info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Третина од светот сака да работи во Германија

Print Friendly

Третина од светот сака да работи во Германија

 

Германија е најпопуларната дестинација во која не се зборува англискиот јазик за странските работници според глобално истражување. Кои националности најчесто работат во Германија и каде сакаат да работат Германците?

Германија е 4-та најпопуларна држава за работа на глобално ниво по САД, Велика Британија и Канада, соодветно. Една третина од 200.000 испитаници кои биле испрашани изјавиле дека би сакале да се преселат во земјата.

Берлин е 6-ти најпопуларен град за работа во светот. Истражувањето го спроведоа „Step stone“ и Бостонската консултантска група. Лондон е на првото место меѓу градовите, пред Њујорк и Париз.

Жителите на југоисточна Европа покажуваат најголем интерес за преселба во Германија. Тоа се посебно работниците од Босна и Херцеговина и Србија. 64% од вработените во Србија сакаат да се преселат во Германија. Во Холандија процентот изнесува 51, додека половина од Финците сакаат да го сторат истото.

„Германија е магнет за меѓународни работници“, изјави Себастијан Детмерс од „Step stone“. „Економската стабилност, големиот број работни места и добриот начин на живот ја прават Германија добра опција за повеќе и помалку вештите луѓе кои бараат работа.“

Меѓутоа, само 44% од Германците сакаат да работат надвор од својата земја. За Германците најпривлечна е Швајцарија, по која следуваат САД и Велика Британија.

Најголемата причина за одење надвор од својата земја за Германците не се парите, ами личниот развој. Ним им е привлечен предизвикот за работа помеѓу луѓе од различна култура. Од друга страна, оние од економски неразвиените земји се оние кои сакаат да се преселат за парите.

Истражувањето било спроведено на 200.000 луѓе од 189 земји во периодот од април до јуни годинава.

About the Author