info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Почнува сезоната на карневалите

Print Friendly, PDF & Email

Пред неколку денови заврши Вевчанскиот карневал, кој го обележува почетокот на карневалите во нашата земја. За разлика од кај нас, фестивалската треска низ Европа и светот ќе започне за неколку дена, а најпознатиот карневал во светот во Рио де Жанеиро се одржува на 5 февруари. Прв карневал кој ќе ја отвори оваа сезона, е карневалот во Венеција.

Венеција до 9 февруари ќе биде градот на главните збиднувања, каде што туристите ќе се забавуваат со разни претстави, екстравагантни забави, топло чоколадо, вечера со Казанова, крстарење под месечината и без број други настани.

 

Исто така, интересен е и фестивалот во Шпанија, кој започнуваа на 23 јануари и трае се до 10 февруари. Речиси 3500 учесници ќе се маваат со 400.000кг портокали облечени во разни маски.

Карневалот во Рио, почнува на 5 февруари, кој ќе го следат милијарди гледачи ширум светот.

Доколку сакате да присуствувате на највкусниот фестивал, тогаш можете да ја посетите Москва на 7-ми  март, каде што ќе се одржи фестивалот на палачинките. Таму ќе може да пробате разни видови на палачинки, благи и солени во многу различни форми.

 

About the Author