fbpx

Третиот крак на Халкидики, Атос, не е толку популарен и комерцијализиран како првите два, но сепак вреди да се посети. Сè повеќе семејства се одлучуваат летниот одмор да го поминат на третиот крак, во некое од прекрасните места на Атос. На третиот крак исто така има прекрасни плажи со чиста и кристална сина вода, а најубавите се сместени околу Неа Рода и на островот Амулијани. Независно каде ќе престојувате, со оглед на тоа што брегот на Атос, кој е слободен за туристи, е релативно мал, ќе може да ги посетите сите прекрасни плажи.