info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

USA Internship/Training- Програма за Размена/Тренинг во САД

Print Friendly

USA Internship/Training

Програма за Размена/Тренинг во САД

Дали сте возбудени да научите повеќе за Америка, да стекнете пракса во вашата област на студирање и во исто време да се здобиете со професионална кариера?

Американците се уште пољубопитни да научат за вас и вашата култура и да го споделат нивното знаење и искуство со вас. Ова е вистинската причина зошто State Departmеnt-от на САД  ја создаде Ј-1 програмата за размена на студенти. Главна цел на програмата е на студентите од прекуокеанските земји да им обезбеди можност за живот и професионална надоградба во областа во којашто студираат или работат.

Придобивки и Награди
 

·         Интернационално работно искуство и пракса во одредена област

·         Учење и усовршување на англискиот јазик

·         Стекнување самодоверба и самостојност

·         Нови пријателства

·         Патување низ Америка во слободното време

Пограма за размена во САД

Опции на програмата за размена
 

Зип Травел Ви нуди два начина на учество во програмата за размена. Првиот начин е размената да Ви ја обезбедиме ние (Premium Program), а другиот начин е самите да си обезбедите компанија за професионална пракса со тоа што ние ќе ја потврдиме истата за Вас и ќе ја спроведеме комплетната процедура (Independent Program).

Premium Internship/Training Program

Premium Internship/Training Program Ви овозможува вие да изберете компанија и област на усовршување од широкиот спектар на Premium работни понуди и компании со коишто ЗИП Травел располага. Тимот на Зип Травел работи во ваш интерес согласно со портфолијата на нашите партнери со цел да ви овозможи избор на компанија каде што ќе можете да постигнете максимална придобивка од програмата. Компаниите кои обезбедуваат работни места се со максимално професионален карактер и учесниците добиваат шанса добро да се вклопат во дејноста. 

Што вклучува Premium Internship/Training Program?
– Можности за пракса во реномирани американски компании

– Интервју за работа помеѓу апликантот и компанијата

– Детално изработен план за праксата

– DS-2019 формулар (Сертификат за кфалификација потребен за работна студентска виза)

– Ориентација

– Здравствено осигурување за времетраење на програмата

– 24 часовна поддршка за време на престојот во Америка

Ј-1 Виза процедура, цели, барања и компарација помеѓу Internshipи Trainingпрограмата

Целите и барањата на двете горенаведени програми се објаснети во понатамошните точки.

Програма за размена
Тренинг Програма
Цели на програмата
Усовршување на вашата кариера и знаење преку структурирана тренинг програма, како и учење нови работи за американската бизнис култура.
Услови кои учесникот мора да ги исполнува
  • Возраст над 18 години
  • Статус на студент надвор од САД или поминато најмногу 12 месеци од дипломирање
  • Напредно познавање на англиски јазик
  • Возраст над 20 години
  • Поседување на едногодишен степен или сертификат од институција надвор од САД; или 5 години професионално работно искуство
  • Напредно познавање на англиски јазик
Основни позиции
 Можни позиции на основно ниво
 Професионални позиции кои бараат претходно искуство
 Примери на можни позиции:
     

·   Сектор за храна и пијалоци

·   рецепција

·   канцелариски асистент

·   кулинарство

 Примери на можни позиции:

·               хотелски супервизор

·               банкет супервизор

·               менаџмент практикант

·               операционен практикант

·               IT практикант 

Времетраење на програмата
Програмата трае најмногу 12 месеци
 Програмата трае најмногу 18 месеци (до 12 за туризам и угостителство)
Дати за аплицирање
Преку целата година
Преку целата година
Потребни иформации за компанијата
  • Идентификационен број на компанијата
  • Осигурителна полиса на компанијата
  • Безбедносен сертификат на компанијата
  • Годишен промет од 3 милиони долари  или минално 25 вработени
  • Идентификационен број на компанијата
  • Осигурителна полиса на компанијата
  • Безбедносен сертификат на компанијата
  • Годишен промет од 3 милиони долари или минално 25 вработени
Како да аплицирате:
PREMIUM ICT ПРОГРАМА
  • Потпишување договор (Зип Травел-Студент)
  • Тестирање на англиски јазик (погледни ја табелата подолу во текстот)
  • Потребни документи:

            – копија од валиден пасош

            – потврда за редовен студент или диплома

            – пополнет формулар издаден од Зип Травел

            – интервју од страна на претставник на Зип Травел 

  • Плаќање на апликационен трошок (прв депозит – 600 Американски долари)
  • Потпишување на програма со работна понуда од страна на Зип Травел
  • Плаќање на работната понуда (втор депозит во зависност од времетраењето на програмата 6,12 или 18 месеци)
  • Потпишување на формуларот DS-2019
  • Интервју за виза во Американска Амбасада во Скопје (131 долар за интервју, 180 долари заSEVIS такса и 12 долари за пин код)
  • Авионски билет (купен во Зип Травел)  

INDEPENDENT ICT ПРОГРАМА

  • Потпишување договор (Зип Травел-Студент)
  • Тестирање на англиски јазик (погледни ја табелата подолу во текстот)
  • Потребни документи:

            – копија од валиден пасош

            – потврда за редовен студент или диплома

            – пополнет формулар издаден од Зип Травел

            – интервју од страна на претставник на Зип Травел

            – договор со компанијата

            – план за тренинг/размена

            – копија од осигурителна лиценца за работа на компанијата

  • Плаќање на апликационен трошок (прв депозит- 600 Американски долари)
  • Потпишување на програма со работна понуда од страна на Зип Травел
  • Плаќање на работната понуда (втор депозит во зависност од времетраењето на програмата 6,12 или 18 месеци)
  • Потпишување на формуларот DS-2019
  • Интервју за виза во Американска Амбасада во Скопје (131 долар за интервју, 180 долари за SEVIS такса и 12 долари за пин код)
  • Авионски билет (купен во Зип Травел)

Листа на тестови за напредно познавање на Англиски јазик*:

TOEFL
551 поени писмен тест
213 computer based
TOEIC
760
Testpodium
41
Michigan Test
82
SLEP *
60
Зип Травел Ви нуди можност доколку немате положено  ниеден од горенаведените тестови, тестирање по англиски јазик (Michigan Test) да имате во Зип Травел.
About the Author