info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

         

 

СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН РИМ….

”Вечниот град“, ”Градот на седум ридови” или “Престолнината на светот” е всушност една од најатрактивните и најпосетени европски дестинации. Создавањето на Рим е обвиткано со магла од легенди, па без обзир на тоа колку ни делува нестварно, денеска најблиска ни е Легендата за Ромул и Рем и Волчицата која ги одгледала на Палатино, едно од седумте Римски брда. Според неа, Ромул откако го убил Рем, ги пронашол ѕидините на напуштениот град на брегот на реката Тибар и му дал име Рим. Ова се случило на 21 април 753 год, пред нашата ера, па со право градот го носи името Вечен град. Рим е културно-историски центар на Италија и Европа, а стариот дел на градот е вистински музеј на отворено исполнет со остатоци од древни згради, триумфални капии, плоштади со фонтани, Цркви и Катедрали и познатиот Колосеум кој е најголемиот амфитеатар воопшто изграден во Римското Царство. Овде е навистина премногу тешко да се одвои она што мора де го видите, но сепак ќе ги спомнеме најинтересните и најважни знаменитости. Не пропуштајте ја посетата на Ватикан, на Колосеумот, Црквата Св. Петар, Шпанските скали, Виа Венето и секако фрлете паричка во фонтаната Ди Треви со желба повторно да дојдете во овој град кој ќе ви остане во незаборавно сеќавање.

 

Програма на патување

25 Мај (петок)         СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:40 часот. Лет за Рим (W6 7757) во 13:40ч. Пристигнување во Рим во 15:25 часот. Трансфер до хотелот со попатно панорамско разгледување на градот: Виа Венето, Шпанските скали, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св.Петар, Фонтаната Ди Треви… Сместување и слободно време за индивидуални активности.  Ноќевање.

26Мај (сабота)     РИМ – ВАТИКАН
Појадок. Факултативна посета на Ватикан. Разглед на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, црквата Св.Петар… По разгледот, препорачуваме прошетка преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, познат и како уметничка четврт на Рим. Можност за краток одмор со уживање во вкусот на италијанското кафе. Посета на Пантеон, храмот на сите богови – денес најпознатата римска црква. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Вечерта можност за вечера во национален ресторан со мени од италијанската кујна. Ноќевање.

 27 Мај (недела)     РИМ – ТИВОЛИ
Појадок. акултативна посета на местото Tиволи. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, во ликот на нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Можност за пријатна прошетка (со метро) низ Рим, со посета на катедралната црква посветена на Св.Павле, како и на црквите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, Сан Пјетро ин Винколи, црквата Сан Клементе со капелата и гробот на Св. Кирил… Слободно време за индивидуални прошетки.Ноќевање.

28 Мај (понеделник)         РИМ  – СКОПЈЕ
Појадок. Појадок. Напуштање на хотелот и слободно утро за индивидуални прошетки. Трансфер до аеродромот во Рим. Лет за Скопје (W6 7758) во 16:00ч. и пристигнување во 17:35 часот.Ноќевање.

Hotel 3* / 4*

Термин

25.05 – 28.05.2018 (Петок-Понеделник)

Услуги

BB (Ноќевање со појадок)

Денови / ноќевања

4д / 3н

Цена на Пакет Аранжман по Лице во 1/2 соба за рана резервација до 10.04:

399 € / 24.738 мкд

Цена на Пакет Аранжман по Лице во 1/2 соба

449 € / 27.838 мкд

Доплата за еднокреветна соба:

100 € / 6.200 мкд

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА  НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 20 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1

Забелешки

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:         

  •  Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје (Wizz Air)
  •  Аеродромските такси во Скопје и Рим
  •  Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром – хотел – аеродром
  •  Сместување во хотел 3*/4*, на база 3 ноќевања со појадок
  •  Организиран панорамски разглед на Рим со водич
  •  Голема кабинска торба (55x40x23), максимум 10кг.
  •  Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО

  •   Посета на Ватикан со вклучен водич, резервација, слушалки и влезница 45€
  •   Посета на Тиволи со вклучен трансфер, водич и влезница 55€
  •   Задолжително патничко осигурување
  •   Задолжителна такса , 4 Еур по лице на ден  во Хотел 3*; 6 Еур по лице на ден во Хотел 4* (се плаќа на рецепција во хотел)

 

 Забелешки:

  •    За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот;
  •    Целосна уплата, десет дена пред започнување на аранжманот;
  •    Организаторот на патувањето го задржува правото, да ја промени и цената на аранжманот;
  •    Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети;
  •   Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот;
  •   Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

 

   Лефкада  претставува многу повеќе од прекрасен остров со светски познати плажи. Начинот на кој овој остров е тесно поврзан со копното преку насип и пловечки мост и дава огромна предност на Лефкада во однос на останатите острови во Јонското море како Кефалонија и Закинтос кога станува збор за патување на овие острови.

Оваа тесна поврзаност имала огромно влијание врз животот, историјата и културата во Лефкада, а резултат на тоа е целокупниот спој на култури од соседните острови и регионалното копно.

За вас ги издвоивме следниве 5 причини кои сигурно ќе го исполнат и разубават вашиот престој во овој прекрасен остров на Јонското Море, и ќе ве натераат да се вљубите во Лефкада.

1. Уживање на плажите во Западниот брег

Нема доволно зборови со кои може да се опише колку е убав западниот брег на Лефкада. Плажи од речиси бел песок, спектакуларни карпи, тиркизно море и смирувачко зајдисонце.

За да стигнете до Порто Кацики и Егремни, двете најпознати плажи на Лефкада, ќе треба да се спуштите 100 чекори надоле за Кацики и 300 чекори за Егремни.

На западниот брег исто така се наоѓаат и Пефкулија, космополитенската Катшисма со бројните бич барови, Агиос Никитас која е разубавена со развиено но традиционално село. Овде се и изолираната Милос до која се стигнува за 20-тина минути, Гиалос, Каваликефта, лоцирана надвор од селото Каламици, и Мегали Петра заедно со Авали до кои е полесно да се стигне а се еднакво атрактивни како претходните.

2. Капење под Димосари водопадот

Димосари водопадот, чија висина е 15 метри, е едно од најубавите изненадувања на Лефкада. Лоциран е во клисурата која го носи истото име над крајбрежјето Нидри, а до него се стигнува со 15-минутно прошетка под чинари покрај реката која е зачинета со импресивни карпести форми одоколу.

Иако течението на водопадот не изгледа многу потентно во летниот период, сепак ладниот базен од вода кој се формира под водопадот е секогаш убаво искушение. А пак малото кафуле на почетокот на патеката е бонус.

3. Откривање на заливи и островчиња на Источниот брег

Богатото зеленило на патот надоле до морето, на заливите, и на островчињата е она што го краси источниот брег на Лефкада. Пристаништето во космополитскиот Нидри и големиот природен залив во блиското Влихо се најпопуларни почетни точки.

Директно спротивно од Влихо, комплексот Гени е добро чувана тајна на Лефкада. Овде се бројните таверни со маси поставени до столбовите, а местото е совршено за оние кои сакаат едрење.

Познатата група од острови ПригипонисиаМадури, Спарти, Скорпиос и Скорпиди – како и малите населени острови Меганиси, Каламос и Кастос кои фунционираат во општинска заедница заедно со Лефкада се создадени за убави екскурзии.

4. Посета на Панагија Фанеромени и останатите манастири

Панагија (Девица Марија) Фанеромени е единствениот потполно функционален манастир на Лефкада, а лоциран е над главниот град. Панагија е заштитникот на островот и многу од жителите на Лефкада го одбираат ова место за крштевање на нивните најмили.

Ако пак ве интересираат и останатите напуштени манастири, трите најсочувани примери кои треба да се погледнат се Кокини Еклисиа (Црвената Црква), блиску до Платистома, Асомато Арханџело Михаил во Вафкери, и Ал-Џианис Серникарис во Вурника. До сите три се стигнува по земјен пат.

