info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Работа во Канада-што значи тоа?

Print Friendly

 

ВНИМАВАЈТЕ! Работата во Канада за која пишуваат порталите толку често, подразбира иселеничка виза која е за наши стандарди скапа, и НЕ се добива за кратко време. Канада е земја неколку пати поголема од Европа, а има 30-тина милиони жители. До 2030 година имаат намера да достигнат до 40 милиони. Значи навистина земјата има намера да даде државјанство на милиони луѓе од целиот свет.
МЕЃУТОА, постои ригорозна селекција која подразбира дека и покрај сите трошоци, има огромни шанси да бидете одбиени, а парите да НЕ ви бидат вратени. Досега имаат аплицирано над 22 милиони кинези и приближно толку индијци. Кога не би постоела ригорозна селекција, канадската имигрантска квота одамна би била исполнета. Бирократските процедури на Канада мора да бидат платени, без разлика дали ќе добиете позитивен или негативен одговор.
Постојат овластени имиграциони консултанти кои целата работа ја бркаат за вас, и наплатуваат од 6.000 до 10.000 американски долари. Во тие трошоци НЕ е вклучена авионската карта, ниту трошоците за првиот месец од вашиот предстој. Точно, инвестираната сума се враќа брзо доколку ја добиете фамозната I-M1 виза. Со таквата виза, кога ке стапнете на канадска територија, имате право на неограничен предстој и сите граѓански права и обврски како и останатите канадски граѓани, освен пасош и право на глас кои ги добивате по три години.
За да може целата процедура да започне, потребно е да полагате IELTS тест по англиски јазик на кој треба да постигнете задоволителен резултат. Одкако тоа ќе го направите, треба да покажете потврда за неосудуваност и податоци за брачниот статус. Предност имаат брачните парови со деца, и тоа особено оние со универзитетска диплома и минимум 5 години евидентиран работен стаж. Потоа се бара работен профил адекватен на вашите квалификации на канадскиот пазар на труд.
Одкако ќе бидат задоволени ваквите критериуми, дури тогаш можете да аплицирате и да се надевате на успех. Во спротивно, заборавете на целата идеа. Ја уплатувате целата сума однапред на имиграциониот консултант, кој можно е да ви наплати плус 300 до 500 долари само за еден час консултации преку СКАЈП. Во тој разговор ги добивате одприлика овие информации кои ги пишувам во овој текст.
Консултантот е вашиот линк со канадското биро за имиграција, кое пак е поделено по различни држави. Секоја сојузна држава во Канада има посебна имиграциона политика, посебни трошоци и бенефиции, посебен пазар на труд, итн. Најатрактивни и најбогати држави се Онтарио и Брит.Колумбија, додека најмногу шанси за успех имате во Алберта, Манитоба и Јукон. Сите тие имаат и посебни сајтови со многу информации околу имиграционата политика, од кои само дел би биле интересни за вас.
Консултантот е тој кој треба да ви ја понуди најдобрата и највозможна варијанта на аплицирање која би добила позитивен одговор.
Доколку се одлучите, јас би ви го препорачал Milorad Borota кој живее во Ванкувер и работи како овластен канадски имиграционен консултант. Човекот е од овие простори и лесно можете да се разберете, а и не е многу скап. Доколку се одлучите за друг консултант, побарајте го неговиот регистрациски број под кој е регистриран во канадското имиграционо биро. Истиот број понатаму можете да го проверите на сајтот на канадското министерство за имиграција. Доколку консултантот нема таков број, има шанси да бидете измамени.
Треба судски превод на сите ваши документи, дипломи, признанија и уверение за неосудуваност, заверени на нотар. Истите ги испраќате преку брза пошта на консултантот одкако ќе ја извршите уплатата. Целата процедура трае од 6 до 18 месеци. Доколку бидете одбиени имате право да аплицирате уште еднаш, со тоа што ќе треба да доплатите од 30 до 60% од претходно уплатената сума (зависи како ќе се договорите со консултантот).
Канада секоја година прима меѓу 150 и 190.000 имигранти, од кои скоро половина се во Манитоба и Алберта. За нашите луѓе далдисани по социјализам, посебно се интересни социјалните бенефиции, кои во Канада се огромни. Детскиот додаток во секоја држава е различен, и обично добивате од 400 до 700 долари месечно за секое дете. Статусот кој го добивате подразбира бесплатно здравство на цела територија на Канада, како и бесплатно школување за децата. Квебек е особено дарежлив на социјален план, каде добивате и додаток доколку издржувате старо лице во вашиот дом. Но, за во Квебек ќе треба да знаете и француски јазик за што се полагаат и посебни тестови.
Внимателно разберете се со вашиот консултант дали договорената услуга вклучува и барање работа. Постои опција консултантот за Вас да побара работа, но сето тоа може дополнително да ја пролонгира и искомплицира целата процедура. Опцијата за барање работа незначи дека работа ќе добиете пред да дојдете. Доколку ја побарате таквата опција, а консултантот не успее да ви најде работа, ќе добиете известување дека нема потреба од вашиот профил на пазарот на трудот. Таквото известување влегува во вашето досие, и поради тоа можете да бидете одбиени. Значи барањето работа од овде е меч со две острици и подразбира дополнителен ризик, а не сигурност.
Бидете внимателни, и многу среќа за оние кои ќе се обидат!

Пишува Виктор Трифуновски/ Превземено од http://www.jadiburek.com

About the Author