од €70,00
Book Now

Меѓународен саем за автомобили во Белград, 2020 година

Нема ревјуа
Created with Sketch.

Duration

1 ноќевање / 2 дена

Created with Sketch.

Tour Type

Специфична Тура

Created with Sketch.

Group Size

50 people

Created with Sketch.

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

Меѓународен саем за автомобили во Белград

20.03 – 22.03.2020 / ноќевање со појадок

 

 

1 ДЕН – 20.03.2020 Петок, Битола – Белград

Состанок на групата на пероните на  Автобуската станица Транскоп во Битола, во 22:30 часот. Поаѓање за Србија во 23:00 часот. Ноќно патување со кратки попатни паузи. Патот води кон Куманово, Врање, Лесковац, Ниш…

 

2 ДЕН – 21.03.2020 Сабота, Белград

Пристигнување во утринските часови во Белград. Посета на саемот од 10:00 до 13:00 часот. Панорамско разгледување на градот: Парламентот, Народниот Театар, Храмот Св. Сава, Теразије, Славија, Мостовите на Сава. Слободно време за прошетка, шопинг и кафе во некој од локалитетите на улицата „Кнез Михајлова“ и посета на тврдината „Калемегдан“. Пријавување и сместување во хотелот – брод „Compass River City Boatel“ на реката Дунав. Во близина на хотелот се наоѓа познатиот трговски центар „Usce“. Можност за индивидуална посета на трговскиот центар. Препорачуваме посета на некој од сплавовите во близина за вечера или пијалок на реката Дунав. Ноќевање.

 

3 ДЕН – 22.03.2020 Недела, Белград – Ниш – Битола

Појадок. Одјавување од хотелот. Посета на ИКЕА. Слободно време за шопинг. Потоа се упатуваме кон градот Ниш, проследено со попатни паузи. Пристигнување во градот Ниш. Индивидуален разгледа на градот, турската тврдина во центарот, плоштадот „Цар Милан,“ трговскиот центар „Forum“, „Казанџиското сокаче“ кое е дел од првата стара чаршија во градот. Препорачуваме посета на „Казанџиското сокаче“, каде што има ресторани со традиционална храна(одлична скара) и прекрасни кафетерии. Ручек (индивидуално). Поаѓање за Битола.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 70 евра (по лице)

BLACK FRIDAY OFFER – 15 % ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 06.11.2019!

 

Itinerary

Expand All
САЕМ ЗА АВТОМОБИЛИ И МОТОЦИКЛИ

Најновите модели на автомобили, на пазарот, ќе бидат претставени на саемот за автомобили во Белград. Саемот свечено ќе биде отворен на 22 март (петок) и ќе трае до 31 март.  Мотоцикли, мопеди, скутери, резервни делови, опрема и алати... Автомобилски и мото клубови и организации, ќе бидат присутни на саемот. Специјална хала за олд тајмери. Гламур, луксуз, бренд, квалитет се на едно место. Информации за излагачите на саемот и подетални информации, можи да погледнете на следниот линк http://sajamautomobila.rs/ .

БРОД - ХОТЕЛ „Compass River City Boatel“

„Compass River City“ е прв хотел - брод на реката Дунав во градот Белград, со 81 удобна кабина, 6 апартмани, базен, реасторан и голема тераса. Од терасата има прекрасен поглед кон тврдината „Калемегдан“ и реките Дунав и Сава. Од копнената страна има парк со клупи и пешачка патека. Вистинско место за релаксација кои успеало да ги спои природата и градот.

Линк од хотелот за виртуелен поглед http://compassrivercity.com/360.php

Линк од хотелот http://compassrivercity.com/index.php

Included/Exclude

  • Ноќевање со појадок во хотел - брод
  • Автобуски превоз до наведените релации
  • Разглед на градовите Белград и Ниш
  • Влезница за саемот
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци

Локација на Турата

Мислења

0/5
Нема ревјуа
Based on 0 review
Одлично
0
Многу Добро
0
Средно
0
Лошо
0
Ужасно
0
Showing 1 - 0 of 0 in total

Напишете преглед

Created with Sketch.
од €70,00

Organized by

Aries Travel

Member Since 2019

3 Ревјуа

You might also like

Добивајте известувања

Дирекно во вашето сандаче