info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Што покрива патничкото осигурување кога патувате во странство?

Print Friendly

Што покрива патничкото осигурување кога патувате во странство?

Со склучување договор за патничко осигурување, договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот се заштитува од ризик кој може да настане на патување надвор од постојаното место на живеење на договорувачот/ осигуреникот. Осигуретелната компанија каде патникот ќе купи патничко осигурување им ги обезбедува следните услуги и покритиа при патување и престој во странство во зависност од типот на осигурителната полиса :  Здравствена помош и осигурување ( Итен медицински третман, лекови, итен медицински превоз и хоспитализација, стоматолошки третман и сл.)  Осигурување од Незгода (смрт од незгода, целосен траен инвалидитет (100%), делумен траен инвалидитет и сл.)  Осигурување на багаж и замена на патните документи (кражба, уништување на багаж,кражба на багаж од моторно возило, загуба на патни документи и сл.)  Помош при патување и осигурување (откажување на патување, правна помош и осигурување на правна заштита и сл.) Цената на патничкото осигурување варира во зависност од времетраењето како и пакетот кој ќе го изберете за посигурно патување во странство. Патничкото осигурување ги покрива деновите кога сте надвор од државата и може да се склучи во времетраење од еден ден па до една година. Максималната возрасна граница кај повеќете осигурителни компании е различна, но сепак повеќето друштва примаат во осигурување лица на максималната возраст во распон од 70 до 72 години.

travel-insurance2
За лицата над 65 години, заради зголемениот ризик, најчесто се употребува двојна премиска стапка. Постојат друштва кои нудат патничко осигурување за лица над 70 години, со повисоки премии, како и со ограничување патувањето да биде организирано преку туристичка агенција или, пак, да биде со пократок број денови на покритие. Ваквото однесување на некои осигурителни друштва е дозволено од причина што законот не ги задолжува друштвата за осигурување да креираат и понудат осигурување за сите категории на правни и физички лица, ниту пак да преземат ризици во осигурување кои не одговараат на начелото на економска ефикасност во работењето на друштвото. Патникот кој склучил полиса за патничко осигурување е должен веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од настанувањето на осигурен случај, да го извести осигурувачот за сите околности и податоци во врска со истиот. Исто така е должен да ги намали или ублажи штетните последици од осигурениот случај колку што е можно, притоа следејќи ги инструкциите на осигурувачот. Настанатата штета е должен да ја пријави во рок од 8 дена по враќање од патувањето и да дозволи осигурувачот да ги изврши сите испитувања кои се однесуваат на причините за настанување на осигурениот ризик, за проценување на последиците и за висината на бараниот надомест. Осигурувачот плаќа надомест на лицето кое има право на тоа, согласно износот на осигурителното покритие утврден во договорот за осигурување во рок од 14 дена по прием на сите документи, односно по приемот на последниот документ кој е потребен за решавање на штетата. Доколку осигурената сума е договорена во евра, надоместот се исплаќа во денарска противвредност на еврото, пресметан по средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на решавање на штетата.
travel-insurance3Правото да се бара исплата на надомест врз основа полисата истекува во рок од 3 години, сметајќи од првиот ден по истекот на календарската година во која настанал осигурениот случај

About the Author