from 149
Explore

Велигден на Јонско море (03-06 мај’24) Парга-Крф-Лефкада

RIga Ferou 10, Parga
Нема оценка
Времетраење

4 дена/3 ноќи/3 екскурзии

Вид на аранжман

Specific Tour

Големина на група

50 луѓе

Јазик

___

Преглед

Print Friendly, PDF & Email

Велигден на Јонско море

Парга-Лефкада-Крф-Мецово

3 ноќи/Дена автобус

Јонско море и неговата прочуена убавина ќе ја видите во една програма од 4 дена. А никаде во Грција не се слави Велигден како традиционално на Јонските острови, а посебно на островот Крф. Парга пак е град чии корени се протегаат до античкиот период, но била и под силно влијание на западната цивилизација и култура. Опкружен со различни култури, на мал простор, на Епирскиот дел на Јонско море, никна гратче со свој единствен и својствен шарм. Посетителите на Парга ќе бидат импресионирани од зеленилото, околните планини и маслинки, нејзините преубави плажи и мирни заливи скриени во големите карпи. Приближувајќи се кон градот, се гледа дека Парга е мал, убав, бел град со црвени покриви, сместен во прегратките на околните планини. Парга е комплетно туристичко место и во неа секој може да најде нешто за себе: градското пристаниште, шеталиштето покрај морето, двете градски плажи, големата плажа Валтос во непосредна близина на градот, многубројните скриени плажи распрскани на малите островчиња во заливот, старата градска тврдина од XIV век, многубројните излети.

Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја…

Островот Крф воопшто и не е чудно што уште од најдамнешни времиња е токму во една од најубавите приказни во своето дело “Одисеја”, Хомер прв ја опеал убавината на островот Крф. Како што самата раскажува… и носталгичниот Одисеј во своето патување кон родната Итака, за малку ќе го завршел своето патување токму тука. Но дали е ова доволен опис, за да се разбере мистичната привлечност на приказната – наречена Крф. Тој е мозаик на историјата од различните цивилизации и нации, од Византијци, Римјани, Венецијанци, Французи, Руси, Англичани па се до Италијанци и Германци во поновата историја. Веројатно сите тие влијанија и придонесле да се оформи неговата далеку позната и импозантна архитектура. Со величенствените градби, тврдини и цркви… како и со густата вегетација, кристално чистите и бистри води, преубавите песочни и тивки плажи, како и со многуте луксузните хотели Крф секогаш ќе биде, една од најатрактивните дестинации на модерниот туризам кој го нудат Јонските острови. Едно од најубавите обележувања на најголемиот христијански празник Велигден од Медитеранот е на островот Крф. Над десет илјади посетители доаѓаа на Крф со цел да се прослави. На преубавиот остров Крф, празникот над празниците Воскресение Христово е прекрасно случување кое хармонично ги обединува православната христијанска вера, паганските традиции, венецијанското наследство, многубројните поворки во присуство на филхармониски оркестар и опојниот здив на пролетта.

Остров Крф или Керкира, или често се нарекува острoвот на смарагдите или рајската градина, е романтична приказна за љубовта на морето. Крстен е по нимфата Керкира, ќерката на Азоп (речен бог) и речната нимфа Менопа, во која што богот на морето Посејдон толку многу се вљубил во неа и ја донел на таен прекрасен Јонски остров. Посејдон бил толку вљубен што островот го крстил по неа. Повеќето од нас остров Керкира го знаат по туристичкото име Крф.

Прославувањето на Велигден на остроф Крф се смета за нај традиционално во цела Грција. Повеќе илјада туристи се собираат на тој ден да го одбележат овој христијански празник и да се дел од оваа прекрасна комбинација од богата историја на островот со традиционалните религиозни обичаи

1 ден 03.05.2024 – Петок  Скопје-Битола- Јанина – Парга

Состанок на групата во 06,00 пред Спортска сала Битола . Поаѓање према Парга во 06:30 часот преку граничен премин Меџитлија. Возење со попатни паузи за освежување.  Пристигнување во Парга во пладневните часови. Сместување во апартмани по ФОРТУНА програма (без претходна потврда на вила). Можност за разгледување на местенцето прошетка по нејзините тесни улички и амбиентални продавници и ресторани. Вечерта ќе имаме можност да ја проследиме процесијата во центарот на Парга – епитафио, посветена на Исус Христос за големиот празник Велигден.  Ноќевање 1.

