info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

 

Wizzair

 

 

 

 

Дестинација

Ден и сат

на летање

од Скопјe::

од град::

Ајндховен

Холандија

Милан Бергамо

Италија

Венеција Тревсо

Италија

Малме

Шведска

 Дортмунд Германија Лондон Лутон

В:Британија

Минхен Мемингем

Германија

Базел Мулуз

Швајцарија

Понеделник W67743 06.00-07.55

W67744 08.40-10.35

W67711 16.30-19.15

W67712

19.45 – 22.25

 W67727 11.10 -13.15

W67728 13.45-15.45

Вторник  W7701 06.00-08.15

W67702 09.00-13.15

W6 7731 14.00-16.15

W6 7730 16.45-19.00

Среда W67715 10.45-13.30

W67716 14.00-16.40

 W67751 06.00 – 07.45

W6 7752 08,30-10,15

W67721 17.25 – 19.25

W67722 20.20 – 22.50

Четврток   W7701 06.00-08.15

W67702 09.00-13.15

Петок W67711 16.30-19.15

W67712  19.45 – 22.25

Сабота W67721 17.25 – 19.25

W6 7732 16.45 – 19.20

Недела W67715 10.45-13.30

W67716 14.00-16.40

 W7701 06.00-08.15

W67702 09.00-13.15

Еден правец  од 19 Еур   од 19 Еур  од 19 Еур   од 19 Еур   од 19 Еур   од 19 Еур  од 19 Еур   од 19 Еур
 Повратна карта  од 29 Еур   од 29 Еур   од 29 Еур  од 29 Еур  од 29 Еур   од 29 Еур  од 29 Еур   од 29 Еур

 

 

Wizzair

 

Kако се резервира?
>Во агенција или преку интернет

Ова е најекономичниот и најбрзиот начин на резервирање седишта на Wizz Air. За да го сторите тоа, едноставно  обратете ни се нас и ние за вас ќе извршиме резервација, проверка на најефтина тарифа, и плаќање , без опасност да некој ја злоупотреби Вашата кредитна картичка,

Нормално тоа можете да го направите и сами па започнете со резервирање на почетната страница и следете ги едноставните чекори. Штом ќе ги внесете сите информации за резервација, патник, контакт и начин на плаќање, ќе добиете план на патување со единствена потврдувачка шифра. Планот на патување ги содржи и деталите за бројот на летот, датумот и времето на патување, поаѓањето и дестинацијата, како и полната цена.

Wizz Air секогаш на патникот ќе му даде точна анализа за сите трошоци поврзани со вкупната платена цена.

За резервирање преку интернет, лицето кое врши резервација мора да има најмалку 18 години во време на резервирањето. Лондон

Wizz Air ги прифаќа следниве начини на плаќање:

– Банковна картичка: Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro дебитни и кредитни картички

-Банковен налог

-Wizz Сметка
преку телефон

Резервирањето со Повикувачкиот центар на Wizz Air е лесно и едноставно. Повикајте го нашиот посветен тим на Wizz Air во вашата област за да зборувате со еден од нашите агенти за резервации. Кликнете тука за преглед на списокот на нашите повикувачки центри и нивните телефонски броеви.
Кликнете тука за да дознаете повеќе за таксите на Повикувачкиот центар.
барања за специјални услуги

Доколку имате посебни барања за патување, известете не! Доколку имате потреба од инвалидска количка, патувате со багаж со неправилна големина или имате специјално барање, контактирајте со нашиот Повикувачки центар на денот на резервирањето. Со барањата не се ракува и не се обработуваат преку интернет. Во секое време, доколку не сте сигурни околу деталите на резервацијата, ви препорачуваме да контактирате со Повикувачкиот центар за да разговарате со еден од нашите посветени агенти за понатамошна помош.
вашата потврдувачка шифра

Wizz Air е авиокомпанија без карти. Не се издаваат претходно испечатени карти при резервирањето, преку интернет или преку Повикувачкиот центар. Потврдувачката шифра, која се издава штом ќе резервирате, претставува референца за патување. Забележете го тоа. Wizz Air ќе ви испрати потврдувачка е-пошта која ги содржи планот на патување и потврдувачката шифра. Во случај на пријавување на аеродром, тоа ќе биде вашата сметка, која можете да ја испечатите и да ја понесете со вас на аеродромот на денот од патувањето и да ја покажете на шалтерот за пријавување.

