Print Friendly, PDF & Email
  • Дали сте сигурни дека ги знаете сите Велигденски обичаи?
  • Дали сакате да го прославите најголемиот Христијански празник на поразличен начин од вообичаеното?

Во прилог ви даваме одличен предлог како и каде да го доживеете тоа!

(1) sakate-na-krf-za-veligden-kafepauza.mk

 

Градот Крф на островот Крф во Грција, изобилува со богата традиција за прославувањето на Велигденскиот празник. На ова место се одржуваат церемонии кои нам ни се помалку познати, но се втемелени во корените на овој остров веќе години наназад. Тие се душата на овој антички град и причината поради кој самиот остров е често посетуван токму за овој празник.

Традициите кои го обележуваат островот започнуваат со вадењето на епитафите проследено со филхармониски оркестар и хорско пеење, оплакувањето на Христос, кршење на ќуповите како една од најстарите традиции со симболично значење за овој остров, изнесувањето на моштите на Св. Спиридон и како за крај неверојатното вечерно небо осветлено со фасцинантните огномети кои ќе го означат крајот на оваа магија. Разбудете ги сетилата и впијте ја празничната магија која се шири на овој остров.
  • Што претставува кршењето на ќуповите?

Знак на почнувањето на празникот и истерувањето на злото.