• Носете влажни марамици. Некогаш може да се случи да поминат денови дури да најдете соодветен туш,во зависност од дестинацијата на која патувате.
  • Перете ги алиштата под туш или во умивалник. Носете со себе мало шишенце со прашок за перење. Ова е многу полесно, отколку да барате перална во земјата во која сте.
  • Купувајте од локални продавници, кои ви нудат евтина храна и традиционални вкусови. Со ова и ќе заштедите многу пари.
  • Чувајте пари за итни случаи. Имајте некое скришно место во кое ќе имате резерва пари,доколку се случи да ви го украдат новчаникот.
  • Кога се пакувате алиштата виткајте ги во ролна. Покрај тоа што нема да мора да диплите, туку ќе имате многу повеќе простор во куферот.
  • Имајте резерва најлонски кеси, за да ги складирате валканите алишта.
  • Научете да пакувате малку гардероба. Не секогаш ви треба куфер од 20кг за неколку дневно патување. Што помалку носите, поопуштени ќе бидете.
  • Научете прва помош, за секој случај. Ова ви е потребно секако во животот,не само за патување.
  • Носете палома, или било каква хартија. И гел за дезинфекција на рацете може многу да ви користи.
  • Имајте испечатена мапа од местото во кое сте. Чувајте ја батеријата на телефонот за поважни работи.
  • Користете јавен превоз. Во повеќето земји е многу добро организиран, брз и евтин, а ќе ви овозможи подобро доживување на авантурите.
  • Носете ги само оние обувки кои ви се најудобни, посебно ако знаете дека многу ќе пешачите.
  • Комуницирајте со локалното население. Тоа ќе ви помогне да видите и некое одлично место кое и не е толку познато.
  • Дознајте каде е вашата амбасада. Може да ви притреба, за секој случај.
  • Скенирајте го пасошот и другите важни документи. Копиите дајте им ги на вашите сопатници, па доколку ги изгубите оригиналите да имате доказ за документите.
  • Научете по некој збор од јазикот кој се зборува таму. Многу ќе ви помогне кога ќе можете да се разберете со локалците.
  • Бидете сигурни дека картичката ви функционира, па да не треба да се јавувате во банката.
  • Ценкајте се (се разбира онаму каде што има простор). Ќе заштедите пари, не се срамете.
  • Задолжително обезбедете си патничко осигурување.
  • Потрудете се да ги запознаете правилата во сообраќајот на земјата во која престојувате.
  • Чувајте резервна облека и неопходни средства за лична хигиена во рачната торба.
  • Проверете дали водата е за пиење.
  • Носете си апчиња за главоболки, или тегоби во стомакот. Може многу да ви се најдат, наместо да трчате и да барате аптека во близина.