[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

ГРУЗИЈА – საქართველო / Сакартвело

Print Friendly, PDF & Email

ГРУЗИЈА – საქართველო / Сакартвело

Грузија (грузиски: საქართველო / Сакартвело) е држава во Источна Европа.На запад, Грузија излегува на Црното Море, на север граничи со Русија, на југ со Турција и на исток со Азербејџан. Вкупната површина на Грузија изнесува околу 69.000 километри квадратни со население од околу 4.385 милиони жители. Главен град на државата е Тбилиси, додека официјален јазик е грузискиот јазик.

 

Историјата на Грузија започнува уште со старите кралства Колчис и Кавкаска Иберија и таа е една од првите држави кои го прифатиле христијанството во 4 век. Својата најголема економска и политичка моќ Грузија ја стекнала под раководство на кралот Давид IV и кралицата Тамар во 11 и 12 век. На почетокот на 19 век Грузија била припоена кон Царска Русија.[6] По кратката самостојност како Демократска Република Грузија, државата била приклучена кон СССР во 1922, за да во 1991 година повторно стане независна и суверена држава.

Во ова мала но, прекрасна земја можете да ја најдете среќата во секое време од годината. Всушност можете да најдете сè во Грузија. За неколку часа можете да преминете од влажна суптропска клима до вечен снег на високите планински врвови.

Палмините дрвја кои се протегаат долж морскиот брег се оддалечени од скијачките ресорти со растојание кое сигурно би го префрлиле доколку во раката имате камен и замавнете со цела сила.

Во колоритниот и непредвидлив Тбилиси, црквите со потекло од шестиот век стојат рамо до рамо со модерните кафулиња, ноќни клубови и наргиле-пабовите на пријатните стари улици.

Грузија е земја во која секој може да најде нешто за својата душа. Љубителите на релаксиран одмор може да уживаат во прекрасната традиционална кујна, која по некоја случајност, се смета за една од најдобрите во светот.

Исто така, можете да шетате низ тесните улички и да ги истражувате пејзажите засекогаш, бидејќи зад секој агол се крие нова улична со фасцинантна историја.

Доколку сакате нешто подинамично можете да се обидете со нешто како скијање на вода, рафтинг, качување, јавање коњи или планинарење низ едно од најнерамните места на Кавкаските Планини.

About the Author