2 ден 04.05.2024 Сабота Целодневна екскурзија Крф

Заминување за Игуменица во раните утрински часови . Пристигнување на пристаниште Игуменица во утринските часови. Трансфер со фериброд до островот Крф. Заминување со автобусот кон главниот град Крф каде што ке се следи свеченоста по повод Велигден и фрлањето на ќуповите. Точно во 10 ч започнува и Првата поворка, наречено првото воскресение. Под строга заштита се изнесуваат моштите на Св Спиридон – заштитник на островот (моштите му се изнеcуваат само три пати годишно-на Велигден, на 11 август – датумот на кој Свети Спиридон го спасил островот од нападот на Турците, и на празникот на Свети Спиридон). Маршот почнува од горниот крај на Керкира, виејки се по најубавите улици на целиот град. Под звуците на свечената музика на трите филхармонии пред моштите на Св Спиридон, луѓето фрлаат каранфили со кои го постелат патот на Светец. Парадата завршува во 10, 30 ч и тогаш почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај-кршење на глинени садови. Точно во 11 ч од прозорците почнуваат да летаат садови за вода, полни со вода, различни по големина, во знак на почнувањето на празникот и истерувањето на злото. Обичај е да земеш парче од скршени садови за вода, и да го зачуваш за среќа и здравје до следната година. Слободно време – 15:00 Заминување на групата за качување на ферибот. Враќање во Парга. Слободна вечер. со можност за присуствување на велигденска литургија во црквата во Парга. Ноќевање 2.

3 ден 05.05.2024 Недела Целодневна екскурзија Лефкада

Факултативно (30 Еур) организирано заминување за екскурзија Лефкада во 08,00 часот со крстарење на Лефкада. Можност да се види островот Скорпиос, плажата Афродити, пештерата Папа Николис , односно, едноставно поинаку да се доживее Лефкада на Велигден.  Можност за  ручек во ресторан – таверна каде ќе ги пробаме врвните специјалитети припремени за овој празник. Враќање во Парга. Слободна вечер. Ноќевање 3.

4  ден 06.05.2024 Понеделник. Парга-Мецово-Македонија Слободно претпладне.  Заминување за Македонија со попатна посета на Мецово-прекрасно планинско гратче, каде ќе може да се купат локални сувенири и вкусат надалеку познатите специјалитети на жар.. Пристигнување во Битола во попладневните часови. Организирани трансфери по градови.

Цена на аранжманот:  149 Еур/ 9,238 мкд

Деца 2-12 години со 2 возрасни 99 еур. Еднокреветна соба 199 Еур.  Сопствен превоз на барање.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски и бродски превоз на наведената релација
  • 3 ноќевања во апартмани Парга ( греење, ТВ, интернет) ФОРТУНА ПРОГРАМА (без претходна потврда на вила)
  • Екскурзија на Крф со вклучени бродски карти и водич
  • Разгледи на Парга, Лефкада, Крф (Керкира)
  • Организација на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко осигурување
  • Факултативна екскурзија Лефкада со крстарење 30 Еур
  • Факултативни влезници на локалитетите
  • Индивидуални трошоци на патниците
  • Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје и Велес 10 Еур/лице, Прилеп, Охрид и Кавадарци 5 Еур/лице

За реализација на овој програм потребни се минимум 40 патници.

Со овој програм важат општите услови на патување на СКТМ

Цени за сопствен превоз:

1/2 соба/студио 50 Еур/наем на ден
1/3 соба/студио 60 Еур/наем на ден
1/4 соба/студио 70Еур/ден
1/5 соба/апартман 80 Еур/ден

За патниците со сопствен превоз ја препорачиваме Вила Кипери Ексклузив.

https://www.kiperiexclusive.com/en

https://aries.mk/st_hotel/vila-fiore-parga/

Цените се дадени во Еур за плаќање во денарска противвредност.

 

Highlights

  • Доколку сте на размислување кое е најдоброто време за посета на островот Крф, препорачуваме да ја одберете пролетта, особено за време на велигденските празници, кога островот блеснува во сиот свој сјај.
  • Ќе бидете обземени од свежината на пролетните цвеќиња, ќе пронајдете спокојност во зеленилото, а музика ќе ја смири Вашата душа, доживувајќи нови, единствени чувства од религијата и грандиозната прослава на островот.