Не заборавајте ја потврдувачката шифра и важечкиот пасош/личната карта на денот на патувањето.

Во случај да сте одбрале пријавување преку интернет, следете ги упатствата за Пријавување преку интернет.

 

 

WizzairРЕЗЕРВАЦИЈА

Резервирање

Патниците може да резервираат преку интернет (wizzair.com), преку Повикувачкиот центар, преку патнички агенти или на шалтерите на повеќето аеродроми. Патниците што ќе резервираат преку Повикувачкиот центар ќе мора да платат дополнителна Такса за Повикувачки центар .

Wizz Air е авиокомпанија без карти и во ниту еден случај не издава карти. Наместо тоа, при резервирањето патниците добиваат потврдувачка шифра. Таа потврдувачка шифра мора да се прикаже на шалтерот за пријавување, заедно со важечки документ за идентификација со фотографија, со цел да се добие карта за влез во авионот. Во зависност од значењето на резервацијата, патниците добиваат потврдувачка шифра преку е-пошта (резервирање преку интернет), по пошта или по телефон (резервирање по телефон преку Повикувачкиот центар).

Летови со преседнување Лондон

Доколку сте резервирале лет со преседнување со Wizz Air, тоа претставува посебен договор. Wizz Air превезува патници само директно помеѓу два града. Тој не нуди услуга на поврзување летови и затоа треба да се пријавите со багажот посебно за секое патување. Нема да се обезбеди превоз на патници или багаж. Од таа причина, не преземаме одговорност за кој било последователен лет што патниците можеби ќе го пропуштат. Ве советуваме да си дозволите доволно време помеѓу закажаното време на летот што пристигнува и закажаното време на поаѓање на следниот лет, за да го подигнете чекираниот багаж и да ги завршите пријавувањето и безбедносната контрола за следниот лет.

Цени за карти, такси, наплаќања и други такси

Wizz Air нуди цени за карти во еден правец, така што нема максимално или минимално барање за престој. Цената за карта вклучува задолжителни такси, наплати и најнизок износ од други такси, коишто се неизбежни за остварување резервација, но не ги вклучува таксите за изборни услуги достапни за патниците по нивен избор.

WizzairПлаќање

Летовите на Wizz Air може да се резервираат и платат покрај агенција , преку интернет или преку Повикувачкиот центар со кредитна картичка или со втисната дебитна картичка. Исто така, можете да резервирате и да платите кај еден од напите партнерски патнички агенти и на шалтерите на аеродром со кредитна картичка или во готово. Во неколку случаи можете да платите со банковен налог. За повеќе детали прочитајте ја страницата како се резервира.

Промена на резервацијата

а) Промена на време на лет и маршрута

Патниците можат да го менуваат датумот на своите летови, времето и маршрутата на летот, на интернет, преку Повикувачкиот центар или патничките агенти до 3 часа пред закажаното време на поаѓање на летот. Ќе треба да платите административна такса и секоја разлика во цената, доколку е применливо. Доколку достапната цена за превоз или применливите даноци, таксите или наплатите се пониски за новиот лет, ќе се надомести само разликата од пониските даноци.

Летовите резервирани кај еден авиосубјект на Wizz Air – Wizz Air Бугарија (код на авиокомпанија 8Z), Wizz Air Унгарија (код на авиокомпанија W6) или Wizz Air Украина (код на авиокомпанија WU) – не може да се променат на летови со кои управува друг авиосубјект на Wizz Air. Домашните летови не може да се заменат со меѓународни летови и обратно.

