info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Законски прописи и ограничувања во Турција

Print Friendly, PDF & Email

Законски ограничувања при патување во Турција

© Copyright 2014 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кога патувате во Турција за вас важат турските закони кои мора да ги почитувате за да не се најдете во непријатна ситуација која ќе го упропасти вашиот одмор и патување. Следат совети за законските ограничувања кои мора да ги почитувате кога патувате за Турција.

Screenshot_1

Транспорт

Доколку патувате со автомобил бидете доста внимателни кога возите. Возачите најчесто ги игнорираат собраќајните правила, како што е поминување на црвено и слично при што доведуваат до чести сообраќајни незгоди. Бидете многу внимателни кога возите навечер, надвор од населени места,  поради големиот број на возачи кои возат без запалени светла, и е тешко да се забележат.

Лимитот за алкохол е 0.50 промили. Казните за возење во алкохолизирана состојба достигнуваат и до 350 евра и одземање на возачката дозвола за период од 6 месеци.

Доколку планирате да изнајмувате мотор потребна ви е возачка дозвола од ‘A’ категорија за мотор со над 50 кубика, додека за мотори под 50 кубика ви е потребна ‘A1′ возачка дозвола. Според законите во Турција, носењето на кацига е задолжително, и непочитувањето на ова правило предвидува високи казни.

За да влезeте во Турција со сопствено возило, потребно ви е да носите пасош, возачка дозвола, сообраќајна дозвола (со полномошно ако возилото гласи на друг), меѓународна зелена карта (со знак важечко за Турција).

turcija baner slika

About the Author