5. Јадење на Мандолато и Салами и пиење на Розоли

Локалните салами и прочуеното мандолато (чоколатце со бадеми, мед и целуфки) се високо препорачани локални кулинарни ѕвезди на Лефкада. Влажната клима на островот е совршена за производство на салама, а италијанскиот метод на подготовка се вели дека овде е започнат од трговец кој дошол на Лефкада од Паксос, Буранели, остров во Венециската Лагуна.

Мандолато чоколатцето пак своето постоење им го должи на локалните бербери, за кои се вели дека во минатото ги произведувале зад нивните берберници за поубаво да си го исполнат слободното време меѓу муштерии.

Исто така, напијте се и од прочуеното локално розоли, ликер направен од цимет и портокал. Исто и за овој рецепт, се верува дека на островот е донесен од Венецијанците.

 

Дивиот и егзотичен карактер на Лефкада отсликан на нејзиниот западен брег е совршено избалансиран со спокојниот источен брег кој пак е исполнет со прекрасни заливи и мали острови.

Овде можете да уживате и во останатиот широк спектар од добра храна од свежа риба до фригадели (традиционално локално мезе), можете да уживате слушајќи кантати (традиционални серенади со италијански шмек) и грчка народна музика, да откривате клисури и напуштени манастири, да ги видете легендарните р’тови и светски познатите плажи, да се восхитувате на неконвенционалната употреба на железо во главниот град како екстериорен дел на горните катови од зградите, и да уживате во разни фестивали и културни настани враќајќи се со убави сувенири и прекрасни спомени.

 

24-мај во Пирин Голф Спа 5*

4 Дена/3 Ноќевања
24/05- 27/05

24мај (четврток)  БИТОЛА-БАНСКО

Состанок на групата во 05.00 часот пред спортската сала Битола . Патот води преку Битола,Прилеп кон Банско со попатни застанувања поради одмор и царински формалности. Попатна посета на комплексот ,, Рупите,, кој се наоѓа во југозападна Бугарија на 8 км од Петрич , каде Баба Ванѓа ги поминала последните години од животот. Тука се наоѓа и незјзиното вечно почивалиште и црквата Св.Петка.Посета и разглед на најмалиот и најживописниот град во Бугарија – Мелник, познат по виното и автентичен по архитектурата и мелнишките пирамиди, како и по Кордопуловата куќа најголемата автентично зачувана куќа на Балканот од 19 век.Посета на Роженскиот манастир 13 век посветен на раѓањето на Пресвета Богородица и гробот на Јане Сандански. Продолжуваме кон хотел Пирин Голф Спа 5 *. Сместување. Можност за релаксација во најголемиот Спа центар во Банско и пошироко, бесплатно користење на внатрешен базен, користење на надворешните базени, сауни, парни бањи, фитнес, лакониум, соба за релакс … расположен на 5500 квадратни метри.

Вечера. Ноќевање.

25 мај (петок) БАНСКО

Појадок. Слободно претпладне за индивидуални активности и прошетка низ улиците на атрактивното скијачко место Банско – со специфична традицонална архитектура и многу меани и дуќани за сувенири. Слободно време за одмор и прошетка низ комплексот, користење на СПА центарот, индивидуални активности.Вечера.Ноќевање.

26 мај ( сабота ) БАНСКО

Појадок. Уживање во комплексот. Слободно време. Можност за посета на Разлог. Вечера.Ноќевање.

27мај (недела) БАНСКО-БЛАГОЕВГРАД-ПРИЛЕП,БИТОЛА

Појадок , a пoтoa сe заминува во посета на старата црква половина под земја од 1614 год. ,, Свети Теодор Тирон и Теодор Стратилат,, во Добрско 20км од Банско. Потоа заминуваме на шопинг во МЕТРО во Благоевград. Слободно време за шопинг. Во попладневните часови поаѓање кон Mакедонија. Во Битола сe пристигнува вo вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………… 7.800 денари

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

превоз на наведената релација;
сместување во хотел “Пирин Голф Спа” 5***** на база 3 ноќевања со појадок и вечера- шведска маса, користење на внатрешен, надворешни базени со топла вода, фитнес, џaкузи, сауни, парни бањи, лакониум, соба за релаксирање……
разглед на Банско, Мелник,Добрско, месноста Рупите и посета на Метро во Благоевград;
организација на аранжманот и придружник на патувањето;

ВО ЦЕНАТА НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

групно патничко осигурување = 150 ден.