б) Промена на име на патник

Името на патникот може да се промени преку Повикувачкиот центар до 3 часа пред закажаното време на поаѓање. Ќе треба да платите такса за промена на име . Таксата за промена на име се наплаќа по променето име, по сектор.

По пријавувањето преку интернет сѐ уште може да се направат промени на резервацијата (освен промена на летот и името) или да се купат дополнителни услуги. Забележете дека во случај кон резервацијата да се додадат WIZZ Xpress, WIZZ XXLong или WIZZ Reserved Seat, тогаш треба
-повторно да се испечати картата за влез во авион
или
-да се продолжи кон шалтерот за пријавување на аеродромот за да се добие налепница која ги прикажува промените на постоечката карта за влез во авионот.

Надоместоци

Цените за карта и таксите се надоместуваат само во случаи и под услови како што се наведени во Општите услови на превоз.

Во случај на смрт на член на семејството (мајка, татко, сопруга, сопруг, партнер со кој се живее во заедница, сестра, брат, баба, дедо, дете, внук) на патникот до 30 дена пред закажаниот датум на поаѓање на летот, може да се добие надоместок по поднесување барање до услугата за односи со клиентите на Wizz Air во рок од 30 дена од смртниот случај, под услов да се поднесе посмртница за 7 дена од поднесување на барањето.

Известувања Милано

Доколку Wizz Air треба да контактира со патникот пред закажаното време на поаѓање на летот, доколку настанат промени кои влијаат на летот. Затоа, при резервирањето, потребно е да дадете соодветни информации за контакт на коишто патникот ќе биде достапен во секое време (телефонски број/мобилен телефонски број и адреса на е-пошта). Wizz Air не е одговорен за какви било штети во случаи кога наведените адреса на е-пошта и/или телефонски број не се точни или доколку патникот нема пристап или на успеал редовно да ја проверува наведената адреса на е-пошта или патникот не е достапен на ниту еден од наведените броеви.

Доколку резервацијата ја направил патничкиот агент и патникот нема адреса на е-пошта, патничкиот агент ќе наведе своја адреса на е-пошта за резервацијата и ќе го информира патникот за сите известувања што ќе ги испрати Wizz Air, а ќе влијаат на резервацијата.

План на патување

При резервирање преку интернет ќе биде испратен план на патување/потврда до адресата на е-пошта на патникот. Планот на патување вклучува детали за резервираните летови и потврдувачка шифра којашто е уникатна за резервацијата.

Патниците кои резервираат преку Повикувачкиот центар ќе добијат план на патување/белешка по е-пошта или по бесплатен факс или по пошта за дополнителна такса за поштарина .

За патници што резервираат летови преку патничка агенција, планот на патување ќе им го даде патничкиот агент.

УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ

Пријавување и качување

Доколку со вашиот лет управува Wizz Air Унгарија:

Пријавувањето започнува 2 часа и завршува 40 минути пред поаѓањето, согласно распоредот на аеродромот на местото на поаѓање. Доколку не успеете (а) да ги завршите постапките на пријавување до крајниот рок за пријавување или (б) навремено да се појавите на пријавницата или на портата за качување во авион од која било причина, резервацијата ќе ви биде откажана и качувањето во авион ќе ви биде забрането. Вкупната цена ќе ви биде надоместена, откако ќе се одземе износот за таксата за други услуги и таксата за заштита на седиште. Препорачуваме да купите осигурување што ќе покрива загуби, кои поради која било причина, настанале поради ваша спреченост за патување или за пристигнување на пријавувањето на аеродром во дадениот рок.

Патниците со посебни барања или посебни потреби треба да се присутни кај пријавувањето два часа пред закажаното време на поаѓање. Во спротивно можеби нема да можеме навремено да ја завршиме процедурата на пријавување за тој патник.

