[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Мистичната Грузија- која е, каде е, и што се крие таму…

Print Friendly, PDF & Email

Зошто да се патува во Грузија?

 

1. Народот: Ние Балканците за себе нескромно тврдиме дека сме љубезни , топли и драги народи. Но народот во Грузија сето тоа го има подигнато на едно повисоко ниво. Онака сирови, крути, архаични и неспособни да се изразуваат на англиски јазик , во стари кожни јакни , топли и срдечни Грузини ќе Ве направат да се заљубите во нивниот менталитет. Сиромашен народ се и скоро никогаш не патуваат. Многу сакаат и ценат кога некој ќе дојди во нивната земја и се трудат на секој начин да остават впечаток на добри домаќини.
Тие луѓе се гордеат со својата долга традиција и идентитет, луѓе кои сеуште слепо му веруваат на господ и се плашат од него. Тие се најстарите православци со веадр дух и развиена смисла за хумор.

2. Писмото: Нивното писмо е егзотично колку и тие самите. не им е битно нив што никој во светот не ги разбира. Ако патувате сами во Грузија, апсолутно е задолително да пронајдете некој локалец кој зборува еден од јазиците на кој вие зборувате. Во спротивно нема да можите да се разберите апсолутно ништо. Не постојат алтернативни натписи на латински , единствено тек по нешто на руски. Како и се во Грузија писмото им е прастаро. Првите пишани трагови од грузијската азбука се пронајдени на просторот на Палестина. датираат од 5 век и се превод од Светото Писмо. Грузиското писмо е единствено и е едно од 14 писма кои постојат на планетата. Во писмото нема големи и мали букви , сите се исти.

3. Положба: Грузија званично припаѓа во Европа , но кога ќе прекорачите во неа , ќе видите дека Европа во секоја смисла е многу далеку и дека никогаш ниту била овде. Не би било праведно да се речи и дека Грузија припаѓа во Азија. Старите луѓе зборуваат руски јазик со оглед на тоа дека Грузија припаѓала во Советскиот Сојуз и руското влијание секогаш било јако. Младите луѓе се повеќе се отвараат спрема запад и западните култури ( пред се на Америка) , така да во добра мера го познаваат англискиот јазик.
Грузија е планинска земја која се наоѓа меѓу две мориња- Црното и Каспиското. Опкружена е со најразлични култури , измеѓу православна и црвена Русија, исламската република Иран, богатиот и конзервативен Азербеџан, христијанската Ерменија и Турција. Потполно невероватно како еден толку мал народ успеа во целост да го зачува идентитетот.
Својата егзотика Грузија ја должи на својата необична положба измеѓу Европа и Азија, Русија и Америка, Истокот и западот, двете мориња , море и планина , христијани и муслимани …

4. Историја: Земја со пребогата историја . најстарите хоминиди се пронајдени во Грузија и датираат од пред 1,8 милиони години. Првите докази за Грузијското винарство датираат од пред 6000 години пред Христа. Грузините се најстарите винари и најдобрите вина потекнуваат од Грузија а не од Франција.
Врвот на Грузијската култура се случува за време на кралот Давид и кралицата Тамара. Тоа било златното време на Грузија (X – XIII век) .Турбулентното време 19 и 20 век , поминато под различи облици на руската окупација , не ги спречува Грузијците за го зачуваат сопствениот идентитет и култура. Во 1991 Грузија станува независна држава и доживува и граѓанска војна за кое време главната улица во Тбилиси (Руставели) била разграничена и зона на тотална војна. Од самото осамостојвање Грузија се повеќе тежнее кон запад и со тоа ги заоштрува односите со Русија.
Во Грузија е роден Сталин.

5. Природа: Грузијците се многу религиозни и побожни. Секс пред брак е многу ретка појава , посебно во руралните предели. Бог е присутен во сите сфери на живеењето , дури и настанувањето на Грузија се смета дека е дар од Бога.
Легендата кажува дека Грузијците закасниле на церемонијата на кој Господ им делел земја на нациите. Закасниле бидејќи го славеле самиот Бог и Неговото Име. Кога стигнале Бог им рекол дека нема повеќе земја и дека цела земја е поделена. Му објасниле дека закасниле бидејќи го славеле него и го повикале да им се придружи. Господ прифатил и многу уживал во друштво на тие побожни и чсетити луѓе па одлучил да има ја подари земјата која ја чувал само за себе. Кога ќе ја видите природата во Грузија ќе видите дека оваа легена итекако има смисла. Грузија не е претерано популарна дестинација за туристи , така да нејзината природа е недопрена. Највисокиот врв во Европа Елбрус е само 40м од Грузијската граница. не е во Грузија , но Грузија има неколку импресивни врвови со висина преку 5000 метри. Највисок врв во Грузија е Шкара 5068м висина.

6.Цени и пари: Грузија е сиромашна земја и луѓето во неа живеат тешко, со просечни примања 180 еур. Званична валута се лари. Едно ЕУР е 2,6 лари. Нискиот животен стандард , ниски цени. Посетете ја оваа држава и незаборавно патување за многу малку пари.

7. Храна: Важат за најдобрите кувари во СССР , па дури и денес Русија е преполна со Грузијски ресторани. национален специјалитет е Кхинкали, тесто варено на пареа, полнето со месо , сирење, зеље и компири. Многу е вкусно. Во секој случај во Грузија нема да останите гладни и ќе уживате во нивната преубава кујна.

8. Вино: Ма какви Французи , Грузијците прават вино веќе 8000 години наназад. Грузијската метода за правење на вино , со закопување на ќупот со сок од грозје во земјата е сврстена во УНЕСКО листата за немтеријални светски обичаи. Правењето на вино е еден од клучните делови на нивниот идентитет и историја.

8. Грузијскиот танц: Групи на млади луѓе кои танцуваат традиционален танц на улиците на Тбилиси се прилично честа и невероватна глетка. Танцот е динамичен , брз и исполнет со захтевни скокови за кои се предпоставува дека симулираат борба.

Дојдете со нас на мајското патување за Грузија и уверете се. повелете линк до понудата: https://aries.mk/package/gruzija-sv-kiril/

About the Author