*Калкулацијата е правена на база 40 патници.

*** ПРОМО ЦЕНА ЗА СОПСТВЕН ПРЕВОЗ :

по лице на ден на база полупансион во Спа студио 30€

по лице на ден на база полупансион во супериор соба со Џакузи 35 евра

т.т. 1 евро по лице на ден

Намалете на багажот, откажете се од директните летови и со тоа зголемете го бројот на километри што ќе можете да си овозможите да ги прелетате во животот.

9-tajni-za-aviokompaniite-koi-kje-napravat-da-patuvate-poevtino-01.jpg

Голем дел од парите за патувања се трошат на летовите.

Но, со добро планирање и внимателно носење на одлуки можете да ги користите услугите на авиокомпаниите за навистина мали суми.

Неколку трикови за заштеда при патувањето со авион:

Пронаоѓање на совршените билети

Најлесниот начин на заштеда е да направите споредба на цените на повеќе авиокомпании до вашата дестинација и, се разбира, да го одберете најевтиниот билет.

Внимавајте одредени цени важат до точно определено време, па ако го преминете рокот, тогаш обидете се да ја посетите верзијата од сајтот за некоја друга земја, што е во друга временска зона. Променете го јазикот и искористете ја продажбата.

9-tajni-za-aviokompaniite-koi-kje-napravat-da-patuvate-poevtino-02.jpg

Цена за патување со авион иста како цена за патување со автобус

Тарифите на обичните компании најчесто вклучуваат билети „all inclusive“, додека нискобуџетните компании ви нудат и опција само летање со рачен багаж по многу ниска цена. Секоја дополнителна опција се плаќа дополнително.

Цените во овие компании понекогаш се пониски дури и од цените за патување со автобус. Условите нормално се поскромни отколку во обичните авиокомпании.

Само внимавајте дополнителните трошоци може да бидат големи. Најдобро е сè што сакате дополнително, однапред да платите преку нивната веб страница.

9-tajni-za-aviokompaniite-koi-kje-napravat-da-patuvate-poevtino-03.jpg

Посетете го веб сајтот на аеродромот на кој ќе слетате

Добро би било да го отворите веб сајтот на аеродромот на кој ќе слетате. Ќе откриете што може да добиете бесплатно.

На пример, аеродромот во Сингапур им нуди бесплатна тура на градот на патниците кои транзитираат тука. Аеродромот во Амстердам располага со огромна бесплатна книжарница со комфорни столчиња. На аеродромите често има и разни промоции и примамливи продажби.

Исто така, може да откриете некои нискобуџетни компании, кои не се многу популарни, па потоа да побарате на Google поконкретни информации за нив за во иднина.

На сајтот ќе најдете и мапи на летови.

9-tajni-za-aviokompaniite-koi-kje-napravat-da-patuvate-poevtino-04.jpg

Изберете подолга рута, наместо директен лет

Изберете рута со трансфер. Тие најчесто се поевтини од директните лет. Проверете и дали има можност за бесплатен престој во земјата каде транзитирате.

Додека го чекате наредниот лет за вашата дестинација, можете да го истражите и градот каде слетавте, да појдете на пешачка тура, да се почестите со некој локален специјалитет итн.

9-tajni-za-aviokompaniite-koi-kje-napravat-da-patuvate-poevtino-06.jpg

Чартер летовите нудат интересни дестинации и цени

Чартер летовите најчесто ги нудат туристичките агенции, но понекогаш тие не успеваат да ги продадат аранжманите, а во авионот има места, па ги продаваат по 20-50% пониски цени.