Доколку со вашиот лет управува Wizz Air Украина:

Пријавувањето започнува 2 часа и завршува 40 минути пред поаѓањето, согласно распоредот на аеродромот на местото на поаѓање. Доколку не успеете (а) да ги завршите постапките на пријавување до крајниот рок за пријавување или (б) навремено да се појавите на пријавницата или на портата за качување во авион од која било причина, резервацијата ќе ви биде откажана и качувањето во авион ќе ви биде забрането, без право на надоместок, освен во услови посебно напоменати во законот на Украина или во Општите услови на превоз за патници и багаж.

Патниците со посебни барања или посебни потреби треба да се присутни кај пријавувањето два часа пред закажаното време на поаѓање. Во спротивно можеби нема да можеме навремено да ја завршиме процедурата на пријавување за тој патник.

Патнички документи

Wizz Air бара сите патници да обезбедат неопходни и важечки патнички документи при пријавувањето и да ги почитуваат барањата на земјата од којашто се полетува, прелетува или на земјата на слетување. Wizz Air нема да биде одговорен за кои било последователни сродни трошоци, доколку на патникот му се одбие влезот во земјата, поради неточен пасош или виза.

Потребно е да ни го дадете полното име на патникот, како што е наведено во неговиот патнички документ што ќе се користи при патувањето. Доколку не го сторите тоа при резервирањето или два часа по резервирањето преку Повикувачкиот центар, ќе се наплати такса за промена на име за менувањето име на патник. Цената за таксата е достапна на веб-локацијата и во Повикувачкиот центар.

Назначување на седиште, седиште со екстра простор за нозе и приоритетно качување со Wizz Xpress

Wizz Air управува со сите авиони во конфигурација на едно седиште и не обезбедува назначени седишта. Ајндховен

Сепак, можете да резервирате седиште со екстра простор за нозе и да седите во едно од најудобните седишта во авионот. Тоа може да се купи преку интернет во моментот на резервирање или подоцна преку Повикувачкиот центар, па дури и на аеродромот штом ќе се пријавите. Доколку сакате да ја купите оваа услуга, кликнете тука за да ја консултирате страницата со такси за услуга.

Алтернативно, можете да ја купите услугата приоритетно качување со Wizz Xpress и да бидете меѓу првите во авионот. Тоа може да се купи и преку интернет во моментот на резервирање или подоцна преку Повикувачкиот центар, па дури и на аеродромот штом ќе се пријавите. Доколку сакате да ја купите оваа услуга, кликнете тука за да ја консултирате страницата со такси за услуга. Сепак, забележете дека купувањето приоритетно качување не ви гарантира претпочитан избор на седиште.

Праксата на Wizz Air да дава приоритетно качување со Wizz Xpress на патници со мали деца и на патници со инвалидитет останува непроменета.

Услуги во авион

Како авиокомпанија со ниски цени Wizz Air не нуди оброци во авионот. Патниците можат да купат освежување и ужини во авионот од Wizz-кафуле.

Користење електронска опрема во авион:

Употребата на следните електронски уреди е забранета за време на целиот лет:

• преносливи FM радио и телевизор

• скенери

• мобилни телефони

• уреди со далечинско управување (вклучувајќи играчки)

• радио предаватели и приемници

• преносливо видео

• CD-, минидиск- и CD-ROM плеери

• цивилни радио уреди

• компјутерски печатачи

• ласерски покажувачи

Следните електронски уреди може да се користат само на висина на патување:

• лаптоп/пренослив компјутер

• компјутерски игри

• видео камери

Употребата на следните електронски уреди е дозволена за време на целиот лет без ограничување:

• срцеви стимулатори (пејсмејкери)

• помагала за слушање

• вградени медицински уреди

• електронски нервни стимулатори.

ПАТНИЦИ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Дополнително на високиот стандард на услуга којшто Wizz Air е посветен да го обезбеди за сите патници, нудиме и дополнително внимание за патниците со посебни потреби. Правилата и процедурите што важат за секоја од овие категории се наведени во овој дел.

