info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

VENEZIA-FIRENZE-VERONA

 

 

 

1 ДЕН (23.05.’18 – среда) : БИТОЛА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 10.00 часот. Поаѓање за Италија во 10.30 часот. Патот води преку г.п Табановце, Ниш, Белград, Загреб…денско и ноќно патување – со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (24.05.’18 – четврток) : ПУНТА САБИОНИ – ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО Ди ЈЕСОЛО Пристигнување во Пунта Сабиони во утрински часови – трансфер до траектот и превоз со брод до Венеција. Разглед на градот со стручен водич…Дуждевата Палата, мостот Риалто, плоштадот со црквата Сан Марко, мостот на воздишките, каналот Гранде…враќање со брод до Пунта Сабиони и сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време за одмор или индивидуален разглед на едно од најголемите Италијански летувалишта…Ноќевање.

3 ДЕН (25.05.’18 – петок) : ФИРЕНЦА Појадок. По појадокот – слободен ден или факултативен целодневен излет за лулката на ренесансата и еден од најбајковитите градови во Италија и светот…разглед на градот – плоштадот Сињори, куќата на фамилијата Медичи, Академијата со надалеку познатата скулптура на Микеланџело – Давид, Палатата Векио, крстилницата Сан Џовани, прекрасната катедрала Дуомо, мостот Понте Векио, галеријата Уфици…планирано враќање во Лидо Ди Јесоло во вечерните часови. Ноќевање.

4 ДЕН (26.05.’18 – сабота) : ВЕРОНА – СИРМИОНЕ (ЛАГО Ди ГАРДА) Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање за Лаго Ди Гарда… Разглед на живописниот град Sirmione кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото. Градот го карактеризира старата тврдина од XIII век Scaligera, како и тесните улици, новиот дел на градот е права оаза од преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. Околу пладне – поаѓање за Верона…разглед на градот…плоштадите Бра и Ербе, Арената, Стариот град, куќата на Јулија…Планирано поаѓање за Македонија околу 17.00 часот, со попатна посета на ТЦ ПАЛМАНОВА или некој друг трговски центар…Ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

5 ДЕН (27.05.’18 – недела) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 8.000,00 ден. (129 €)

8.620,00 ден. (139 € за уплата до 05.05.2018)!

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, посета на Верона, 2 Н/П во хотел со 3* во Лидо Ди Јесоло, разглед на Венеција со стручен водич, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување. ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА : Повратен билет за бродот кој води за Венеција (Punta Sabioni) – 20 € по лице, факултативна посета и разглед на Фиренца – 45 € по лице (превоз + стручен водич…потребен е минимум од 30 лица).