[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Чудата на Острошкиот манастир

Print Friendly, PDF & Email

Чудата на Острошкиот манастир

 

Издлабен во карпа, чиниш лебди, издигнат над рајска шума, на надморска височина од 900 метри е домот на големиот чудотворец, Василиј Острошки, манастир кој секојдневно е прибежиште на илјадници верници кои тргаат по мир, здравје и чуда. Верници од сите краишта, од сите вери, од деца до старци, сретнав додека го посетував овој манастир, посветен на еден од најголемите светци во православната вера.

 

За стотици верници овој манастир секојдневно е местото каде тие следејќи ја верата го пронаоѓаат лекот, мирот и спасението …се раскажуваат вистински приказни за инвалиди кои прооделе, за болни кои се излекувале, за жени кои по посетата станале мајка по долги години… секој за својата мака, велат, тука нашол лек.

Манастирот Свети Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во карпест крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица. Ова свето место во текот на целата година е најпосетено светилиште во Црна Гора, а после Христовиот гроб и Светата гора, ова е третото најпосетено светилиште во христијанскиот свет. Што уште повеќе говори дека чудата на овој светец се вистински.

Самиот пат до манастиот е предизвик. Ние стигнавме околу пладне. Со автобус може да се стигне само до Долниот манастир, а оттаму со автомобил или такси за кое плаќа едно евро. Но, верниците милуваат да одат пеш, како и самиот чудотоврец. Велат и ден-денеска тој чекори по таа тесна камена патека во срцето на шумата. Како и светецот, многумина тргаат пеш, но и боси. Постарите велат дека треба да се оди бос, во почит на светецот, но и за здравје и за спојување со природата и верата, бидејќи ова е света траса по која Василј одел секојдневно, како и целиот карпест крај е свето место. Одев пешки, но е и боса. По околу 40-минутно пешачење стигнавме на врвот. А таму оние кои одеа боси велат дека не почуствувале ни болка, ни студ, сепак е студен октомвриски ден.

А горе не’ пречекаат многу верници, полека се сместуваа да ја поминат ноќта во довор на манастирот…ќебиња, перници, јоргани, душеци, млади и стари, лица полни со надеж…

За чудата, за моќта, за верата

 

Но, она што го ги спои верниците, но и скептиците од целиот Балкан, но и пошироко се чудата кои секојдневно се случуваат во ова свето место. Додека патуваме накај манастирот слушанав многу приказни за чуда кои се случиле. Многу болни, толку болни што дури и докторите не им даваат повеќе надеж ја повратиле силата откако поминале ноќ под ведро небо во дворот на манастриот посветен на светецот. Речеси скојдневно стотици верници се одлучуваат да спијат во манастирот за здравје, за среќа, за спокој и мир на душата. Во склоп на манастирот има и конаци, но бидејќи тие  се доволни за многубројните верници, повеќете од нив спијат под ведро небо, чувани од чудотворецот Василиј.

Според обичаите, кога некој го посетува манастирот треба со себе да понесе нешто, најчесто оставаат дар машки чорапи и шеќер во коцки. Оној кој милува може да си освети нешто за во домот.  Најчесо се носат маички, пешкири и чорапи.

Стигнавме околу 14.30 часот, и речиси час и половина чекавме да влеземе во малата и стара црква каде се сместени моштите на светецот. Како што е ред, ги оставивме подароците, а со нас го понесовме она што требаше да се освети. Понесовме наши работи, но и работи за болни пријатели, кои ете по нас побараа здравје.  Мир, сонце, тишина, сите мирно чекаа да им дојде редот…а во тие час и половина ни жед ни болка во нозете, само некое спокојство кое ја спојува таа огромна бројка на луѓе дојдени за иста цел.

Црквата е навистина мала, а во неа еден отец кој ако побарате ќе ви прочита и молитва за Вашата мака. Ни рекоа да не се задржуваме многу бидејќи редот на посетители беше навистина долг. Се поклонивме пред моштите на светецот, се помоливме и го допревме тоа што требаше да се освети.

Лица искрени, намачени, Македонци, Срби, Бругари, Руси, дури и француски и англиски слушнав во дворот на манастриот преполн со луѓе дојдени со верба.