Патниците со посебни барања или посебни потреби треба да се присутни кај пријавувањето два часа пред закажаното време на поаѓање. Во спротивно можеби нема да можеме навремено да ја завршиме процедурата на пријавување за тој патник.

Бремени жени

Бремените жени нема да патуваат со летови на Wizz Air по 34-та недела од бременоста. Жени кои ја поминале 28-та недела од бременоста можат да патуваат со Wizz Air само под услов да добијат медицински сертификат што ја потврдува нивната способност за патување со авион. Wizz Air ќе биде одговорен само согласно овие Општи услови на превоз за кои било здравствени проблеми на бремените жени и/или на нивното неродено дете, што може да настанат за време на или како резултат од патувањето со авион.

Патници со инвалидитет

Патниците се сметаат за инвалиди кога нивната физичка, медицинска или ментална состојба бара индивидуално внимание (качување и симнување, за време на летот, при итна евакуација, за време на управување на земја), што обично не е потребно за другите патници.

Wizz Air мора да биде информиран најрано што е можно за физичкиот инвалидитет на патникот, за намалената подвижност, за сериозни или заразни болести и за секоја друга состојба која бара медицинска помош. Барањата може да се поднесат преку интернет, за време на резервирањето или со контактирање на Повикувачкиот центар (препорачуваме да нѐ повикате на денот на резервацијата). Можеби нема да можеме да обезбедиме помош за барања направени помалку од 4 часа пред закажаното време на поаѓање на летот.

Контактирајте нѐ на следните локални броеви:
Земја на потекло на повикот     Јазик     Телефонски број
Белгија     Француски     070 271 268
Бугарија     Бугарски     024 91 70 48
Хрватска     Англиски     0605 50205
Република Чешка     Чешки     0246 019 980
Ирска (Јужна Ирска)     Англиски     01520 932 603
Финска     Англиски     0206 93232
Франција     Француски     0892 390 149
Германија     Германски     0180 533 6900
Грција     Англиски     08252 008 985
Унгарија     Унгарски     0640106166
Италија     Италијански/Романски     199 257 012
Израел     англиски     +972 37219487
Летонија     Летонски     90 200 905
Литванија     Англиски     +37 052 054 250
Македонија     Англиски     +38923207633
Холандија     Англиски     0900 708 0901
Норвешка     Англиски     08105 0057
Полска     Полски     022 351 9492
Романија     Романски     0373763737
Србија     Српски     0900 233 234
Шпанија     Шпански/Романски     902 599 316
Швајцарија     Англиски     0900 000 425
Шведска     Англиски     0770 930 530
Украина     Украински     442064888
Обединето Кралство     Англиски     0871 265 7257
Јазици     Телефонски број
Меѓународен број     Англиски/Германски/Италијански     + 36 1 358 6591
Меѓународен број     Француски/Унгарски     + 36 1 358 6591
Меѓународен број     Чешки/Полски     +48 22 351 9492
Меѓународен број     Романски     +40 373 763 737
Меѓународен број     Украински     +380 (44) 206 4 888
Меѓународен број     Бугарски     +35 924 917 048

Важат локалните цени. Забележете дека тие броеви се назначени само за патници на кои им е потребна посебна помош. Други прашања нема да се решаваат.

Wizz Air го задржува правото да побара целосна медицинска потврда што се однесува на состојбата на патникот и неговата способност да патува со авион, што содржи изречно медицинско одобрување за превоз со авион, во кои било од горенаведените случаи. Wizz Air може да побара квалификувано медицинско лице или негувател како придружба, доколку е потребно.

Доколку тие барања не се исполнат, Wizz Air ќе ја одбие резервацијата.

Во случај Wizz Air да не може да ги обезбеди потребните услови во авионот назначени во медицинската потврда, Wizz Air може да ја одбие резервацијата.

Патниците со инвалидитет ќе се прифатат за превоз согласно следните правила без разлика дали е потребна медицинска потврда. Во случај на сомнеж што се однесува на потребата од таква медицинска потврда, персоналот на земја треба да се консултира со Медицинскиот советник на должност.

