНТЕКАТИНИ – ПИЗА Пристигнување во познатото туристичко место во пладневните часови, сместување во хотел. Слободно време за индивидуален разглед на градот или факултативна посета на Пиза, еден од главните градови – претставници на ренесансата и главен соперник на Џенова за превласт во Лигурското море…посета на Piazza Dei Miracoli (плоштадот на „чудата“) – местото каде се наоѓаат трите обележја на градот…катедралата Duomo, крстилницата San Giovanni, Кривата кула, катедралата Santa Maria Delle Spinaвраќање во Монтекатини во вечерните часови. Ноќевање.

3 ден (28.04.18 – сабота) МОНТЕКАТИНИ – ЛА СПЕЦИА – ЧИНКВЕ ТЕРЕ (Cinque Terre)

Појадок. По појадокот – заминување (08:00) на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разглед на  регионот со локален водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен  туристички центар. Враќање во La Spezia. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.

4 ДЕН (29.04.’18 – недела) САН ЏИМИЊАНО – СИЕНА Појадок. По појадокот – факултативен целодневен излет – “запознавање“ на Тоскана…авантурата ја започнуваме со прошетка до Сиена, родното место на Св.Катарина. Разглед на градот : црквата San Domenico, Casa di Santa Caterina, Piazza del Campo (плоштад во форма на школка, каде се одржува познатата трка со коњи – Palio), Duomo e Battisterioпатот го продолжуваме натаму до живописното Сан Џимињано, познато по своите 14 средновековни кули кои сочинуваат една уникатна амбиентална целина…прошетка низ старото градско јадро и тесните улички на тоа прекрасно градче, сместено во покраината Chianti, позната по истоименото вино. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

5 ДЕН (30.04.’18 – понеделник) ФИРЕНЦА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за лулката на ренесансата, еден од најбајковитите градови во Италија и воопшто во светот…разглед на градот…црквата Св.Крст – местото каде се погребани Микеланџело, Макијавели и Галилео, катедралата Santa Maria Del Fiore од XV век – крстилницата, еден од најстарите споменици во Фиренца од 1128. Година – Via Del Calzaiuoli – црквата San Lorenzo, некогашна катедрала, а денес последно почивалиште на познатата фамилија Медичи – Piazza Dela Signoria, главниот градски плоштад Palazzo Vechio, палатата во која се наоѓа копијата на Микеланџело – Давид – Loggia Dei Lanzi, познатата аркада на Пјаца Дела Сињориа која се граничи со галеријата Uffizi и Ponte Vechio, средновековниот мост преку реката Арно долж кој се наоѓаат голем број на златарници, сувенирници и сл. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Поаѓање за Македонија во 17.00 часот, со попатна посета на шопинг центар…ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

6 ДЕН (01.05.’18 – вторник) БИТОЛА Пристигнување во Битола во пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 12.340,00 денари

11.390,00 денари (за уплата до 05.03.2018 !!!)

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 20 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски лиценциран превоз на горенаведената релација, 3 НП во хотел со 3* во Монтекатини Терме, разглед на Фиренца со стручен водич, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Посетата на Пиза – 10€ по лице, Факултативниот излет за Сиена и Сан Џимињано – 40€ по лице (превоз + локален водич, потребен е минимум од 25 лица за да се оствари оваа факултатива), целодневниот излет на Cinque Terre – 45€ (трансфер, CinqueTerre card – воз до 5-те места, користење на wi-fi, трансфер од железничка до центар на Корнилија итн.), влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување – БЕЗ ФРАНШИЗА – 250,00 ден. по лице, обавезната комунална такса која изнесува 1,4 € по лице на ден (се плаќа на лице место, т.е. на рецепција во хотелот).

НАПОМЕНА : Поради сообраќајните прописи што владеат во Монтекатини, можно е да автобусот не биде во можност да дојде до самиот хотел и Ве молиме тоа да го имате во предвид. Се молат патниците да водат сметка за своите патни исправи, парите и др. работи во текот на аранжманот. Организаторот на патувањето не е овластен и не може да ја цени валидноста на патните и други исправи на патниците. Застанувањата поради попатни одмори се предвидени на секои 3 – 4 саати возење, а истите ќе траат во зависност од капацитетот на рест-ареите и условите на патот.

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.