info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Патувајте евтино и исполнете го вашиот сон

Print Friendly

Патувајте евтино и исполнете го вашиот сон

Нашите баби се познати по тоа што постојано ни делеле различни совети. Без разлика на тоа какви се нашите баби, секоја баба има универзални совети:

Не зборувај со странци.
Никогаш немој да влезеш во автомобил со странец.
Никогаш немој да земеш што било од странец на улица.
Пази како го поминуваш патот.

Ви звучат познато, нели?

Иако овие совети ни ги делеле уште од мали нозе, некои се уште живеат во овој филм. Но, ако размислите подобро, какво е тоа патување ако ги слушате овие совети? Што ќе биде кога ќе се загубите па ви притреба помош?

Заборавете на советите од вашите баби и вивнете се кон патувањето од вашиот сон. Нема врска што немате пари да пристигнете до посакуваната дестинација. Нема да бидете ни првите ни последните кои патуваат низ светот без пари. Токму овој стил на патување ќе ви овозможи огромно искуство и ситуации кои не сте ги ни замислувале. Текстот кој ќе ви го прикажеме во неколку продолженија е напишан од вистински авантуристи кои патувале со многу малку пари.

За почеток да го разјасниме магичниот круг за работа, време и пари. За да живееме ни требаат пари. А за да имаме пари, треба да работиме. А за да имаме постојана работа, треба да живееме на едно место и да ги трошиме парите само во местото каде што живееме. Ретко ни остануваат доволно пари за чести патувања, а ограничени сме временски, па за едно патување ни требаат големи припреми, држење до некој план и доволен буџет.

Време е да излезете од тој магичен круг. Престанете да работите за пари. Не сме врзани за едно место. Замислете дека одеднаш имаме огромна слобода и целото време на светот. Ако сега ја прифатите идејата како е можно да се патува без пари – ништо не може да ве спречи да го исполнете вашиот сон!

Превоз

Постојат многу алтернативи кои можете да ги искористите за превоз.

Автостоп



Ова е првиот случај за влегување во автомобил со странци. Судејќи според колективните искуства на патниците кои поминале стотици километри со автостоп, овој вид на патување е сосема безбеден и покрај бројните предрасуди.

Стопирање преку вода или воздух

Освен стопирањето на автомобили можете да стопирате и бродови па дури и да начекате бесплатен превоз, како член на екипажот.

Find-a-Crew – овде можете да направите профил и да најдете луѓе кои бараат екипаж.
FloatPlan – слично, само бесплатно.
CrewSeekers – уште една слична страна.

Постојат дури и луѓе кои „стопирале“ авиони, во главно приватни, но дури и комерцијални. За тоа не постојат некои совети, само морате да имате огромна среќа и да бидете упорни да ви се најде вистинската личност во вистинското време и да му ја објасните својата ситуација. Некои дури прашуваат и по аеродромите дали може да им купат карта. Целат кон луѓе во скапи одела и скапа облека. Звучи невозможно, но понекогаш функционира, барем така велат тие што успеале да добијат карта на овој начин.

Велосипед или пеш



Ако ви здосади да зависите од други превозни средства, можете да пробате да направите долги тури со велосипед, а ако тоа ви е пребрзо, можете да пешачете. Ако сте со велосипед, луѓето ќе бидат уште поподготвени да ви помогнат.

Евтини летови, возови и carpooling

Во денешно време, се нудат многу евтини летови. SkyScanner е многу добар пребарувач бидејќи можете да ја напишете земјата од која до која сакате да патувате и тоа за цела година. Можете да наидете на летови од Шпанија до Мексико за 100€ или од Германија до Бразил за 280€. До Австралија можете да стигнете за 400$, ако прво одете до Норвешка за Тајланд (250$) па потоа од Тајланд до Австралија (150$). Исто така, добар пребарувач е и Google flight explore, кој се уште ги поддржува сите земји и летови. За летови во Европа добар пребарувач ви е AzAir, бидејќи дава можност за пребарување на околните аеродроми – на пример можете да пребарувате летови за Лондон не само од Скопје, туку и од Белград, Будимпешта и други околни градови. За оние кои немаат јасна дестинација, ви го предлагаме Drungli – само напишете го градот и датумот кога би сакале да патувате, а пребарувачот ќе ви прикаже од каде ви се најевтините летови.

BlaBlaCar е една од страните за carpooling, место на кое луѓе се нудат да ве повезат до одредени дестинации за многу помалку пари отколку што чини една автобуска или возна карта. Потребно е само да направите профил и да го договорите превозот.

Во следното продолжение нешто повеќе за евтини начини за преноќување.

About the Author