од €249,00
Book Now

8ми Декември Кипар

Нема ревјуа
Created with Sketch.

Duration

4 days/3BB

Created with Sketch.

Tour Type

Специфична Тура

Created with Sketch.

Group Size

Unlimited

Created with Sketch.

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

Кипар е островска држава во Средоземното море, трет по големина. Потеклото на името има повеќе толкувања: од грчкиот збор за чемпрес – Кyparissos, и кану –Кypros, или по латинскиот назив за бакар – Cuprum чии рудници некогаш се наоѓале во Кипар..

Средоземната медитеранска клима го прави Кипар еден од најтоплите острови во Грција со 340 сончеви денови преку годината. На целиот остров владеат топли лета, со просечна температура од 30 °C.

Кипар е поделен на две територии, грчки и турски дел. Главен и најголем град на Кипар е Никозија, каде северниот дел на градот припаѓа на Турската република Северен Кипар, а поголемиот дел на Јужен Кипар – грчки дел. Островот има два службени јазици – грчки и турски. Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Познати туристички места во јужниот дел на Кипар се Ларнака, Пафос, Лимасол и Аја Напа.

Бидејќи долго време бил Британска колонија на Кипар се вози од левата страна а сообраќајните знаци се на англиски јазик.

1.ДЕН (08.12.2019-недела) : БИТОЛА – СКОПЈЕ Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 01.00 часот. Поаѓање за Скопје (аеродром) во 01.45 часот. Пристигнување на аеродром во 04.15 часот. Полетување за Кипар во 06.00 часот. Пристигнување во Ларнака во 09.20 часот (локално време). Трансфер до хотелот – сместување во хотел. Слободно време за одмор. Околу 13.00 часот – разглед на Ларнака со локален водич… Разглед на Ларнака, најстариот град на Кипар…град со богата историја која датира од пред 10.000 години Ларнака се смета за “душата” на Кипар. Поради добро поставената географска локација, има многу лесен пристап до сите градови на островот.  Денес е модерен космополитски град подеднакво убав  и како град и како ресорт. Враќање во хотел во касните попладневни часови. Слободно време. Ноќевање.

2.ДЕН (09.12.2019-понеделник) : ЛАРНАКА – ФАМАГУСТА – АГИА НАПА Појадок. По појадокот – слободно време, или факултативна посета на Фамагуста, центарот на градот, како и Ghost Town (градот на духовите) – Вароша, како што го нарекуваат локалните жители… Во раните 1970-ти, Фамагуста беше број еден туристичка дестинација на Кипар. Поради зголемениот број туристи, беа изградени многу нови високи згради и хотели. За време на својот најславен период, Вароша не беше само број еден туристичка дестинација на Кипар, туку помеѓу 1970 и 1974 година, таа беше една од најпопуларните туристички дестинации во светот и беше омилена дестинација на познати личности како што е Елизабета Тејлор, Ричард Бартон, Ракел Велч и Брижит Бардо…по инвазијата на Кипар од страна на Турција, во Јули 1974 година, Грчката армија ги повлекла своите сили кон Ларнака. Турската армија напредувала до т.н. “зелена линија“, која е денешна граница меѓу двете заедници. Само неколку часа пред судирот помеѓу Грчката и Турската војска, целото население го напуштило градот, плашејќи се од масакр. Многу од нив избегаа на Југ, кон Паралимни, Ернија и Ларнака…оттогаш Паралимни стана главен град на провинцијата Фамагуста. Турската војска го огради туристичкото место и оттогаш, градот е празен и се нарекува “градот на духови“…посета на стариот град во Фамагуста, посета на Венецијанските зидини, готската црква Св.Никола…патувањето продолжува кон Агиа Напа – најпрестижното туристичко место на Кипар, кое од обично рибарско место, прерасна во престижен туристички центар. За сите оние кои сакаат прекрасни песочни плажи, богат ноќен живот и врвни ресторани – Кипарската “Ибица“ е вистински избор…слободно време за индивидуален разглед на местото. Враќање во ларнака во попладневните часови. Ноќевање.

