[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

5 Причини Поради Кои Ќе Се Вљубите Во Лефкада

Print Friendly, PDF & Email

 

   Лефкада  претставува многу повеќе од прекрасен остров со светски познати плажи. Начинот на кој овој остров е тесно поврзан со копното преку насип и пловечки мост и дава огромна предност на Лефкада во однос на останатите острови во Јонското море како Кефалонија и Закинтос кога станува збор за патување на овие острови.

Оваа тесна поврзаност имала огромно влијание врз животот, историјата и културата во Лефкада, а резултат на тоа е целокупниот спој на култури од соседните острови и регионалното копно.

За вас ги издвоивме следниве 5 причини кои сигурно ќе го исполнат и разубават вашиот престој во овој прекрасен остров на Јонското Море, и ќе ве натераат да се вљубите во Лефкада.

1. Уживање на плажите во Западниот брег

Нема доволно зборови со кои може да се опише колку е убав западниот брег на Лефкада. Плажи од речиси бел песок, спектакуларни карпи, тиркизно море и смирувачко зајдисонце.

За да стигнете до Порто Кацики и Егремни, двете најпознати плажи на Лефкада, ќе треба да се спуштите 100 чекори надоле за Кацики и 300 чекори за Егремни.

На западниот брег исто така се наоѓаат и Пефкулија, космополитенската Катшисма со бројните бич барови, Агиос Никитас која е разубавена со развиено но традиционално село. Овде се и изолираната Милос до која се стигнува за 20-тина минути, Гиалос, Каваликефта, лоцирана надвор од селото Каламици, и Мегали Петра заедно со Авали до кои е полесно да се стигне а се еднакво атрактивни како претходните.

2. Капење под Димосари водопадот

Димосари водопадот, чија висина е 15 метри, е едно од најубавите изненадувања на Лефкада. Лоциран е во клисурата која го носи истото име над крајбрежјето Нидри, а до него се стигнува со 15-минутно прошетка под чинари покрај реката која е зачинета со импресивни карпести форми одоколу.

Иако течението на водопадот не изгледа многу потентно во летниот период, сепак ладниот базен од вода кој се формира под водопадот е секогаш убаво искушение. А пак малото кафуле на почетокот на патеката е бонус.

3. Откривање на заливи и островчиња на Источниот брег

Богатото зеленило на патот надоле до морето, на заливите, и на островчињата е она што го краси источниот брег на Лефкада. Пристаништето во космополитскиот Нидри и големиот природен залив во блиското Влихо се најпопуларни почетни точки.

Директно спротивно од Влихо, комплексот Гени е добро чувана тајна на Лефкада. Овде се бројните таверни со маси поставени до столбовите, а местото е совршено за оние кои сакаат едрење.

Познатата група од острови ПригипонисиаМадури, Спарти, Скорпиос и Скорпиди – како и малите населени острови Меганиси, Каламос и Кастос кои фунционираат во општинска заедница заедно со Лефкада се создадени за убави екскурзии.

4. Посета на Панагија Фанеромени и останатите манастири

Панагија (Девица Марија) Фанеромени е единствениот потполно функционален манастир на Лефкада, а лоциран е над главниот град. Панагија е заштитникот на островот и многу од жителите на Лефкада го одбираат ова место за крштевање на нивните најмили.

Ако пак ве интересираат и останатите напуштени манастири, трите најсочувани примери кои треба да се погледнат се Кокини Еклисиа (Црвената Црква), блиску до Платистома, Асомато Арханџело Михаил во Вафкери, и Ал-Џианис Серникарис во Вурника. До сите три се стигнува по земјен пат.

5. Јадење на Мандолато и Салами и пиење на Розоли

Локалните салами и прочуеното мандолато (чоколатце со бадеми, мед и целуфки) се високо препорачани локални кулинарни ѕвезди на Лефкада. Влажната клима на островот е совршена за производство на салама, а италијанскиот метод на подготовка се вели дека овде е започнат од трговец кој дошол на Лефкада од Паксос, Буранели, остров во Венециската Лагуна.

Мандолато чоколатцето пак своето постоење им го должи на локалните бербери, за кои се вели дека во минатото ги произведувале зад нивните берберници за поубаво да си го исполнат слободното време меѓу муштерии.

Исто така, напијте се и од прочуеното локално розоли, ликер направен од цимет и портокал. Исто и за овој рецепт, се верува дека на островот е донесен од Венецијанците.

 

Дивиот и егзотичен карактер на Лефкада отсликан на нејзиниот западен брег е совршено избалансиран со спокојниот источен брег кој пак е исполнет со прекрасни заливи и мали острови.

Овде можете да уживате и во останатиот широк спектар од добра храна од свежа риба до фригадели (традиционално локално мезе), можете да уживате слушајќи кантати (традиционални серенади со италијански шмек) и грчка народна музика, да откривате клисури и напуштени манастири, да ги видете легендарните р’тови и светски познатите плажи, да се восхитувате на неконвенционалната употреба на железо во главниот град како екстериорен дел на горните катови од зградите, и да уживате во разни фестивали и културни настани враќајќи се со убави сувенири и прекрасни спомени.

 

About the Author