Чартер летовите понекогаш ќе ве однесат на интересни дестинации до кои нема обични летови. Негативна работа е само тоа што може да ви откажат во последен миг.

9-tajni-za-aviokompaniite-koi-kje-napravat-da-patuvate-poevtino-07.jpg

Летовите може да бидат платени со бонус километри

Многу авиокомпании ви нудат собирање на километри со нивните летови, па по некое време да соберете доволно и да имате бесплатен лет.

Дури и некои сајтови за патување од типот на Tripadvisor ви нудат екстра километри за да ве охрабрат да напишете критика за патувањата.

9-tajni-za-aviokompaniite-koi-kje-napravat-da-patuvate-poevtino-05.jpg

Враќање со поинаква рута

Враќањето по поинаква рута по правило е поевтино, а и позабавно.

Направете комбинација на поевтини летови, па ако треба направете и кусо патување со автобус притоа.

9-tajni-za-aviokompaniite-koi-kje-napravat-da-patuvate-poevtino-08.jpg

Уловете ги „грешките“

Се случува ќе наидете на цена на билети толку ниска, што ви изгледа дури како грешка. Тоа можеби и навистина е грешка, но нема време за медитација, купете го билетот веднаш.

Ако често прегледувате, ќе забележите дека вакви цени се појавуваат од време навреме.

Искористете го надоместокот за презакажан лет

Авиокомпаниите понекогаш продаваат билети повеќе од што авионот може да собере затоа што често се случуваат откажувања. Но, ако сите потврдат, тогаш компанијата бара волонтери кои би се повлекле од тоа патување.

Согласете се да бидете волонтер затоа што ќе летате без проблем со наредниот лет, плус ќе добиете ваучер за летање како компензација. Понекогаш ваучерот може да биде и за некој хотел и ресторан, но во секој случај не е лошо.

Ова особено се случува во време на празници и фестивали.

3 hrs

„На охридскиот аеродром очекуваме фрекфентна летна сезона. Ќе имаме 4 нови сезонски дестинации – Варшава, Талин, Ајндховен и Истанбул. На скопскиот аеродром ЛОТ Полиш ерлајнс ќе влезе на пазарот, со отворање на новата рута Варшава-Скопје-Варшава, почнувајќи од 1 јуни 2018 година. Ќе се опслужува 6 пати неделно во текот на летото и 4 пати неделно во текот на зимската сезона.“, вели за Македонската Информативна Агенција (МИА), Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.
http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/404/134178801

Опкружени со планински шуми и карпи, овие 5 базени се вистинско совршенство за оние кои сакаат топло-ладни контрасти во зима.

top-5-najubavi-nadvoresni-topli-bazeni-opkruzeni-so-planinia-001.jpg

Пливањето во надворешен топол базен за многумина е еден од омилените „зимски спортови“, па доколку и за вас ова преставува одлична релаксација, веруваме дека ќе посакате да се најдете во некој од следниве ресорти низ светот:

Хотел 7132 – Швајцарија

top-5-najubavi-nadvoresni-topli-bazeni-opkruzeni-so-planinia-1.jpg

Aplin Panorama Hotel Hubertus – Италија

top-5-najubavi-nadvoresni-topli-bazeni-opkruzeni-so-planinia-2.jpg

Aqua Dome – Австрија

top-5-najubavi-nadvoresni-topli-bazeni-opkruzeni-so-planinia-3.jpg

Hotel Schwarzer Adler Kitzbühel – Австрија

top-5-najubavi-nadvoresni-topli-bazeni-opkruzeni-so-planinia-4.jpg

Hotel Villa Honegg – Швајцарија

top-5-najubavi-nadvoresni-topli-bazeni-opkruzeni-so-planinia-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Оние кои имаат желба постојано да патуваат најчесто бираат дестинации надвор од домашните граници. Но, понекогаш забораваме или пак не знаеме колку убавини крие нашата земја.

