од €149,00 €129,63
Book Now

8 – ми Март во Прага

Нема ревјуа
Created with Sketch.

Duration

2 ноќи

Created with Sketch.

Tour Type

Специфична Тура

Created with Sketch.

Group Size

50 people

Created with Sketch.

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

1 ДЕН (05.03.’20 – четврток) : БИТОЛА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала во 06.30 часот. Поаѓање за  Чешката Република во 07.00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, г.п.Келебија, Будимпешта, Братислава…Денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (06.03.’20 – петок) : ПРАГА Пристигнување во Прага во утринските часови – разглед на градот со стручен водич… Карловиот мост, Староградскиот плоштад со надалеку прочуениот астрономски саат Орлој, обиколка на Прашкото гето – еврејскиот кварт со десетина синагоги, Старомјесне намјести, Вацлавске намјести, Народниот музеј, Народниот театар, стариот дворец – Храдчани, монументалната катедрала на Св.Вид со капелата на Св.Венцеслав и гробниците на Чешките кралеви, старата кралска палата, Владиславова сала, базиликата на Св.Ѓорги и Златната улица, чиј изглед е неизменет од XVI век. Премин преку Влтава на Карловиот мост, обиколка на старата кула на мостот и споменикот на Карло IV. Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта – факултативно крстарење по Влтава, од каде од една друга перспектива ќе го доживеете центарот на градот…Ноќевање.

3 ДЕН (07.03.’20 – сабота) : ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ Појадок. По појадокот – факултативен полудневен излет до Карлови Вари со стручен водич, најпозната бања во Средна Европа, место каде престојувале многу европски властодршци, врвни сликари, поети…Враќање во Прага во касните попладневни часови. Вечерта – факултативна посета на Национален ресторан со комплетно мени и програма…Ноќевање.

4 ДЕН (08.03.’20 – недела) : ПРАГА – ВИЕНА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот…поаѓање за Виена во 09.00 часот. Пристигнување во Виена околу 15.00 часот, со попатна посета на FREEPORT OUTLET SHOPING CENTER…факултативен панорамски разглед на градот со стручен водич…Парламентот, Операта, Рингштрасе, замокот Хофбург (зимската резиденција на Хабзбурговците), Катедралата Св.Стефан, палатата Белведере, палатата на Правдата, плоштадот на Марија Терезија…слободно време за индивидуален разглед на градот, или факултативна посета на летната резиденција на Хабзбурговците – дворецот Шенбрун…Поаѓање за Македонија околу 20.00 часот. Ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори…патот води преку Будимпешта, Белград, Скопје…

5 ДЕН (09.03.’20 – понеделник) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во попладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 9.240,00 ден. (149 );

                                               7.990,00 ден. (129 ) FIRST MINUTE ЦЕНА (за УПЛАТИ до 30.01.2020!)

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, 2 НП во Прага, во хотел ASTRA*** (http://www.hotelastra.cz/), разглед на Прага со стручен водич, организација, водство и реализација на аранжманот. ТРАНСФЕР без надокнада за патниците од Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово, додека за патниците од Струга, Охрид, Ресен и Кичево – доплата за трансфер од 5 € по лице.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно – историските споменици, патничкото осигурување 150,00 ден. по лице. ПРАГА – ФАКУЛТАТИВА : Крстарење по Влтава – 15 € по лице – препорака!, Карлови Вари – 25 € (минимум 30 лица) – препорака!, Вечера во Национален ресторан со мени и програма – 30 € (минимум 30 лица) – препорака! ВИЕНА – ФАКУЛТАТИВА : Разглед на градот со стручен водич – 10 € по лице, посета на дворецот Шенбрун – 25 € по лице.

НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 25.02.2020

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. АРИЕС и СКТМ.

