[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 23 Мај 2018 - 27 Мај 2018
Локација: Будимпешта - Братислава
Цена: 109 Еур
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

Будимпешта – Братислава

1 ДЕН (23.05.’18 – среда) : БИТОЛА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 15.00 часот. Поаѓање за Унгарија во 15.30 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Нови Сад…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (24.05.’18 – четврток) : БУДИМПЕШТА Пристигнување во Будимпешта во утринските часови… панорамски разглед на градот со стручен водич…Кралската Палата, Рибарските бастиони, црквата Св.Матејаш, Цитаделата, мостовите на Дунав, базиликата Св.Стефан, Парламентот, Операта, Плоштадот на Хероите, музејот на „Старите Добри Мајстори“…сместување во хотел. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Состанок на групата на претходно закажаното место. Враќање во хотелот во касните попладневни часови. Вечерта – факултативно крстарење со Брод по Дунав…Ноќевање.

3 ДЕН (25.05.’18 – петок) : БУДИМПЕШТА – БРАТИСЛАВА Појадок. Ви препорачуваме факултативен полудневен разглед на Братислава со стручен водич…Михалската Порта, Катедралата Св.Мартин, палатата Палфи – каде Моцарт ги изведувал своите концерти, Националниот Театар, палатата Паули, Роландовата фонтана…слободно време за индивидуален разглед на градот. Враќање во Будимпешта во попладневните часови. Вечерта – факултативна посета на Национален ресторан „Чарда“, со комплетно мени и програма…Ноќевање.

4 ДЕН (26.05.’18 – сабота) : БУДИМПЕШТА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Можност за факултативна посета на живописното етно село Ст.Андреја, можност за уживање во еден од многуте етно-ресторани, винотеки…препорачуваме посета на музејот од марципан…враќање во Будимпешта во раните попладневни часови – посета на најголемиот трговски центар “АРЕНА ПЛАЗА“…слободно време за шопинг. Поаѓање за Битола во касните попладневни часови. Ноќно и денско возење, со кратки попатни паузи.

5 ДЕН (27.05.’18 – недела) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 7.340,00 ден. (119 €)

6.760,00 ден. (109 € – за уплата до 05.05.2018)!!!

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз (клима, ЦД, ДВД, разглас…) на горенаведената релација, разглед на Будимпешта со стручен водич, 2 НП во Будимпешта во хотел со 3*, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (180,00 ден. – по лице). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – БУДИМПЕШТА : Крстарење со Брод – 15 € по лице – минимум 30 лица (препорака), вечера во Национален ресторан “Чарда“ – со програма и мени – 25 € по лице минимум 25 лица (препорака). БРАТИСЛАВА – ФАКУЛТАТИВНО : Посета и разглед на Братислава со стручен водич – 25 € по лице (минимум 30 лица).