[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

Најубавиот подарок за денот на жената-ексклузивен настaп на

ANDREA BOCELLI

Загреб – Хрватска
Автобус / 3 дена / 2 ноќевања
08.03.2018 – 11.03.2018

 

По повод Меѓународниот Ден на Жената познатиот италијански тенор – ѕвездата со моќниот глас Andrea Bocelli ќе се претстави во Загреб со спектакуларен програм од два дела. Во класичниот дел ќе ги изведува најпознатите класични опери а во вториот ќе се претстави со сопствените најголеми хитови и ќе овозможи вистинско музичко уживање со изведба на неговите најубави љубовни песни.Бидете дел од оваа љубовна магија.
08. МАРТ
   СКОПЈЕ – ЗАГРЕБ
Состанок со групата на паркингот пред Хотел Холидеј Ин во 21:00 ч. и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија со попатно застанување заради одмор и царински формалности.
09. МАРТ
   ЗАГРЕБ
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската катедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание,познатата слаткарница Ивица и Марица…. слободно време за индивидуална прошетка низ градот. Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.
10. МАРТ
   ЗАГРЕБ – ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА
Појадок. После појадокот препорачуваме факултативна целодневна организирана посета на Плитвички Езера . Национален парк на само 120 км на Загреб, а под заштита на УНЕСКО како светско природно наследство. Прошетка покрај горното и долното езеро, прекрасни водопади и магична природа. Можност за возење со бродче или ручек во склоп на ресторанот на езерата. Враќање во Хотел до 17:00 часот.
Оранизирано поаѓање на концертот на Andrea Bocelli. Неколку часовно уживање во најубавите љубовни балади Time to say goodbay, Viva per lei и многу други. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.
11. МАРТ
   ЗАГРЕБ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот , одјавување од Хотелот и упатување на групата кон шопинг центар во Загреб се до 18.00 часот. Заминување за Скопје и ноќно возење.
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО 1/2 СОБА Hotel INTERNATIONAL 4*
https://www.hotel-international.hr
215 € / 13.330 мкд
доплата за еднокреветна соба 50 € / 3.100 мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Превоз со високо-туристички автобус
  • Сместување во хотел International 4* https://www.hotel-international.hr/homepage во Загреб со 4* на база на 2 НП (ноќевање/појадок)
  • Разглед на Загреб со локален водич
  • Влезница за концертот на “Andrea Bocelli” во Арена Загреб
  • Пратител за време на целото патување од агенциска страна
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Целодневен факултативен излет НАЦИОНАЛЕН ПАРК – ПЛИТВИЦЕ (превоз + влезница + водич) – 35 € (за реализација на излетот потребен е минимум од 30 патници)
  • Патничко осигурување 150,00 денари