Бројот на патници со инвалидитет (лица со намалена подвижност) што се прифатени нема да надмине 28 лица по лет, под услов во истиот авион да може да се превезат максимално 10 патници на кои им е потребна инвалидска количка од пријавувањето до седиштето.

Патниците со инвалидитет, што не се способни да се грижат за себе и не можат сами да ги користат тоалетите во авионот, ќе се прифатат за превоз само кога ќе ги придружува способно возрасно лице.

Барања за инвалидска количка

Патниците на кои им е потребна помош со инвалидска количка мора да го советуваат Повикувачкиот центар за време на резервирањето.

Инвалидските колички што тежат повеќе од 60 килограми (без акумулаторот) или оние кои работат со мокар акумулатор што може да истече, не се прифаќаат за патување.

Сувите акумулатори што не може да истечат ќе бидат прифатени под услов краевите да се изолираат за да се спречи настанување на спој. Акумулаторот мора безбедно да е прикачен за инвалидската количка.

Слепи и глуви патници

Бесплатно обезбедуваме услуга Пречекување и помош за слепите и глувите патници. Барањето мора да се поднесе преку Повикувачкиот центар на денот на резервацијата.

Патници на кој им треба дополнителен кислород

Прифаќаме патници на кои нормално им е потребно дополнителен кислород од медицински причини, доколку обезбедат медицинска потврда за способност за патување со авион без дополнителен кислород за време на назначениот лет. На патниците кои нема да обезбедат таква потврда на шалтерот за пријавување нема да им биде дозволено да патуваат. На патниците не им е дозволено да носат сопствен дополнителен кислород во авионот и во такви случаи Wizz Air не обезбедува кислород во авионот.

Кога треба да ги испратам имињата на патниците?

Имињата на патниците треба да се поднесат преку интернет на wizzair.com не подоцна од 72 часа пред поаѓањето. Имињата може да се поднесат само откако ќе се прими целосната уплата. Пред патувањето проверете дали сте добиле конечна е-пошта за потврда (со имињата на патниците), бидејќи може да не сме го примиле прилогот со имиња на патници и можеби ќе треба да платите такса за Промена на име за секој патник. Доколку не сте добиле е-пошта на два работни дена пред датумот на поаѓање, побарајте ја со контактирање на Повикувачкиот центар.
– ЦЕНИ ЗА ПРЕВОЗ И ПРОМОЦИИ
Резервирав вчера, но денес цените се поевтини. Како може да ја побарам назад разликата во цената?

Генерално, колку порано резервирате, толку цената ќе биде поевтина. Сепак, го задржуваме правото да воведеме промотивни цени помеѓу датумот на вашата резервација и датумот на патувањето (таквата промоција може да влијае на маршрутата за која сте направиле резервација пред почетниот датум на промоцијата). Воведувањето промотивни цени не ви дава за право да барате разлика во цената помеѓу вкупната цена за превоз, што сте ја платиле за резервацијата и вкупната промотивна цена.
Дали цената за превоз го вклучува и превозот на багажот?

Секое парче багаж што треба да се пријави е подложно на такса, по торба, по лет и по патник. Нашата цел е да обезбедиме конкурентни цени каде што се достапни опции на дополнителни услуги за дополнителни такси, само кога е потребно.
Како да бидам известен за специјални и промотивни цени?

Промотивните цени се нудат за ограничен број на седишта на специфични маршрути. За најновите случувања, ве поттикнуваме да ја проверувате нашата веб-локација и/или да се пријавите за Wizz билтен или за членство во Wizz Discount Club.
БАГАЖ
– ЧЕКИРАН БАГАЖ
Колку багаж може да пријавам?

