info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Во што се разликуваат туристичките агенции со лиценца ,,A” и лиценца ,,Б”

Print Friendly, PDF & Email

Во што се разликуваат туристичките агенции со лиценца ,,A” и лиценца ,,Б”

 

Туристичките агенции за вршење на дејноста мора да имаат лиценца за вршење на туристичката дејност. Лиценцата може да биде лиценца “А” и лиценца “Б”. Лиценцата ја издава органот на државната управа надлежен за работите од областа на туризмот или овластена институција.
Периодот на важење на лиценцата е неограничен.
Услови за давање на лиценца „А”,и лиценца „Б
За добивање лиценца „А” туристичката агенција мора да ги исполнува следниве услови: -организатор на патување
1) да склучи годишен договор со осигурително друштво за осигурување за одговорност од вршење на дејноста во износ од 100.000 евра во денарска против-вредност или да обезбеди банкарска гаранција во износ од 100.000 евра;
2) лицето кое раководи со туристичката агенција треба да има сертификат за раководење со туристичката агенција;
3) да има најмалку четири вработени лица, од кои најмалку едно лице со високо образование и две лица со доказ дека познаваат еден од светските јазици и
4) да има туристички придружник при секоја реализација на патувањето во земјата и странство за најмалку десет лица, како и туристички водич за посета и разгледување на туристичките места.
За добивање лиценца “Б” туристичката агенција – посредник во продажба на туристичко патување, мора да ги исполнува следниве услови:
– да има најмалку едно вработено лице, со доказ дека познава еден од светските јазици и
– да има склучено договор за соработка со туристичка агенција – организатор на патување со лиценца “А”.
За да се стекне со сертификат за раководење со туристичката агенција лицето треба да полага стручен испит пред испитна комисија. Испитната комисија за полагање на стручен испит за добивање на сертификат за раководење со туристичка агенција, ја формира високообразовната установа за туризам и угостителство.
Услуги од туристичките агенции во зависност од лиценцата
Туристичка агенција со лиценца ,,А”
Имателот на лиценца „А”, може да врши организирање на туристички патувања во земјата и во странство (туроператорска дејност).
Врз основа на добиената лиценца „А”, туристичката агенција може да се занимава и со посреднички, организаторски, информативно – советодавни и промотивни активности и други активности во врска со патувањето и престојот на корисниците на услугите во земјата и во странство.
За продажбата и реализацијата на туристичкиот аранжман, туристичката агенција која има добиено лиценца „А” склучува договор со корисникот на туристичките услуги.
Туристичка агенција со лиценца ,,Б”
Туристичката агенција, носител на лиценца „Б” може да врши продажба и посредување на туристичките патувања организирани од вршителите на туристичката дејност со лиценца „А”, како и други услуги во согласно Законот за туристичка дејност.
Туристичката агенција која добила лиценца „Б” може да ги врши сите активности во земјата и странство , ако е овластена од страна на туристичката агенција која поседува лиценца „А” со склучување на договор.
Туристичката агенција – посредник со лиценцата Б која нуди продажба и продава туристичко патување на организаторот на патувањето, е должна во патничката
програма и потврдата за патување да го назначи својството во кое настапува, бројот на лиценцата на организаторот на патувањето и на патникот да му ја врачи непосредно или по електронски пат, истовремено со издавање на потврдата за патување, програмата и општите услови на патување на организаторот на патување.Овие туристички агенции нудат и продаваат само туристички патувања на организаторите на патувања, со кои има склучено договор за посредување и тоа под исти услови, како и организаторот на патувањата.
Странски туристички агенции
Странска туристичка агенција која носи туристи во Република Македонија, без посредство на домашна туристичка агенција со лиценца А, или без склучен договор со туристички водич во Република Македонија, има обврска во рок од 24 часа од часот на влегувањето во Република Македонија, да ангажира домашен туристички водич со склучување договор со еден од следниве вршители на туристичка дејност:
 Здружението на туристички водичи и придружници,
 туристичка агенција со лиценца А,
 туристичко биро или
 физичко лице – туристички водич.
За обврската странската туристичка агенција се информира од страна на вршителот на угостителската дејност кој управува со објектот за сместување.
Престанок на лиценцата
Лиценцата престанува да важи:
 врз основа на барање на носителот на лиценцата за бришење од Регистарот на туристичките агенции;
 врз основа на решение за одземање на лиценцата и
 ако туристичката агенција во периодот на важење на лиценцата престане да ги исполнува условите за вршење туристичка дејност, односно определените услови за добивање соодветна лиценца предвидени во членовите 31 и 32 од овој закон.
Решение за престанок на важење на лиценцата донесува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на туризмот и овластената институција .
Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на туризмот, може да ја одземе лиценцата, ако:
 организаторот на патувањето во периодот на важење на лиценцата престане да исполнува најмалку два од предвидените услови за добивање лиценца;
 на организаторот на патување во периодот на важење на лиценцата му биде изречена повеќе од два пати прекршочна и управна мерка, поради неисполнување на обврските предвидени во Законот за туристичка дејност и
 туристичката агенција – посредник со лиценца “Б” продава сопствени туристички аранжмани.

About the Author