Раскажуваат како некој проодел откако неговата мајка секојдневно се молела на светецот, други кажуваат за болни кои станале од постелата, трети пак велат дека чудотворецот им помогнал да станат родители.

Мир и спокојство, чиниш душата ти се смирирува и се спплотува со небесната шир која го опкружува ова свето, ова чудотворно место.

„Животот ми тргна на подобро откако преспав во манастирот“

 

Една од сопатничките, скопјанката  Билјана отворено ми раскажа вербата во чудата на Василиј Острошки и за нејзинито искуство, за кое таа вели, „ми го промени животот“.

Таа раскажува дека честопати слушала за манастирот, но некако без многу верба игнорирала. Прв пат ја видела турата за посета на Фејсбук, но само одминала. Вториот пат кога повторно ја видела некако се заинтересирала, а веќе по трет пат вели таа, кога се појавила, нешто како да на натерало да тргне. Не можејќи да најде друштво, тргнала сама, решена да преспие.

„Стигнавме и имаше неколку стотици луѓе“, ја почнува таа својата приказна додека се враќаме од манастирот, сите поспокојни. Таа вели дека кога стигнала немало место во конаците, па решила да преспие во дворот, како и многумина други. Вели дека воопшто не била подготвена, ни ќебе, ни перница.

„Оттаму ми дадоа неколку ќебиња и перница, а и душеци за да постелиме. Нормално, никогаш не ми легнала на нешто неперно, а тогаш воопшто не почувствував ни гадење, ни грижа, вооптш не ни помислив колку луѓе ги користеле пред мене“, се потсетува Билјана.  Вели дека си легнала околу 20 часот.

„Толку луѓе на едно место, а толку беше мирно и спокојно“ – вели таа и додева дека највоодушевувачки момент и било кога влегла во одајата со моштите. „Бевме околу пет лица заедно. Молчевме и стоевме. Наеднаш сите во ист миг се свртевме и излеговме, без никој збор да каже. Беше тоа магичен миг, како на прочистување, на препородување“.

Додека раскажува се насмевнува, искрена е и вели дека на сите им кажува за своето посетување на манастирот и вели дека треба самите да ја почувствуваат неговата моќ.  Таа се сеќава дека до неа спиеле мајка и две дечиња, околу три и петгодишна возраст. Се сеќава колку биле тие мирни, послушни и воопшто не биле исплашени што спиеле надвор таа ноќ.

„Се разбудив околу 2 часот по полноќ, а се чувствува како да сум спиела повеќе од десетина часа. Рано утрото ја посетив литургијата и се чувствува толку убаво, смирено“.

Билјана раскажува дека секоја ноќ по неколку стотици луѓе преспиваат во манастирот и во конаците и дека никој никогаш не се пожалил на студ, на болка, на страв.

„Тоа е еден мир и енергија која мора да ги доживееш“ вели таа, која додава дека после преспивањето нејзиниот живот тргнал на подобро.

Додава дека ова и втор пат, и дека ќе го посети манасирот уште еднаш, бидејќи според обичаите, мора да е непарен број на посети.

По нејзина препорака и прекраснот искуство, нејзина пријателка која немала деца преспала во манастирот, и следната година родила детенце.

Чудна е вербата,  уште почудни се искуствата на верниците, но како што велат, за арно е…чудата секојдневно се случуваат, а многуброните реки посетители на овој манастир говорат дека таму чудата се вистински и дека моќта на овој светец е голема.

Она што е интересно, а воедно и уште чудо, е што секоја година му ги менуваат чевлите на светецот бидејќи ѓоновите се излитени. Верниците велат дека тој и ден-денеска шета меѓу народот одговарајќи на молитвите, помагајќи на болните и зајакнувајќи ја верата. Самиот предел околу манастирот и како да се стигне до него е стрмен и опасен, но велат ,тука никогаш не се случила сообраќајна незгода бидејќи светецот го чува овој крај.

Голема е моќта, вербата и чудата, а ако верувате посетете го ова свето место во карпата и самите почувствувајте ја таа моќ, тој мир и спокјство кое ви ја полни душата со нешто преубаво.

About the Author