Можете да пријавите до 6 парчиња багаж, што не надминуваат 32 кг поединечно. Секое парче багаж што треба да се пријави е подложно на такса за багаж, којашто се плаќа по торба, по лет и по патник. Првите три парчиња може да се купат преку интернет, а следните три на аеродром. Бројот на торби што треба да се пријават мора да биде назначен и да биде платено за време на процесот на резервирање. Повеќе парчиња багаж може да се додадат подоцна, преку интернет или преку Повикувачкиот центар. Дополнителните парчиња чекиран багаж купени на аеродромот ќе бидат подложни на повисока такса за багаж. Износот ќе зависи од тоа дали е купен на шалтерот за пријавување или принудени сме да пријавиме преголема или претешка рачна торба на портата за качување во авионот. Доколку со вашиот лет управува Wizz Air Украина (код на авиокомпанија WAU) првото парче чекиран багаж за во склад се превезува бесплатно. Секое следно парче багаж што треба да се пријави е подложно на такса за багаж, којашто се плаќа по торба, по лет и по патник. Второто и третото парче може да се купат преку интернет, а следните три на аеродром. Бројот на торби што треба да се пријават мора да биде назначен и да биде платено за време на процесот на резервирање. Повеќе парчиња багаж може да се додадат подоцна, преку интернет или преку Повикувачкиот центар. Дополнителните парчиња чекиран багаж купени на аеродромот ќе бидат подложни на повисока такса за багаж. Износот ќе зависи од тоа дали е купен на шалтерот за пријавување или принудени сме да пријавиме преголема или претешка рачна торба на портата за качување во авионот. Доколку се пријави помалку багаж, таксата за багаж не се надоместува.
Резервирав повратен лет, но сакам да носам багаж само во еден правец. Како да додадам багаж само за една маршрута?

За жал, поради технички ограничувања, не е можно да се купи чекиран багаж преку интернет само во еден правец. Чекиран багаж за во еден правец може да се купи преку Повикувачкиот центар, затоа контактирајте со нашите колеги кои ви стојат на услуга нон-стоп.
Веќе имам резервација. Како да купам дополнителни парчиња багаж?

Може да додадете багаж кон резервацијата преку нашата веб-локација и преку Повикувачкиот центар. Доколку купите дополнителни торби на аеродром, забележете дека важи повисока такса за багаж.
Дали може да добијам надоместок за неискористената такса за чекиран багаж?

Доколку патникот пријави помалку багаж од платеното, таксата за багаж не се надоместува.
Што да направам ако багажот се оштети за време на патувањето?

По пристигнувањето пополнете извештај за штета, пред да заминете од транзитната област, потоа однесете го багажот на поправка, земете сметка, а ние ќе го покриеме трошокот за поправката. Доколку багажот не може да се поправи, земете пишана потврда од работилницата за поправка, што ќе ги назначува типот и вредноста на багажот. Ќе ви биде дадено писмо со упатства по пријавување на проблемот на аеродром. Следете ги упатствата соодветно.
Што да направам доколку ми се загуби багажот?

Агентот за управување ќе ви даде извештај за задоцнувањето на багажот, што може да се користи како осигурување/барање, доколку е потребно. Проверете дали вредноста на багажот е назначена во извештајот. Ќе ви биде даден референтен број, што мора да се користи во секој контакт што ќе го остварите со нас. Ќе ви биде дадено писмо со упатства по пријавување на проблемот на аеродром. Следете ги упатствата соодветно.
– КАБИНСКИ БАГАЖ
КОИ СЕ ДИМЕНЗИИТЕ НА КАБИНСКИОТ БАГАЖ?

Од 24 Октомври Wizz Air лансира нова Политика за Кабински Багаж низ целата своја оперативна мрежа * за да ги поттикне своите патници да внесуваат помал багаж во авионот со што ќе се овозможи процесот на влегување во авионот да биде побрз и полесен.
(*Новата политика не важи за летовите до и од Украина, со исклучок на Будимпешта-Киев и Лондон Лутон-Киев. Политиката не важи за летовите на Wizz Air Украина (WAU))

Погледнете го видеото за новата политика за кабински багаж

Строгата политика на Wizz Air “ само една кабинска торба по патник” останува непроменета.

