info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly

Рекорден пораст на бројот патници на Аеродромите на ТАВ Македонија

Рекорден пораст на бројот патници на Аеродромите на ТАВ Македонија

Со опслужени 88.922 патници минатиот месец и зголемување од 37,6% во споредба со октомври лани, скопскиот аеродром го обележа најголемиот месечен пораст изминативе неколку години. Како што соопшти ТАВ, бројот на воздухопловни операции се зголеми за 15,1%, со вкупно 983 полетувања и слетувања. Нивото од 245.63 тони превезени карго-пратки е повисоко за 4,9% во споредба со октомври минатата година.
Истанбул останува најчестата дестинација за периодот јануари-октомври по што следуваат Виена, Цирих, Лондон, Љубљана и Малме, додека Ербас А320 е најчестиот тип авион со удел од 32% во целокупните воздухопловни операции на патничките летови.

Новиот ред на летање, што важи од 27 октомври, вклучува 91 неделна фреквенција во ноември и очекувани 101 неделна фреквенција во врвот на сезоната, меѓу 15 декември и 15 јануари. Најголемиот дел од авиокомпаниите ги задржаа зимските редови на летање од претходната сезона (Austrian Airlines, Adria Airways, Croatia Airlines, Belle Air Europe, Fly Dubai, Helvetic Airways, JAT Airways, Pegasus Airlines). Позитивен исклучок е Wizz Air, која сега има седум дополнителни неделни фреквенции, продолжувајќи ја летната сезона, исто како Turkish Airlines, што има уште четири неделни летови. Edelweiss, пак, има плус еден неделен лет како надоврзување на летниот распоред. Од 20 декември, Germania Flug ќе воведе летови до Берлин еднаш неделно.

Збирните податоци за периодот јануари-октомври со вкупен број од 10.702 извршени воздухопловни операции се карактеризира со зголемување од 11,1% во споредба со истиот период минатата година. Просечната максимална тежина на полетување на воздухопловите за овој период имаше зголемување од 16,5%. Бројот од вкупно 854.390 превезени патници во периодот јануари-октомври имаше зголемување од 21,7%. Целокупниот обем на карго, со 2191.38 тони превезени пратки, имаше пораст од 9,1% во споредба со истиот период лани. Со 68.899 патници кои го користеле Охридскиот аеродром во октомври, аеродромите во Република Македонија со нетрпение го очекуваат милионитиот патник далеку пред крајот на 2013 година.

Во поглед на уделот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, авиокомпанијата Wizz Air превезе најголем број патници во периодот од јануари до октомври, па следуваат Airlines, Austrian Airlines, Pegasus Airlines и Adria Airways, сите со зголемен број патници во споредба со лани.