info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Тајните зад имињата на европските метрополи

Print Friendly, PDF & Email

Европските метрополи се градови кои сите ги посетуваме во некој период од животот. Фасцинирани од нивната убавина, сигурно никогаш не сме се запрашале од каде доаѓаат имињата, ниту пак кои тајни се кријат зад нив.

Барселона го должи своето име на генералот Хамикар, татко на прочуениот Ханибал. Хамикал ги „удрил темелите“ на Барселона, а името на градот потекнува од неговото презиме Барса, што на пунски значи „молња“.

Според германската народна традиција, Берлин своето име го добил од зборот „bär“ што значи „мечка“, кој е симбол на Берлин. Сепак, според други теории, името на градот всушност доаѓа од словенскиот збор за мочуриште – „berl“.

Името на романскиот главен град, Букурешт, доаѓа од Букра, историски јунак, кој според легендите бил принц, рибар, овчар или ловец. На романски јазик „букурија“ значи „среќа“.

Манчестер, кој порано се викал Мамуцио, денешниот назив го добил од „Mameceastre“ што значи „дојка“ или „брдо во облик на дојки“.

Името на Ливерпул доаѓа од старо-англиски збор „lifer“ што значи „дебела, засирена вода“ и „pool“ што значи „базен“.

Шведската престолнина Стокхолм името и го должи на комбинацијата од зборови „stäk“ што значи „залив“ и зборот „holm“ што значи „остров“.

Името на главниот град на Норвешка, Осло, најверојатно доаѓа од зборот „os“ што значи „устие“. Иако постојат и други теории, ова е најреална со оглед на локацијата на која се наоѓа градот.

Копенхаген во превод значи „трговска порта“, а името доаѓа од данските зборови „køber“ што значи „трговец“ и „havin“ што значи „порта“.

Истанбул го должи своето име на турската верзија од грчката фраза „eis tan polin“ што во превод значи „во град“. Синтагмата е искористена од причина што Константинополис во тоа време бил над сите останати градови во светот, па Грците едноставно го викале само „градот“.

Хамбург го носи своето име од зборот „hamma“, кој во превод значи „заден дел на коленото“. Тоа во преносна смисла значи лак или агол, со оглед на локацијата на Хамбург.

Париз во античко време се викал „Lutecia Parisorum“, а подоцна само „Parisli“. Овој назив доаѓа од старото племе „Паризи“, кој од градот направиле цела престолнина.

Минхен во коренот на своите зборови го има изразот „mönch“ што значи „монах“.

Фиренца, на латински „Florencia“, во својот назив го содржи презимето на фамилијата Медичи, а во превод значи „цутење“.

Според една теорија, името на Лондон доаѓа од изразот „Londinium“ што значи „место кое му припаѓа на човек по име Лондинос“. Сепак, оваа теорија подоцна не е прифатена, а друго објаснување нема.

About the Author