[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Котор – скриената убавина на Црна Гора

Print Friendly, PDF & Email

КОТОР – скриената убавина на Црна Гора

Кога зборуваме за патувања на Балканот, постои еден град кој мора да го ставите на листата на задолжителни дестинации кои вредат барем еднаш во животот да се посетат. Тоа е црногорскиот Котор.

Овој крајбрежен град на Црна Гора е познат по својата средновековна архитектура и пејзажи кои го одземаат здивот.

Се наоѓа на работ на Которскот залив и се развил околу Стариот град, кој е ставен на листата на УНЕСКО на светско културно наследство.

Котор, за првпат бил населен уште во време на античките Римјани и бил познат под називот Acruvium. Двесте години пред нашата ера, овој град бил дел од римската провинција Даламција. Стариот дел од градот е создаден кога императорот Јустинијан Први наредил да се изградат тврдините на Котор за да се заштити овој преубав град од напади.

Па така, Котор е изграден како лавиринт од безбедносни причини и тоа некогаш предизвикува туристите да залутаат низ тесните улички и тврдините. Но, дури и по ненамерното лутање низ овој град имате можност за откривање на богатата историја која се крие во овој град. Задолжително би требало да се искачите на которските тврдини за да ја набљудувате панорамата на градот, да ја посетите катедралата на Свети Трифун од 12. век и црквата на Свети Никола.

Што се однесува до плажите, Морињ е една од најубавите камчести плажи, каде имате можност да уживате во едно од најубавите зајдисонца на светот. Друга позната плажа е Рисан, но дефинитивно најомилена помеѓу посетителите е Ораховац. Оваа камена плажа ја разубавуваат и прекрасните стари камени куќи, кои се наоѓаат во нејзината позадина.

Котор е дестинација која раскажува приказни и која вреди да ја посетите доколку сте вљубеник во патувањата, откривањето на историјата и секако, на одличните плажи.

About the Author