10-lokacii-vo-MK-koi-mora-da-gi-posetite-01.jpg

Таа наша чудесна земја, каде што природата била особено дарежлива и ја покрила со раскошна убавина која го мати погледот и ни го исполнува срцето со гордост. Тоа се оние моменти кога може да почувствувате како земјата дише и се синхронизира со вашето издишување и се чувствувате убаво, топло и сакано.

Затоа што со еден збор, сте ДОМА.

Доколку сè уште не сте го сториле тоа, ви предлагаме да ги посетите овие 10 прекрасни локации низ Македонија кои се подеднакво убави во секој период од годината.

Ќе ви ја смират душата, ќе ви ги наполнат очите со убавина и ќе си ја засакате државата уште повеќе доколку отидете во:

Матка

Кањонот на Треска кој според карактеристиките претставува клисура-пробојница крие многубројни пештери, меѓу кои и Врело, најдлабоката подводна пештера на Балканот и втора по длабочина во Европа.

Поради големиот број манастири и цркви, Матка го носи и името Света Гора.

10-lokacii-vo-MK-koi-mora-da-gi-posetite (8).jpg

Канео

Охрид е комплетно убав и магичен, но ретко кое место може да се спореди со Канео

Свети Јован Богослов Канео, најпознатата црква во Охрид, е лоцирана на карпестиот рид над плажата Канео во стариот дел на градот.

Канео има зачувано добар дел од првобитните фрески кои датираат пред 1447 година. Иако се извршени одредени модификации бидејќи црквата долго време била напуштена, тоа не го изгубило својот првобитен шарм и магичност.

10-lokacii-vo-MK-koi-mora-da-gi-posetite (2).jpg

Јанче

Првата асоцијација за Јанче? Зелено, многу зелено. Епитетите кои следуваат се мирно, тивко, мелем за душата.

Ова мијачко село спаѓа во рамките на општината Маврово-Ростуше, а се наоѓа во непосредна близина на Радика и регионалниот пат Дебар-Маврово.

Во моментов се реставрираат повеќе селски куќи во автентичниот архитектонски стил на областа со цел да се развие еколошкиот туризам. А верувајте, навистина вреди.

10-lokacii-vo-MK-koi-mora-da-gi-posetite (15).jpg

Галичник

Што остана да се каже за Галичник што веќе не е кажано? Кој бил – знае, кој не бил – ќе се покае доколку не го стори тоа набрзо.

Галичник најубаво ќе го доживеете за време на Галичката свадба, но прекрасно е во секој период од годината.

Внимавајте само да сте топло облечени и подготвени да ја впиете суровата убавина на пределот, проткаени со легенди, мудрост и спокојство какво што нема да пронајдете никаде.

10-lokacii-vo-MK-koi-mora-da-gi-posetite (1).jpg

Кокино

На прашањето – како изгледа Кокино, одговорот би бил: Како надвор од овој свет.

На само 35 km од Куманово, на надморска висина од 1013 m, веднаш под врвот Татиќев камен, ќе ја пронајдете мегалитската опсерваторија Кокино.

Во 20005 година, НАСА го стави Кокино на 4-тото место на листата со најстари и најважни астрономски опсерватории на светот.

Како што велат – на оваа света планина сте во непосредна врска со бога.

10-lokacii-vo-MK-koi-mora-da-gi-posetite (5).jpg

Уште 5 места на следната страна…

Најдобрите дестинации за прослава на Божиќ

Веќе сме на почеток на месец Декември, а веќе можеме да ја почувстуваме празничната атмосфера што допрва следи. За разлика од некои места каде што Божиќ се пречекува на плус 20 степени, во Европа прославата на овој празник е синоним за снег и ниски температури. Повеќето од градовите во Европа кои го прославуваат Божиќ се претпознатливи по т.н. божиќни маркети. Погледнете ја листата на најдобрите градови во кои можете да го прославите Божиќ оваа година:

1. Виена, Австрија

Тешко е да се најде град кој го прославува Божиќ со толкава грациозност и елеганција како што тоа го прави Виена. Божиќните маркети мамат да поминете на секоја тезга и да пробате од сите слатки задоволства што се нудат, да се напиете греано вино и да се подновите со некој зимски аксесоар. Исто така, не сте биле во Виена доколку не ја пробате познатата Виенска шницла или прочуените колбаси кои се служат токму на овие празнични маркети.

