Попова Кула Винарија – Демир Капија

View on map
Нема оценка од 0 оценка
0/5
100% guests recommend

Description

Print Friendly, PDF & Email

ПОПОВА КУЛА ВИНАРИЈА – ДЕМИР КАПИЈА

Винарската визба Попова Кула и лозовите насади се лоцирани на јужната падина на Велико Брдо, западно од прекрасното градче Демир Капија во близина на автопатот Е-75.

Демиркаписката долина се наоѓа на југоисточниот дел од Тиквешкиот вински под регион, што е дел од Повардарискиот Регион.

Најстарите археолошки пронајдоци докажуваат дека луѓето во овој реон одгледувале винова лоза и произведувале вино во 13 век п.н.е.

Демиркапискиот регион располага со одлични климатски и почвени услови за одгледување на винова лоза.

Кралството на Кралот Александар Караѓорѓевиќ се протегало на територијата на денешните држави Македонија, Србија, Црна Гора, Босна , Хрватска и Словенија, вклучувајќи ги и брегот на Јадранскто Море и Панонската низина. Со тоа Кралот Александар имал бројни можности да избира локации за садење на лозовите насади низ целото кралство. Но следејќи ги препораките на своите мудри советници тој ја донесува вистинската одлука и го избира микрорегонот на Демир Капија како идеална локација за своите лозови насади, на истото место каде што денес е лоцирана нашата винарска визба.

Кога прв пат дојдовме на ова место ние знаевме дека ова е идеалната локација за нашите лозови насади и винарска визба. Преку сликите објавени на нашата интернет страница ќе се обидиме и вам да Ви го покажеме тоа. Меѓутоа Ве покануваме да не посетите и самите да ги доживеете убавините и магијата на регионот. Сигурни сме дека и Вие ќе ја поддржите нашата одлука за локацијата.

Тимот на Попова Кула во соработка со ТА Ариес

 

Едно ноќевање + дегустација на 3 вина и ордевер

Цена по лице

-двокреветна соба 1530 мкд

-еднокреветна соба 1840 мкд

две ноќевање + едно ноќевање гратис + дегустација на 3 вина и ордевер

Цена по лице

-двокреветна соба 3075 мкд

-еднокреветна соба 3680 мкд

Цените се со вклучен доручек

За деца до 12 години е бесплатно,од 12 до 18 години се доплаќа 600мкд,а за трето лице над 18 години се доплаќа 1200 мкд.

6 ноќевања + дегустација на 3 вина и ордевер

Цена по лице

-двокреветна соба 7200 мкд

-еднокреветна соба 11000 мкд

Цените се со вклучен доручек

За деца до 12 години е бесплатно, од 12 до 18 години се доплаќа 3600мкд,а за трето лице над 18 години се доплаќа 5400 мкд

Македонија има богата винска историја. За времето на Филип Втори и Александар Велики, членовитте на македонската кралска династија се познати како големи љубители на виното. Оваа традиција продолжува и за времето на Римската империја кога Македонија е еден од најзначајните вински региони во империјата. Исто така, големото значење на виното се задржува и за време на навлегување на Христијанството, кога скоро во сите православни христијански церемонии во изведувани во црквите виното е дел од традицијата. Ваков пример е свадбената церемонија кадешто вино заедно со леб и сол им се дава на невестата и младоженецот.

Сите овие церемонии се присутни и денес и на овој начин се продолжува и традицијата на значењето на виното. Историските фактии зборуваат и дека виното играло важна улога за време на владеењето на Цар Самуил, средниот век и крајот од турското владеење во Македонија. Многубројните археолошки пронајдоци докажаа дека афинитетот кон одгледување на винско грозје и производство на вино е еден од најважните во македонската историја.

Денес Македонија има 24 000 ха лозови насади од коишто се произведуваат значајни количини вино.
Интензивните ароми на македонските вина се резултат на комбинираното влијание на двете и медитеранска и континентална клима, со топли летни денови и посвежи ноќи. Продолжениот процес на созревање на грозјето ги осигурува боготите бои и комплексни ароми на виното. Македонија има лозови насади со познатите модерни француски сорти на винско грозје, но и лозови насади со автохтони сорти на грозје, какви што се Вранец од црвените, Жилавка и Темјаника од белите и од розе Станушината. Винарството во Македонија има богат и разнообразен потенцијал како што може да биде и секоја друга земја, но овој потенцијал само што е започнат да се искористува, иако земјата има долга и значајна историја на производство на вино.

 

АТРАКЦИИ

Река Дошница

Релаксирачка прошетка долж течението на прекрсната р. Дошница (со можност за пикник ручек). Река Дошница е една од најчистите реки во Македонија. Од нејзиниот извор што се наоѓа околу 20 км јужно-југозападно од Демир Капија под највисокиот врв на Кожуф Планина, па сé до Демир Капија нема населби или населени места. Пред да се влее во р. Вардар кај Демиркаписката Клисура, р. Дошница минува низ низините на демиркаписката долина сокриена од старата шума што расте долж нејзиното течение.