Која е разликата помеѓу типовите на кабински багаж? – ДИМЕНЗИИ!

1. Мала кабинска торба:
– Ако кабинската торба има димензија 42х32х25 см или е помала може да се внесе во авионот бесплатно. Таа мора да се смести под седиштето пред Вас .

2. Голема кабинска торба:
Ако Кабинскиот багаж е поголем од димензиите на мала кабинска торба, но не преминува димензија од 56 x 45 x 25 см, може да се внесе во авионот со наплата на 600 MKD. Таа мора да се смести во горниот кабински багажник . Патникот мора да е во состојба сам и без помош од некого да ја стави торбата во горниот кабински багажник .

Повеќе информации
Може ли да носам течност во рачниот багаж?

Течностите во кабинскиот багаж се подложни на следните владини ограничувања:

Течноста е во сад со максимален волумен од 100 ml
Сите садови со течност што го исполнуваат максималниот волумен од 100 ml можат удобно да се сместат во провидна пластична кеса од 1 литар, што може повторно да се затвори, со димензии 20cmx20cm.
Пластичната кеса треба да се прикаже одделно кај безбедносната контрола

Кај безбедносната контрола ќе мора да се ослободите од течностите што не ги исполнуваат горенаведените барања.

– СПЕЦИЈАЛЕН БАГАЖ, НЕОБИЧНИ ПРЕДМЕТИ И ЖИВОТНИ
Како може да носам кршливи предмети (на пр. алати, апарати и кујнски уреди, материјали за кои е потребна посебна нега) или предмети со невообичаена форма или големина?

Треба да нѐ информирате за вашата намера да носите некои од горенаведените предмети за време на резервирањето, преку Повикувачкиот центар. Дозволено е да носите такви предмети само со наша согласност. Доколку сакате да носите посебен предмет со вас, треба да платите такса за посебно ракување. Доколку не успеете да го пријавите преносот на гореспоменатите предмети, истиот може да ви биде одбиен и/или ние нема да бидеме одговорни за загуба, уништување, одложување и оштета на таквите предмети.
Како може да носам музички инструмент?

Треба да купите дополнително седиште (по цена за возрасен) за тој багаж под претпоставка дека може безбедно да се смести во авионот. Резервациите преку интернет може да се направат внесувајќи го презимето на патникот како семејно презиме и назначувајќи „EXST“ како име.
Забележете дека инструменти поголеми од виолончело (пр. двоен бас, харфа итн.) мора да се пријават со ознака за ограничено издавање. Овие инструменти се премногу големи и тешки за да се сместат на седиште.
Доколку инструментот, вклучувајќи ја и футролата, не ги надминува димензиите 56x45x25 cm за дополнителен надомест) и 10 кг може да се внесе како кабински багаж. Забележете дека музичкиот инструмент може да ви биде единствениот кабински багаж.
Како може да носам опрема за скијање?

Превозот на спортска опрема е подложен на такса за спортска опрема и мора да биде назначен и да се плати за време на процесот на резервирање. Багажот што е оштетен, кршлив, гломазен, несоодветно спакуван, со задоцнето пријавување или преголем, ќе се прими за превоз со ознака за багаж „Ограничено издавање“ и Wizz Air не прифаќа одговорност за таквите предмети. За барањата за пакување прочитајте ги Корисните информации.
Може ли да носам лекови во чекираниот багаж?

Чекираниот багаж не смее да содржи лекови. Сепак, смеете да носите лек што е потребен за време на летот во кабинскиот багаж. Погледнете ги безбедносните регулативи за носење течност во авионот.
Дали на летовите на Wizz Air може да го носам мојот миленик?

Wizz Air не превезува живи животни освен кучиња-помошници што патуваат заедно со патниците со посебни потреби и ги имаат документите наведени во регулативите на Земјите што учествуваат во превезувањето и ги почитуваат условите на тие регулативи.