[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

АТИНА – Градот на двете „завојувани“ божества

Print Friendly, PDF & Email

АТИНА – Градот на двете завојувани божества

Атина често пати се нарекува колевка на западната цивилизација…

Таа е еден од најстарите светски градови чија историја бележи преку 3400 години…

Додека за многумина Грција ја крие мистиката на митологијата проткаена во сета нејзина историја, нејзиниот главен град – Атина, најмногу придонесува вистински да ја почуствувате. Легендата вели дека Атина го добила името во “војна” помеѓу две божества. Посејдон – богот на морето и Атина – божицата на мудроста. Во таа борба на докажување, Посејдон му подарил на градот извори на вода кои потекле од камениот Акропол и коњ кој требал да го води градот во војна. Атина, тогаш му подарила на народот маслиново дрво (кое и денес живее на Акропол), а со тоа и сите благодети кои тоа дрво ги дава. Се подразбира, победила Атина па така и градот го добил нејзиното име. Неповторливо е искуството да се биде на Акропол од каде ја гледате Атина на дланка. Долу гледате во старата Плака, атинската Агора, Зевсовиот храм, Академијата… потаму низ улиците на Атина, ја живеете нејзината историја. Доколку посакате повеќе, заминувате да ја запознаете модерната Атина. Уживате во прошетките покрај Аполоновото ктајбрежје, низ Пиреа… каде Атина блеска сосема поинаку. Дозволете си вкусна риба со чаша вино и уживајте во зајдисонцето. Посетете ги и пазарите, уживајте во сочното јужно овошје и во зима, пред да завршите на познатата улица Ерму.

Вашиот престој секако ќе го збогатите и со посета на полуостровот Пелопонез. Покрај Атинското крајбрежје, прво го посетуваме Коринт и познатиот Коринтски канал кој ги поврзува Јонското и Егејското Море, а го разделува Пелопонез од Грчкото копно. Кратката пауза на стариот мост ке ви даде можност да се воодушевувате на височината под вас. Преку благите планински предели, продолжуваме кон археолошкиот локалитет Епидаурус, познат големиот амфитеатар – уникатен по својата акустичност. По посетата на театарот и тамошниот музеј, продолжуваме кон Нафплион – првиот главен град на модерна Грција. Името го добил по Нафплион, синот на богот Посејдон. По кратката прошетка низ тесните и разиграни улички низ градот, како и евентуалната посета на некој од многубројните рибни ресторани, продолжуваме кон Микена – “Градот на Златото”.Во древниот град на митскиот крал Агамемнон, ќе имате можност да ја погледнте познатата Лавовска порта, остатоците од гробот на Агамемнон и големите ѕидини… Ноќта во Атина најубаво се доживува на Плака, во некоја од многуте Грчки таверни. Една од најстарите таверни во Атина, е сместена во срцето на Плака – најстариот дел на градот, под самиот Акропол. Тука е  вистинското место да ја пробате  традиционалната грчка кујна и да уживајте во звуците на Бузуки и танцот Сиртаки… Обидете се да го почуствувате духот на Гркот Зорба!

Оваа, денес повеќемилионска метропола, во своето постоење доживеала подеми и падови како малку кој мегаполис во светот. За историјата на човештвото е посебно значајна затоа што во неа се поставени основите на парламентарната демократија и слободните избори. Модерна Атина е космополитски град кој што живее од славата на својата историја а старогрчката Атина била моќна држава и познат образовно филозофски центар. Ја нарекуваат и колевка на западната цивилизација, заради нејзиниот културен придонес во текот на 4ти и 5ти век…и денес во Атина постојат антички градби и уметнички дела од тој период, а секако најпознат е Акропол, признаен како еден од најдобрите примери на класичната грчка архитектура и уметност. Древна Атина владеела со светот и покажала како треба да се разберат цивилизациите, уметноста, културат, науката… Нејзината Академија ги дала најдобрите филозофи на Антиката, чии мисли и денес се цитираат и чии дела и денес се читаат… Нејзините уметници Фидије и Поликлет, и денес се слават како великани на скулптурата и уметноста… Политичката Атинска школа и денес е активна, исто како и името на Перикле, творецот на демократијата и владетел во периодот на Златното доба…

Филип Ивановски – Туристички агент и водич

Ариес Травел – Битола

 

Courtesy of www.AirPano.ru