[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Канадска виза – прашања и одговори

Print Friendly, PDF & Email

Често поставувани прашања за апликација за Канадска виза

Често Поставувани Прашања – Центар за апликации за виза
  • Што е Центарот за апликации за виза (ЦВАЦ)?
    Центрите за апликација за виза за Канада се воспоставени за да обезбедат административна поддршка за своите клиенти за успешно поднесување на барања за сите категории за привремен престој (визи за посетители, студентски и работни дозволи) и барања за патни документи до канцелариите на Имиграција, Бегалци и Државјанство на Канада низ светот.
  • Кој е ЦВАЦ договорна страна во Македонија?
    ВФС Глобал е надворешен партнер на службата за Имиграција, Бегалци и Државјанство на Канада(ИРЦЦ и Центарот за апликација за визи за Канада во Скопје, Македонија Меѓународната Организација за Миграции (ИОМ) во партнерство со ВФС Глобал го раководи ЦВАЦ во Македонија.
Процес за Поднесување на Барање
  • Каде да го поднесам барањето за виза?
    Барањето можете да го поднесете во Центарот за апликации за виза за Канада. Барањата исто така може да се поднесат и во ЦИЦ со користење на Системот за Поднесување Барање на интернет (Е-Барања).
  • Може ли некој друг да го поднесе барањето во мое име?
    Да, Може да назначите претставник да го поднесе барањето во ваше име. За да го направите тоа ве молиме пополнете го формуларот Користење на Претставник [IMM 5476]. Како и ЦВАЦ Образецот за согласност : оддел Согласност за индиректно подигање со цел да овластите назначен претставник.
  • Дали треба да доставам биометрика за мојата апликација за виза?
    Од 31 јули 2018 година можеби ќе треба да ги дадете вашите отпечатоци од прсти и фотографии (биометрика) во Виза Центарот за апликација кога ќе аплицирате за Виза за Привремен Престој, ДОЗВОЛА ЗА СТУДИСКИ ПРЕСТОЈ, Дозвола за Работа или ПАТНА ИСПРАВА ЗА ПОСТОЈАН ПРЕСТОЈ ако сте државјанин на земја или територија во Европа, Блискиот Исток или Африка, или ако сте државјанин на земја што е веќе потребна биометриска регистрација. Посетете ја Canada.gc.ca/biometrics за повеќе информации.
  • Дали е потребна средба за доставување на биометрика во Центарот за апликација за канадска виза?
    Закажување на термин за биометриско регистрирање не е задолжително, не најавените клиенти се секогаш добродојдени да направат биометриско регистрирање без претходно закажување. Имајте во предвид дека планираната посета со претпочитан временски интервал преку закажување во Виза Апликациониот Центар гарантира брза услуга, со што се елиминира долгото време на чекање што резултира со непријатности. Можете да закажете состанок во најблискиот Виза Апликационен Центар, преку веб-страницата или со повик на нашите телефонски броеви.
    • Ако поднесувате барање за виза за привремен престој, студентска или работна дозвола, треба да направите биометрика регистрација еднаш на секои 10 години.
    • Ако поднесувате апликација за постојан престој, ќе треба да направите биометриска регистрација на секое аплицирање.
  • Откако ќе се направи биометриска регистрација, колку долго ќе бидат зачувани отпечатоци од прсти во базата на податоци?
    Почнувајќи од 31 јули 2018 година, биометриката важи десет години. Доколку подносителот на пријавата ги регистрирал своите биометриски податоци во минатото, тие важат десет години од времето на уписот. Валидноста на визата или дозволата не може да ја надмине валидноста на биометриката. Кандидатите за постојан престој ќе треба да дадат биометрика со секоја апликација.
    Вашите отпечатоци ќе бидат трајно избришани ако имате добиено канадско државјанство во рамките на овој 10-годишен период.
  • Што ќе се случи, по мое поднесување на барањето за виза?
    Откако ќе го доставите барањето во Центарот за апликации за виза за Канада (ЦВАЦ), персоналот на ЦВАЦ ќе изврши проверка на комплетноста врз основа на барањата на ЦИЦ барањата и потоа ќе го достави вашето барање во текот на наредниот работен ден.
    Откако Канцеларијата за виза на Канада ќе го процени Вашето барање ќе донесе одлука, ќе ви се додели виза во пасошот или ќе Ви испратат писмо со објаснување зошто, не може да Ви се додели виза.
    Канцеларијата за визи на Канада потоа безбедно ќе го врати вашиот пасош во ЦВАЦ кој ќе ве информира преку методот за комуникација кој сте го одбрале. Исто така, ќе биде ажурирано во Системот за Следење на Вашата апликација, дека вашиот пасош е подготвен за превземање. Тогаш можете да дојдете до ЦВАК за да го подигнете вашиот пасош или да се договорите истиот да ви биде испратен по курир.
  • Кој вид на виза ми е потребен?
