info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Студентска виза

Print Friendly, PDF & Email

СТУДЕНТСКА ВИЗА

Степени за оценување за студентски визи – студенти кои сакаат да студираат во Австралија.

Ако сакаш да дојдиш и да студираш во Австралија, мораш да аплицираш за Aвстралиска студентска виза.

Апликациите се оценети врз основа на одредени нивоа поставени од Одделот за доселеништво. Тоа значи дека твојата апликација зависи од тоа – од која земја доаѓаш и на кој курс сакаш да се запишеш.

За аплицирање за стидентска виза потребно е следново:

    • Такса AUD 535;

    • COE – Потврда за упис – која ја добиваш од училиштето откако ќе аплицираш и платиш за својот курс;
    • OSHC – здравствено осигурување за студентите – во времетраење на курсот плус два месеци;
    • Формулар за апликација 157А;

    • Медицински преглед – направен од доктор во твојата матична земја;

    • Дополнителни документи потрбни како доказ за финансиската поддршка, квалификации и (компетентност) во зависност од тоа кој курс го имаш избрано.

      Одредени се 5 степени за Австралиска студентска виза – утврдени на основа на

економската ситуација на твојата земја и претходните искуства за добивање виза и колку често се прекршени правилата за добивање на истата.

Првиот степен е најлесен, а четвртиот најтежок за добивање виза.

Колку нивото е потешко, толку се поголеми барањата за да го докажеш својот финансиски капацитет, познавање на англиски јазик и други релевантни прашања.

Твоите виза подкласи зависат од курсот кој ќе го избереш и ако сакаш да студираш Курс по Англиски, твојата виза-подкласа е 570.

Ако сакаш да се запишеш во средно училиште – подкласа 571.

Ако сакаш да се запишеш на Колеџ – подкласа 572.

Ако сакаш да се запишеш на некој Универзитет – подкласа 573.

Поважни информации и линкови:

1. Листа на сите Амбасади во светот ( не секоја Амбасада има право да ти издаде студентска виза, така што твојата апликација мораш да ја испратиш во некоја соседна земја),

  1. Листа на доктори одобрена од DIAC (само Панел) доктор може да ти направи валиден медицински преглед за студентска виза.

  2. Формулар за апликација 157А

  3. Формулар за медицински преглед: 26 и 160

  4. Ако си во 2,3,4 ниво, во тој случај мораш твојата прва апликација за студентска виза да ја направиш додека си надвор од Австалија.

Задолжители услови за сите студенти:

8105

  • студентската виза издадена на или после 26 Април 2008;

  • студентската виза издадена пред 26 Април 2008;

  • не смееш да работиш повеќе од 20 часа неделно додека имаш сесија;

  • не можеш да прифатиш работа, кога почнуваш да посетуваш курс во Австралија.

8202

  • мора да останеш запишан на регистриран курс ( Commonwealth Register of institutions and Courses for Overseas Students – CRICOS);

8501

  • мораш да одржуваш адекватни услови за здравственото осигурување додека си во Австралија ( OverseasStudent Health Cover OSHC);

8516

      • мораш постојано да ги задоволуваш условите за издавање на студентска виза пр:твојот главен курс за учење мора да продолжи да биде курс во едукативниот сектор и постојано да имаш доволен финансиски капацитет за одржување на студиите и престојот во Австралија;

        OZZIE STUDY CARE

        Потребни документи за аплицирање за Австралиска студентска виза:

        Апликација 535

         

        1. Пасош

         

        2. 4 слики пасошки формат

         

        3. CV од апликантот

         

        4. COE – Апликацијата дека се запишал на факултет во Австралија, со тоа се докажува дека е извршена уплата за истото. (Доколку не добие виа, истите се повратни, освен за апликацијата во училиштето се задржуваат 200 како административни трошоци при изработка на COE).

         

        5. Осигурување за периодот што ќе студира ($ 40 на месец)

         

        6. Состојба од банка – 30.000 доколку аплицира сам, или 36.000 доколку се двајца на партнер виза или 40.000 доколку на истата виза се со деца. Децата до 5 години нема потреба да се запишуваат на училиште, a над 5 години мора да се запишат – изнесува

         

        10.000 по година.

         

        * Доколку сметката е од спонзор т.е. роднина – потребно е извод на родени од него и родителот како би се докажало во каква роднинска врска се.

         

        * Пасош од истиот

         

        * Ако е Aвстралиски државјанин – сметка од струја, вода и порезот што го плаќа.

         

         

        7. Дипломи од досегашно завршено образование.

         

        8. Доколку е вработен – М1М2 образец или договор од фирмата.

         

        9. Доколку сеуште студира во Македонија, потребна е потврда од факултетот (до кој семестар е) со која докажува дека факултетот го ставил во мирување за периодот што ќе учи англиски јазик во Австралија и повторно ќе се врати назад за да го заврши факултетот.

         

        10. Секој апликант – за да аплицира за студентска виза задолжително мора да има диполома или сертификат од некој курс (завршен во својата земја во последните 10 години).

         

        Апликантот ако нема завршено средно образование или не поседува никаква диплома, не може да аплицира за студентска виза ( важи само за МК пасош).

         

        11. За апликантите со македонски пасош: доколку сакаат да аплицираат за да останат т.е .ако имаат можност да ја продолжат нивната виза – мора првото аплицирање да им биде за 48 недели за изучување на англиски јазик (доколку немаат положено IELTS).

         

        Притоа на оваа виза не може да биде вклучен партнер или придружник

         

        * Доколку студентот има мин.4,5 IELTS, може да аплицира за 12-14 недели за изучување на англиски јазик и потоа курс кој ќе биде не помалку од една година, за да има можност и партнерот да биде вклучен на истата виза.

         

        * Доколку времетраењето на курсевите (слични насоки) е минимум 92 недели (што значи една диплома и плус advanced диплома), студентот има право да аплицира за привремена виза од 18 месеци каде што ќе стекне работно искуство за тоа што го изучувал.

         

        12. Во Сиднеј – 48 недели изучување на англиски јазик – просечно изнесува

         

        $ 160-180, (во Мелбурн $ 195-210) по недела плус 200 за упис и 5 по недела за материјал од кој ќе учат.

         

        1. За другите насоки независно од колеџот има различни цени и најчесто материјалите и уписот се вклучени во цената по семестар.

         

About the Author