info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Ски центар Пелистер

Print Friendly, PDF & Email

Пелистер

kopanki.jpg-500
Денеска почна скијачката сезона на скијачкиот центар „Копанки“ на Пелистер кој се наоѓа на надморска височина од 1.400 метри.

Терените за скијање се подготвени, а ски-патеките  исчистени, уредени и обележани, информираат од ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје и скијачкиот центар „Копанки“.

– Жичарницата „Бегова Чешма“ и ски лифтот се комплетно сервисирани, вклучително корпите и сидрата. Во поглед на безбедноста, извршени се редовните контролни мерења и добиени се сертификати за техничка исправност. Како и  секоја година, така и оваа, извршени се сите  технички подготовки и активности за непречен почеток и тек на престојната скијачка сезона, информираа од скијачкиот центар „Копанки“ на Пелистер.

Новина за скијачите претставува зголемената должина за патеката за скијање бидејќи освен жичарницата од денеска работи и ски-лифтот со што се овозможува вкупната должина на патеката за скијање да изнесува 1.300 метри.

Пристапот до скијачките патеки на Пелистер е сигурен и безбеден, отстранети се инфраструктурните проблеми на патот кој води од Битола до ски-центарот „Копанки“, а сместувачките капацитети се на високо ниво, и се очекува и оваа сезона хотелот „Молика“ да работи со полн капацитет, беше соопштено на денешниот промотивен настан на Пелистер.

About the Author