 

Возење велосипед – околу лозовите насади на Попова Кула

Изнајмете велосипед и возете тура околу нашите лозови насади.

Должина: 13,5 кm; Надморска височина: старт 178m, највисока точка 390 m.

Цена: Изнајмување велосипед 1,6 €/h; 10 €/ден

Доколку сакате и водич со Вас – 20 €. Закажувањето на водичот е минимум еден ден претходно.

 

Набљудување птици

Демиркаписката Клисура е една од најбогатите орнитолошки резервати во Европа според присуството на ретки птици мршојадци. Во соработка со локалниот орнитолошки клуб Ви нудиме тури за набљудување на птици со стручен водич.

 

Тврдина Просек

Малку понапорно пешачење до остатоците од античката тврдина Просек, комбинирано со умерено пешачење и лесно одење на враќање назад. Оваа тура е наменета за лица кои се подготвени на малку потешки физички активности. Тврдината Просек била стратегиско место, лоцирана на камениот рид од леват страна на Демиркаписката Клисура. Погледот од ова место е спектакуларен!

 

Село Клисура

Лесно до умерено тешко пешачење до напуштеноот село Клисура. Село Клисура се наоѓа јужно од Демир Капија, веднаш позади ридот Краставец. Ова е најстарото село во рамките на општина Демир Капија. Се ужива во прекрасната мирна природа опкружена со планини со можност за посета на црквата и манастирот во селото. Село Клисура исто така е одлично место за набљудување на птици.

 

Изгубениот свет – Село Радња

Длабоко во Кожуф Планина, забрането место за Турците за време на Отоманската Империја, се крие земјата на слободните – село Радња. Селото е настанато во раните денови на Отоманската Империја. Целосно е уништено за време на Втората Светска Војна и затоа денес е напуштено. Денес останува една вистинска приказна за изгубениот свет.

 

Тиквешка долина – тури за вински дегустации

Иако во Македонија има повеќе од 80 винарии најголемиот дел од грозјето и виното се наоќаат во Тиквешијата, па затоа и најголем дел од винариите се наоќаат токму тука. Сите винарии се лоцирани на во радиус од 30 км од Попова Кула што овозможува лесна и брза посета на оние кои што се отворени за туристи.

 

Село Челавец

Средно напорна тура за пешаќење по течението на Јуручка Река до село Челавец. Спектакуларно почетно место – помеѓу двата тунели во демиркаписката Клисура, а потоа се продолжува кон малата но прекрасна клисура на Јуручка река.

 

Топли вирови на р. Дошница

Вистинско скриено богатство за туристите – освежете се и сплотете се со природата. Пред самиот влез на р. Дошница во демиркаписката долина, реката има формирано природни вирови погодни за освежување. Водата во вировите летно време е затоплена од сонцето, но и од акумулираната топлина од карпите коишто ги опкружуваат.

 

Часови за готвење традиционални македонски јадења

Едно од нештата кои треба да ги задолжително да ги направите кога сте во посета на Македноја е да ја пробате локалната храна. Незаборавно искуство ќе биде и да се обидете да научите да го приготвите Вашиот омилен македонски традиционален оброк. Ние Ви го нудиме ова незаборавно искуство. (повеќе)

 

Часови за традиционални танци и ора

Македонија има богато музичко и фолклорно наследство. Додека сте тука би било незаборавно искуство подобро да запознаете дел од ова културно богатство. Ние Ви го овозможуваме токму ова.

 

Искачување карпи

Демиркаписката Клисура е една од најдобрите места во светот за качување по карпи. Ова место е избор на професионални алпинисти од целиот свет. Сепак тоа е совршено место и за почетници или ентузијасти.

 

Мапи и насоки

 

Локација

LON 41° 24‘ 38.80“ N
LAT 22° 13‘ 35.94“ E

Демир Капија се наоѓа:
– на средината помеѓу Белград и Атина
– на средината помеѓу Скопје и Солун
– 106 км јужно од Скопје, а 50 км северно од Гевгелија, покрај автопатпт Е75
– 80 км од Аеродромот Александар Велики – Скопје.

Насоки

Лесно е да дојдете во Винарска Визба Попова Кула.
По автопатот Е75 дојдете до Демир Капија. Излезете од автопатот, влезете во Демир Капија. Ќе Ве пресретне наш јасен патоказ. Следете ги патоказите до „Попова Кула“.

Hotel Facilities

Air Conditioning
Conference toom
Flat Tv
Internet – Wifi
Parking
Restaurant
Yard
Show All

Hotel Theme

Демир Капија
Македонија

Rules

Check In 12:00 pm
Check Out 12:00 pm

Rooms

avg 0 /night

Owner

Aries Travel

Member Since 2019