ОПИС НА ФАКУЛТАТИВИТЕ

Крстарење по Влтава

Факултативното крстарење со брод по Влтава, Ви овозможува да ги видите прашките мостови ипрекрасната архитектура на овој град од двете страни нa реката. За време на целото крстарење, имате водење на англиски јазик преку снимено ЦД за знаменитостите покрај кои минуваме. Со класична музика, ова е уште една можост да ја видите Прага од еден поинаков, панорамски поглед, од палубата на бродот кон центарот на градот;

Посета на Карлови Вари

Карлови Вари е познат бањски центар и град во западниот дел на регионот Чешка во Чешката Република.Се наоѓа на реките Огже и Тепла, на околу 130 km западно од Прага. Наречен е по светиот римски цар Карло IV Луксембуршки, кој го основал градот во 1370 година. Познат е по своите топли извори (13 големи и околу 300 помали, и топлата река Тепла). Градот е главен административен центар на Карловарскиот крај. Над него се издигнуваат златните кули на православната црква Св. Петар и Павле. Располага со 12 основни големи термални извори и уште 300 помали. Во Карлови Вари имате ексклузивни хотели, ресторани или бањи, паркот „Колонада“ е познат како парк на Антонин Дворжак од крајот на 19 век. Градот својот израз го наоѓа низ барокната архитектура, познатиот стил од крајот на 19 век „арт Нуво“, како и термалните извори во колонадата „Спрудел“. Во Карлови Вари може да видите многу куќи и споменици во чест на големите уметници: Моцартовиот парк, каде што почива синот на Моцарт, потоа тука е куќата на Јоханес Брамс и на Штраус, улицата на Петар Велики, спомениците на Гете, на Бетовен, на Шилер, како и меморијалната плоча на Тургенев. Kaрлови Вари е домаќин на Меѓународниот филмски фестивал, еден од најстарите филмски фестивали во светот. Толпата од туристи кои секојдневно доаѓаат во Карлови Вари имаат можност да пијат од топлата вода од карактеристични плосната и садови, да пробаат од слатко – горчливиот ликер Бихеровка, да се напијат од чешкото пиво кое се произведува веднаш до Карлови Вари, во Плзен и во Крушовице и да се насладуваат на карловските опатки (неверојатно вкусни слатки карактеристични само за ова место, кои во зависност од индивидуалниот вкус можат да бидат со арома на какао, кокос, лешник, бадем, ванила);

Виена – разглед со локален водич

Панорамскиот разглед на градот каде што се гледаат најголемите знаменитости на Виена: Белведере, Пратерот со неговото панорамски тркало, новиот дел на Виена каде што се наоѓа канцеларијата на Обединетите Нации, Дунавската Кула, Ринг булеварот со Операта, споменикот на Гете, споменикот на Моцарт, споменикот на Штраус, Парламентот, Rathaus собранието. Се симнуваме на плоштадот на Марија Терезија од каде што го започнуваме пешачкиот разглед на градот…

Дворецот Шенбрун

Дворецот Шенбрун е еден од најважните културни споменици во Австрија и е една од најголемите туристички атракции во Виена. Палатата и градините ги илустрираат вкусовите, интересите и аспирациите на Хабсбуршката династија. Со Империјал турата се посетува внатрешноста на палатата. Турата трае 50 минути и се посетуваат 22 соби. Се посетуваат собите на императорот Франц Јозеф и неговата сопруга Елизабет и останатите прекрасни соби украсени во рококо стил. Со оваа тура може да се доживее луксузниот сјај на Големата галерија, ориенталниот шарм на кинеските кабинети, како и зачудувачки скромниот стил на декорација во приватниот апартман на императорот Франц Јосиф. Денес Шенбрун е посетуван од повеќе од 5 милиони туристи годишно;

Види повеќе

Included/Exclude

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 2 НП во Прага, во хотел ASTRA*** (http://www.hotelastra.cz/)
  • разглед на Прага со стручен водич
  • организација, водство и реализација на аранжманот
  • Струга, Охрид, Ресен и Кичево – доплата за трансфер од 5 € по лице
  • Крстарење по Влтава – 15 € по лице – препорака!
  • Карлови Вари – 25 € (минимум 30 лица) – препорака!
  • вечера во Национален ресторан со мени и програма - 30 € (минимум 30 лица) – препорака!
  • разглед на градот Виена со стручен водич – 10 € по лице
  • посета на дворецот Шенбрун – 25 € по лице

Локација на Турата

Мислења

0/5
Нема ревјуа
Based on 0 review
Одлично
0
Многу Добро
0
Средно
0
Лошо
0
Ужасно
0
Showing 1 - 0 of 0 in total

Напишете преглед

Created with Sketch.
13%
од €149,00 €129,63

You might also like

Добивајте известувања

Дирекно во вашето сандаче