 

 

 

 

 

 

2. Лондон, Англија

Каде и да се свртите, во Лондон сите улици се полни со празнични декорации. Накитени автобуси, шарени излози и светкави канделабри се синонимот за Божиќ во Лондон.
Доколку шопингот ви е голема опсесија, тогаш нема да погрешите доколку го одберете овој град како дестинација каде што ќе го поминете празникот.

3. Загреб, Хрватска

Доколку не сакате да потрошите многу пари на патување, а сепак сакате да побегнете некаде, Загреб е одлична идеја. За божиќната  атмосфера во овој град се вели дека е една од најдобрите во Европа. Слично како и во Виена, ќе имате можност да уживате во слатките задоволства кои ги нуди овој град. Магијата едноставно плени!

 

 

 

 

 

 

4. Нирнберг, Германија

Нема подобро време од годината за да го посетите Нирнберг од Божиќ, кога градот прераснува во вистинско место од бајките. Тука е навистина тешко да им се оддоле превкусните колачиња и на илјадниците декорации кои може да се најдат на божиќните маркети.

 

 

 

 

Престижното признание на „Airport Council International (ACI)“ годинава го доби виенскиот аеродром „Швехат“ кој беше прогласен за најдобар во Европа. Благодарение на задоволството на патниците, одличните услуги кои годишно ги користат од 15 до 25 милиони патници, како и коректниот однос кон своите 20.000 вработени, овој аеродром годинава се најде на првото место во конкуренција од 300 аеродроми во 84 земји во светот.

Директорка на асоцијацијата, Ангела Гитенс, ја врачи наградата на управата на виенскиот аеродром, а на доделувањето присуствуваа градоначалникот на Виена, Михаел Хаупл, и бројни претставници на деловните партнери, институции и авиокомпании.

Виенскиот аеродром спаѓа во 30-те најголеми аеродроми во светот. Минатата година овој аеродром ги пушти во употреба првите соларни системи кои со производство на еколошка енергија го намалуваат емитувањето на штетните CO2 гасови

evtini

Веб-страницата „Експатистан“, која се занимава со анализа на цената на храната, пијалакот, облеката, предметите за домаќинство, трошоците, транспортот и другите дневни трошоци, направи список со најевтините места за живеење за 2017 година.

Според нејзината анализа, Одеса е најевтиниот град за живот. Украинскиот поморски град ја доби оваа титула поради ниските цени на храната, домувањето и другите животни трошоци.

На пример, ручек во ресторан поединец ќе плати 3,70 евра, еден литар гориво за автомобил чини 0,80 евра, а половина литар домашно пиво во продавниците е 46 центи, додека половина литар точено пиво во кафуле е 93 центи.

Во Одеса два билета за кино ќе платите шест евра, додека за 8 километри поминати со такси треба да издвоите 2,50 евра. Месечната цена за изнајмување стан од 45 квадратни метри чини 194 евра, додека вашите трошоци ќе чинат дополнителни 26 евра.

Интересно е дека на скалата со најевтини места за живот за 2017 година, заедно со Одеса, се наоѓаат уште 7 индиски града и 2 африкански.

1. Одеса, Украина
2. Бубанешвар, Индија
3. Кочин, Индија
4. Џајпур, Индија
5. Ахмедабад, Индија
6. Коимбатор, Индија
7. Каиро, Египет
8. Калката, Индија
9. Хајдерабад, Индија
10. Тунис, Тунис

 

Снегот има моќ да го претвори секој град во бајка.

25-gradovi-koi-se-poubavi-so-sneg-001.jpg

Без оглед на тоа дали ја сакате или мразите зимата, вистината е – цел свет е поубав кога е покриен со снег.

Посебно убави се овие 25 градови, кои вреди да ги видите во зима, излезени како од снежна бајка:

Ротенбург Обдертаубер, Германија