[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Австралиски работни визи

Print Friendly, PDF & Email

Иселенички визи за квалификувани работници во Австралија


Целта на миграционата шема за квалификувани работници е да се привлечат високо квалификувани лица да мигрираат во Австралија.

 

Основни услови

  • Години – морате да имате помалку од 45 години во моментот на аплицирањето за овие визи
  • Англиски јазик – треба да имате задоволителен ниво на познавање на англискиот јазик како би работеле во Австралија (положен ИЕЛТС тест најмалку со оцена 6)
  • Номинирана професија – мора да бидете квалификувани и да имате работно искуство во професијата која што се наоѓа на долгорочната или краткорочната листа на дефицитарни професии Medium and Long-Term Strategic Skills List (MLTSSL)
  • Процена на вештини – вашето образование и работно искуство мора да бидат позитивно проценети од страна на надлежната асоцијација за вашата номинирана професија.
  • Медицински преглед – мора да направите медицински преглед и да покажете дека сте во добра здравствена состојба.
  • Процена на карактерот – мора да бидете личност со добар карактер, воглавно тоа значи дека мора да поминете проверка на криминалната евиденција, односно да докажете дека не сте биле осудувани и дека не се води кривична постапка за вас.

 

Собирање на бодови/Бодовен тест

За да аплицирате за иселеничка виза врз основа на квалификации, мора да добиете покана од австралиската имиграциона служба за да аплицирате за оваа виза. За да добиете покана да аплицирате за виза, мора да поминете провера на вештините преку бодовниот тест. Бодови може да се соберат врз основа на различни фактори како што се:

  • Години
  • Работно искуство
  • Познавање на англискиот јазик
  • Образование
  • И уште неколку други фактори

Моментално, за да го положите бодовниот тест требате да имате 65 бодови. Сепак, имајте на ум дека дури и ако соберете 65 поени на тестот, тоа не гарантира дека ќе добиете повик да аплицирате за виза. Погледнете ја бодовната табела и бројот на бодови кои можете да ги добиете.

 

Skill Select

За да аплицирате за иселеничка виза, прво ќе треба да се регистрирате и да поднесете Израз на интерес (EOI) преку Select Skill. Само кога ќе поднесете EOI можете да добиете покана од австралиската влада, австралиските работодавци или државните органи да аплицирате за вашата иселеничка виза.

По добивањето на покана за аплицирање за виза од страна на австралиската служба за имиграција, кандидатите имаат 60 дена да аплицираат за виза. Ако не сте примиле покана, немате право да аплицирате за виза.

Подкласи на иселенички визи за квалификувани работници

Постојат повеќе подкласи на овие визи:

 

Skilled Independent Подкласа 189

Оваа виза има траен карактер и за оваа виза не е потребно спонзорство од страна на роднини, австралиски држави или територии

 

Skilled Nominated Подкласа 190

Skilled nominated (подкласа190) е трајна виза која има услов апликантот да биде номиниран од страна на некоја австралијска држава или територијална влада. Носителот на визата е номиниран да работи во професијата која се наоѓа на долгорочната или краткорочната листа на дефицитарни професии . Ако има дефицит на лица кои поседуваат вештини потребни за работа во одредени професии, австралиската држава или територија може да номинира носител на виза за да го пополни недостатокот на квалификувани работници во нивната земја/територија.

 

Skilled Regional Provisional Подкласа 489

Оваа виза им овозможува на квалификуваните лица кои имаат потребни вештини да живеат и работат во период од четири години во регионите на Австралија кои што се послаби развиени и се со низок пораст на населението.

Оваа виза може да води кон трајна Skilled Regional виза (подкласа 887).

Постојат три начина како да се добие оваа виза:

  • Начин на продолжен престој (the Extended stay pathway)
  • Начин на повикување (the Invited pathway)
  • Начин на покасно влегување (the Subsequent entry pathway)

Оваа виза може да води кон трајна Skilled Regional виза (подкласа 887).

About the Author