info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Сончевата страна на Алпите – Вал ди Соле

Print Friendly

Сончевата страна на Алпите – Вал ди Соле

СНЕЖЕН СВЕТ… СКИ ПАТЕКИ ВО ДОЛЖИНА ОД 270 КМ И 97 СКИ ЛИФТОВИ

Благодарение на уникатната географска положба помеѓу највисоките врвови на Централните и Источните Алпи, Вал ди Соле е една од најголемите долини која изобилува со врнежи од снег. Вал ди Соле претставува најголемиот скијачки регион во западниот дел од Трентино кој го сочинуваат 3 ски центри: Ски центарот DOLOMITI DI BRENTA (Folgarida – Marilleva, Madonna di Campiglio, Pinzolo), Ски центарот PASSO TONALE и Ски центарот PEIO.

 Ски центрите PASSO TONALE (благодарение на ски лифтовите на глечерот Presena ) и PEIO ( со својата нова жичарница “PEJO 3000”) нудат можност за скијање на висина од 3000 метри н.в. Вистински рај за скијачи и сноубордери! Неверојатни ски патеки нуди и ски центарот DOLOMITI DI BRENTA ( Folgarida – Marilleva, Madonna di Campiglio, Pinzolo) на падините на планината Groste, со патеки во должина од 150 км достигнувајќи висина од 2500 метри н.в.Вал ди Соле има одлични ски школи, снежни паркови, најнова опрема за изнајмување и јавен превоз до ски лифтовите. Вал ди Соле е идеално место и за не-скијачи со своите патеки за пешачење и екскурзии , cross- country скијање, лизгалишта и многу други можности за активен одмор!

 

About the Author