info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Пат околу светот: Интересни факти за Европа кои не сте ги знаеле

Print Friendly, PDF & Email

Европјеците сметаат дека ова е одлично место за живеење, но, сепак, постојат толку многу работи за Европа кои не ги знаете. На пример, дали сте знаеле дека кроасанот е измислен во Австрија, дека британскиот музеј изложува само 1 % од целокупната колекција која ја поседува или дека се потребни само 35 минути за да се отпатува од Шпанија до Африка со траект?

pat-okolu-svetot-interesni-fakti-za-evropa-koi-ne-ste-gi-znaele-01

Лондон

Денешен Лондон секому овозможува некој вид забава. За оние кои се заинтересирани за историското и културното наследство на градот, Tower of London е одлично место да се започне истражувањето. Конструиран е во 11 век, а во текот на својата историја неколку пати бил обновуван. Сè уште една од најголемите атракции е менувањето на војникот во Бакингемската палата кое се случува секојдневно.

pat-okolu-svetot-interesni-fakti-za-evropa-koi-ne-ste-gi-znaele-1


Пиза

Прочуениот италијански споменик, Кривата кула во Пиза, исправена е за 2,5 сантиметри после 40 милиони долари вреден проект за стабилизација од 2001 година.

Порано 56 метри високата кула се накривувала за повеќе од милиметар годишно и сè повеќе се ближеше опасноста од рушење. Во 1993 година нејзиното накривување изнесувало 5,4 метри во однос на 3,8 метри во 1817 година и 1,4 метри во 1350 година.

Кривата кула во Пиза се градела скоро 200 години.

pat-okolu-svetot-interesni-fakti-za-evropa-koi-ne-ste-gi-znaele-2


Берлин

Културната престолнина на Европа, град кој низ своето постоење бил скоро до темел срушен, но благодарение на трудот на своите жители повторно е подигнат во рекорден рок .

Кога дошло до рушење на Берлинскиот ѕид, Источниот и Западниот дел се соединиле. Западен Берлин останал урбана градска престолнина, додека Источен Берлин станал собиралиште на слободните уметници кои постепено се вовлекле во старите згради и незабележувајќи ги другите си го живееле животот на сопствен начин.

Само во Берлин има над 60 божиќни саеми и повеќе продавници за ќебапи, отколку во Истанбул.

pat-okolu-svetot-interesni-fakti-za-evropa-koi-ne-ste-gi-znaele-3


Монт  Блан

Врвот Монт Блан е купола од вечен снег и мраз чија дебелина варира од 10 до 25 метри, поради што не може да се одреди точна и постојана висина на планината. Највисокиот европски тоалет е сместен на врвот Монт Блан на 4.260 метри надморска висина.

pat-okolu-svetot-interesni-fakti-za-evropa-koi-ne-ste-gi-znaele-4


Барселона

Антонио Гауди се смета за еден од оние архитекти кој оставил неизбришлив печат во градежништвото на Барселона. Неговата Sagrada Familia, католичката црква, почнала да се гради во 1882 година. Долго време по смртта на архитектот не е завршена. Се проценува дека доградбата ќе трае уште најмалку 15 години. Нејзиното градење трае подолго, отколку градењето на пирамидите.

pat-okolu-svetot-interesni-fakti-za-evropa-koi-ne-ste-gi-znaele-5


Брисел

Во Брисел секаде може да се стигне пешки, ако се зборува за потесниот и поширокиот дел на центарот. Ориентирањето е едноставно, ако имате мапа во џебот. На сите страни на улиците ќе видите луѓе со мапи во рацете кои љубопитно гледаат наоколу и не се срамат да застанат некого и да прашаат кога нешто не им е јасно.

pat-okolu-svetot-interesni-fakti-za-evropa-koi-ne-ste-gi-znaele-6


Австрија

Најстариот ресторан во светот кој сè уште работи е „St. Peter Siftskeller“ и се наоѓа во Австрија. Основан е во 803 година и воедно претставува најстара компанија во Европа. Дури и првиот кроасан е направен во Австрија.

pat-okolu-svetot-interesni-fakti-za-evropa-koi-ne-ste-gi-znaele-7

About the Author