info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Поминете ја зимата таму каде што сега е лето

Print Friendly, PDF & Email

Доколку не сте љубител на температури под нулата, не скијате и врелиот песок ви е помил отколку мразот и снегот, побегнете во топлите краишта.

1. Куала Лумпур

Во Малезија не знаат што е зима; инаку кај нив најниските температури се околу 15 степени, а во ова време од годината, ќе ве грејат околу 30.

Ова место чие име значи ”каллив басен”, од неколку неугледни куќички на притоката на две реки, прерасна во велеград што се гордее со четвртата највисока кула на свет, или пак облакодерите- близначки кои до 2008 година беа највисоки згради на свет.

Живописната четврт Јалан Алор нуди најдобра улична храна. Високите температури во ова време на годината се идеални за уживање во водените авантури на тематскиот парк Санвеј Лагун, или за истражување на варовните пештери Бату – стари четрсто години кои се наоѓаат недалеку од градот и во чиј склоп се наоѓа стогодишниот будистички храм.

2. Австралија

Австралија со својата сегашна температура која достига 35 степени, сигурно нема да ве разочара, како ни убавината на кенгурите, сурферите, изворна природа и лесното живеење.

3. Нов Зеланд

Земјата што послужи како совршен сет за екранизација на Толкиновите популарни романи „Господар на прстените” и „Хобит”, воодушеви многу луѓе со својата неверојатна природа и стана туристичка атракција.

Знаковниот јазик е еден од трите службени јазици на Нов Зеланд.

Заедно со Данска, Нов Зеланд е најмалку корумпирана земја на светот каде исто така започна забавната, но во исто време застрашувачка активност – скок банџи. Хобитон, односно зелениот Велингтон – најстрма литица на светот, како и вулканот на средина на Окланд, се само некои од занимливостите на Нов Зеланд.

About the Author