    Видот на виза кој ви е потребен зависи од целта на Вашето патување во Канада. За дополнителни информации за видовите на виза Ве молиме погледајте ги опширните информации содржани на веб-станицата на Државјанство и Имиграција на Канада.
  • Како можам да го следам статусот на моето барање за виза?
    Статусот на Вашето барање може лесно да се следи со кликнување на јазичето “Следи ја вашата апликација” од левата страна на оваа веб-страница.
  • Како може да го добијам назад мо јот пасош?
    За да го добиете назад вашиот пасош/и, го имате изборот меѓу;
    1. Подигнување на пасошот лично од ЦВАЦ, или преку овластено лице на Центарот за Виза Апликации;
    2. Испраќање на претходно платен повратен коверт заедно со вашето барање и барањето за пасош.
    Ве молиме имајте во предвид дека ќе се наплаќа за следниве услуги. Таму каде што е достапно услугите за курирска пошта ќе се наплаќаат одделно од услугите за пренесување на пасошот. Детали моќе да се добијат овде.
  • Кои документи ми се потребни за да го добијам назад мојот пасош?
    Доколку го преземате пасошот лично, моратсо Вас да понесете:
    1. Листата за проверка за поднесеното барање за виза, кое ви било дадено од ВФС Глобал кога сте го поднеле барањето за виза, во Канадскиот Центар за Виза Апликации.
    2. Вашата лична карта или друг официјален доказ за идентификација кој содржи фотографија.
    3. Копија од вашиот документ за идентификациј кој содржи слика.
  • Колку долго ќе трае процесот за барањето за виза?
    За времетраењето на процесот на последните барања, ве молиме да ја посетите веб-страницата на локалнате канцеларија за виза. Ве молиме да го погледнете јазичето “Корисни и Важни Линкови” кое се наоѓа од левата страна на оваа веб-страница.
  • Ќе биде ли побарано од мене да присуствувам на интервју во Канадската канцеларија за визи?
    Државјанство и Имиграција на Канада може да побара од Вас да присуствувате на интервју во Канадската канцеларија за визи. Канадскиот Центар за Виза Апликации ќе контактира со вас или ќе бидете контактирани директно од Канцелариите за виза  и ќе бидете известени со ажурирањето на Системот за Следење на Барањата на Интернет.
  • Со кого да стапам во контакт за дополнителни информации?
    Можете да се јавите во центарот за повици управуван од Канадскиот Центар за Виза Апликации (погледнете го јазичето Контактирајте не од левата страна од оваа веб-страница), или посетете ја веб-страницата на Имиграција, Бегалци и Државјанство на Канада .
  • Кои дополнителни услуги ми се достапни?
    Центарот за Виза Апликации на Канада нуди широк спектар на дополнителни услуги за полесно поднесување на барање како на пример фотокопирање, курирска пошта, помош при внесување на податоците, меѓу другото. За подетални информации и цени Ве молиме погледнете го јазичето “Услуги и Надоместоци” од левата страна на веб-страницата.
  • Планирам да одам во Канада за да студирам во период помал од шест месеци но може ќе сакам да ги продолжам студиите. Каков вид на барање треба да поднесам?
    Ве молиме погледнете го:
    https://www.canada.ca/en/immigration-refugees-citizenship/services/study-canada/study-permit/eligibility.html
Документација
  • Кои документи ми се потребни за моето барање за виза?
    Потребните документи зависат од вашата цел за патувањето. Ве молиме погледнете го јазичето од лево на оваа веб-страница “Се За Вашата Виза” и следете ги линковите што се понудени таму, или посетете ја веб-страницата на Имиграција, Бегалци и Државјанство на Канада.
  • Може ли Канадската Канцеларија за Визи да ми побара дополнителни документи или информации?
    Да, Канадската Канцеларија за Визи може да побарат од Вас да доставите дополнителна документација. Ќе биде направено ажурирање на Системот за Следење на Барањата на Интернет проследено со Е-пошта за да се осигура дека сте ги добиле инструкциите. Тогаш ќе биде побарано да достави дополнителна документација до Центарот за Виза Апликации, кој потоа ќе ја достави до Канадската Виза Канцеларија во ваше име.
  • Би сакал да ја посетам Канада како студент. Кои се финансиските барања?
    Финансиските барања за студенти зависат, меѓу другото, од должината на Вашиот планиран престојот во Канада. Ние препорачуваме да се посоветувате на веб-станицата на Имиграција, Бегалци и Државјанство на Канада за најновите информации и да се осигурате дека Вашите документи ги задоволуваат овие критериуми при поднесувањето на Вашето барања во Центарот за Виза Апликации во Скопје. Ако сте студент со крајна дестинација,  во провинцијата Квебек, исто така треба да ги разгледате информациите на веб-страната на Имиграција-Квебек.

    ЗА СИТЕ ПОТРЕБНИ ИНФОРМАЦИИ МОЖЕТЕ ДА СЕ ОБРАТИТЕ ВО НАШИТЕ КАНЦЕЛАРИИ И БРЗО И ПРОФЕСИОНАЛНО ДА СЕ ИЗРАБОТИ ВАШАТА АПЛИКАЦИЈА

About the Author