info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

USA Tax Refund

Print Friendly, PDF & Email
USA Tax Refund

Доколку сте работеле во САД на програмите USA Work and Travel и Internship/Career Training вие сигурно сте плаќале данок на приход на платата што сте ја заработиле.  Дали сте заинтересирани за повраток на вашите пари? ЗИП Травел е вистинското место да го направите тоа. Нашите даночни професионалци ќе ги направат сите напори за да ви овозможат најдобра услуга за повраток на платениот данок на приход во согласност со законот за данок во САД.   Аплицирајте сега за да добиете повраток на средствата коишто веќе сте ги платиле во име на данок во 2009, 2010, 2011 година.

Потрербни документи за повраток на данокот:

·        Апликација (издадена од страна на ЗИП Травел)

·        Копија од вашиот пасош

·        Копија од визата за САД

·        Копија од формуларот DS 2019

·        Копија од  Social Security Card

·        W-2 Формулар и/или последен paycheck од сите ваши работодавци во САД(оригинали)

* Важно е да ни ги доставите W-2 Form и/или последните paychecks од вашите работодавци коишто сте ги имале за време на вашата работа во САД за да можеме да ја спроведеме процедурата за повраток на данокот.

Wформулар– го покажува вашиот приход и платениот данок за време на календарската година. Според законот на САД, секој работодавец е должен по пошта да го испрати W-2 формуларот пред 31 јануари на адресата дадена од студентот/работникот. Ако сѐ уште не сте го добиле W-2 формуларот од сите ваши работодавци до крајот на февруари, Ве молиме побарајте наша помош за побрзо пронаоѓање на вашиот W-2формулар.  

Средства:

Износот на вратениот федерален и државен данок зависи од државата во којашто сте работеле, вкупната плата што сте ја примале и вкупните давачки што сте ги платиле на Владата на САД ( во 90 од 100 случаи овозможуваме 100% повраток на средствата што сте ги платиле во име на данок во САД). Проверете ја нашата Free Calculation (слободна проценка) за USA Tax Refund со кликнување на следниот линк.

Данокот за Social Security и Medicare за корисниците на J, F, M или Q визите се враќа 100%.

Времетраење на процесот за повраток на паричните средства

Почнувајќи од 1 Јануари, просечното време за обработка на апликацијата за Tax Refund за федерален и државен данок изнесува од 80-120 дена од датумот на поднесување на сите потребни документи. Ако ја поденесте вашата апликација после 1 Април, процесот може да потрае и до 180 дена. Во случај институциите на САД да побараат прегледување на вашите даночни формулари и соодветен доказ за автентичноста на поднесените документи, процесот за повраток на средствата може да потрае подолго отколку вообичаено.

Данокот за Social Security и Medicare се враќа просечно во период од 6-8 месеци, поради тоа што студентите кои заминале во Америка на J1виза, не се обврзани да ги плаќаат овие даноци.

About the Author