3.ДЕН (10.12.2019-вторник) : ЛАРНАКА – ЛИМАСОЛ – ПАФОС Појадок. По појадокот – слобнодно време, или факултативна посета на Лимасол…посета на стариот замок Кастро Лемесиу, кој се наоѓа во близина старото пристаниште, во срцето на историскиот центар на градот…изграден е од страна на Турците во 1590 година. Археолошката истрага во замокот открил ранохристијанска базилика од 4.век, како и Византиски споменици од 10.век. Оригиналниот замок бил изграден од Крстоносецот Гај Де Лусињан во 1193.година. Во 1538 година, Османлиите го заземаат Лимасол и замокот, кој беше претходно уништен од Кипарскиот гувернер. Делови и остатоци од истиот биле вметнати во новото утврдување кое беше завршено од страна на Османлиите во 1590.година. Патувањето продолжува кон Пафос, со попатна посета на Petra Di Romiou – карпа со видиковец – надвисната над морската шир, од каде се прават прекрасни фотографии на целиот предел…според една од легендите, ова е местото на раѓање на божицата Афродита, и поради оваа причина е позната уште и како карпата на Афродита…крајната дестинација за оваа екскурзија е градот Пафос, оддалечен на околу 30-на км од лимасол. Градот е под заштита на УНЕСКО поради своите уникатни природни и културни богатства, спектакуларни антички остатоци…во 2017.година, Пафос беше избран за град на културата заедно со Архус. Враќање во Ларнака во касните попладневни часови. Ноќевање.

4.ДЕН (11.12.2019-среда) : ЛАРНАКА – СКОПЈЕ Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и трансфер на групата до аеродромот…поаѓање за Скопје во 10.00 часот. Пристигнување во Скопје во 11.20 часот. Трансфер до Битола.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 209 € (12.960,00 денари) – за УПЛАТА до 10.11.2019 !!!

249 € (15.440,00 денари) – РЕДОВНА ЦЕНА

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје – Ларнака – Скопје со авикомпанија Wizz Air;

  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;

  • Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;

  • Сместување во хотел  3* со појадок;

  • Организација, водство и реализација на аранжманот;

  • Придружник од агенција за целото патување.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Аеродромски такси по лице  –  2.460 денари (задолжително)

  • Доплата за кабински багаж до 10кг  (55 x 40 x 23 cm)– 2.400 денари за двата правци;

  • Туристичка такса –  250 денари по соба за 3 ноќи  (1,5 евро по ноќ по соба)

  • Факултативна посета  на Фамагуста со локален водич и  трансфер – 35 евра / Деца од 2-12 години – 20 евра;

  • Факултативна целодневна посета на градот Аја Напа –  20 евра;

  • Патничко осигурување – 150 денари.

Напомена:

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. АРИЕС и СКТМ.

Види повеќе

HIGHLIGHTS

  • ипар е островска држава во Средоземното море, трет по големина. Потеклото на името има повеќе толкувања: од грчкиот збор за чемпрес – Кyparissos, и кану –Кypros, или по латинскиот назив за бакар – Cuprum чии рудници некогаш се наоѓале во Кипар..
  • Средоземната медитеранска клима го прави Кипар еден од најтоплите острови во Грција со 340 сончеви денови преку годината. На целиот остров владеат топли лета, со просечна температура од 30 °C.
  • Кипар е поделен на две територии, грчки и турски дел. Главен и најголем град на Кипар е Никозија, каде северниот дел на градот припаѓа на Турската република Северен Кипар, а поголемиот дел на Јужен Кипар – грчки дел. Островот има два службени јазици - грчки и турски. Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Познати туристички места во јужниот дел на Кипар се Ларнака, Пафос, Лимасол и Аја Напа.

Included/Exclude

  • Директен лет на релација Скопје – Ларнака – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
  • Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;
  • Сместување во хотел  3* со појадок;
  • Организација, водство и реализација на аранжманот;
  • Придружник од агенција за целото патување.
  • Аеродромски такси по лице  -  2.460 денари (задолжително)
  • Доплата за кабински багаж до 10кг  (55 x 40 x 23 cm)– 2.400 денари за двата правци;
  • Туристичка такса –  250 денари по соба за 3 ноќи  (1,5 евро по ноќ по соба)
  • Факултативна посета  на Фамагуста со локален водич и  трансфер – 35 евра / Деца од 2-12 години - 20 евра;
  • Факултативна целодневна посета на градот Аја Напа -  20 евра;
  • Патничко осигурување - 150 денари.

Локација на Турата

Мислења

0/5
Нема ревјуа
Based on 0 review
Одлично
0
Многу Добро
0
Средно
0
Лошо
0
Ужасно
0
Showing 1 - 0 of 0 in total

Напишете преглед

Created with Sketch.
од €249,00

Organized by

Aries Travel

Member Since 2019

2 Ревјуа

You might also like

Добивајте известувања и промоции

Најдобрите понуди дирекно во вашето сандаче