Агенда

1 ден 03.05.2024 - Петок  Скопје-Битола- Јанина - Парга
1 ден 03.05.2024 - Петок  Скопје-Битола- Јанина - Парга

Состанок на групата во 06,00 пред Спортска сала Битола . Поаѓање према Парга во 06:30 часот преку граничен премин Меџитлија. Возење со попатни паузи за освежување.  Пристигнување во Парга во пладневните часови. Сместување во апартмани по ФОРТУНА програма (без претходна потврда на вила). Можност за разгледување на местенцето прошетка по нејзините тесни улички и амбиентални продавници и ресторани. Вечерта ќе имаме можност да ја проследиме процесијата во центарот на Парга - епитафио, посветена на Исус Христос за големиот празник Велигден.  Ноќевање 1.

2 ден 04.05.2024 Сабота Целодневна екскурзија Крф
2 ден 04.05.2024 Сабота Целодневна екскурзија Крф

Заминување за Игуменица во раните утрински часови . Пристигнување на пристаниште Игуменица во утринските часови. Трансфер со фериброд до островот Крф. Заминување со автобусот кон главниот град Крф каде што ке се следи свеченоста по повод Велигден и фрлањето на ќуповите. Точно во 10 ч започнува и Првата поворка, наречено првото воскресение. Под строга заштита се изнесуваат моштите на Св Спиридон - заштитник на островот (моштите му се изнеcуваат само три пати годишно-на Велигден, на 11 август - датумот на кој Свети Спиридон го спасил островот од нападот на Турците, и на празникот на Свети Спиридон). Маршот почнува од горниот крај на Керкира, виејки се по најубавите улици на целиот град. Под звуците на свечената музика на трите филхармонии пред моштите на Св Спиридон, луѓето фрлаат каранфили со кои го постелат патот на Светец. Парадата завршува во 10, 30 ч и тогаш почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај-кршење на глинени садови. Точно во 11 ч од прозорците почнуваат да летаат садови за вода, полни со вода, различни по големина, во знак на почнувањето на празникот и истерувањето на злото. Обичај е да земеш парче од скршени садови за вода, и да го зачуваш за среќа и здравје до следната година. Слободно време - 15:00 Заминување на групата за качување на ферибот. Враќање во Парга. Слободна вечер. со можност за присуствување на велигденска литургија во црквата во Парга. Ноќевање 2.

3 ден 05.05.2024 Недела Целодневна екскурзија Лефкада
3 ден 05.05.2024 Недела Целодневна екскурзија Лефкада

Факултативно (30 Еур) организирано заминување за екскурзија Лефкада во 08,00 часот со крстарење на Лефкада. Можност да се види островот Скорпиос, плажата Афродити, пештерата Папа Николис , односно, едноставно поинаку да се доживее Лефкада на Велигден.  Можност за  ручек во ресторан - таверна каде ќе ги пробаме врвните специјалитети припремени за овој празник. Враќање во Парга. Слободна вечер. Ноќевање 3.

5  ден 06.05.2024 Понеделник Парга-Мецово-Македонија
5  ден 06.05.2024 Понеделник Парга-Мецово-Македонија

4  ден 17.04.2023 Понеделник. Слободно претпладне.  Заминување за Македонија со попатна посета на Мецово-прекрасно планинско гратче, каде ќе може да се купат локални сувенири и вкусат надалеку познатите специјалитети на жар.. Пристигнување во Битола во попладневните часови. Организирани трансфери по градови.

Вклучува/Не вклучува

  • Цената на аранжманот вклучува:
  • Автобуски и бродски превоз на наведената релација
  • 3 ноќевања во апартмани Парга ( греење, ТВ, интернет) ФОРТУНА ПРОГРАМА
  • Екскурзија Крф со вклучен бродски превоз
  • Разгледи на Парга, Лефкада, Крф (Керкира)
  • Организација на патувањето
  • Патничко осигурување
  • Факултативни влезници на локалитетите
  • Индивидуални трошоци на патниците
  • Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје и Велес 10 Еур/лице, Прилеп, Охрид и Кавадарци 5 Еур/лице

Локација на аранжманот

RIga Ferou 10, Parga

Why book with us?

  • НАЈБАРАНА ПРОГРАМА  за ВЕЛИГДЕН веќе 15 години

    НАЈБАРАНА ПРОГРАМА за ВЕЛИГДЕН веќе 15 години

    Незаборавен Велигден со над 300,000 посетители

  • ПАРГА-КРФ-ЛЕФКАДА 3 атракции на Јонско море и Мецово како гастрономски бисер

    ПАРГА-КРФ-ЛЕФКАДА 3 атракции на Јонско море и Мецово како гастрономски бисер

    Медитерански шарм и највкусни специјалитети

  • НЕЗАБОРАВНИ ГЛЕТКИ на крстарење на Лефкада

    НЕЗАБОРАВНИ ГЛЕТКИ на крстарење на Лефкада

You might also like