Комплекс Кораб Трница – Маврово
КОМПЛЕКС КОРАБ ТРНИЦА С. ТРНИЦА – МАВРОВО Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар. Комплексот им нуди на гостите можност за одмор во апартмани, соби и бунгалови со прекрасен поглед кон падините на Кораб, Шара и Бистра […]