[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

 

ОКТОМВРИ ВО ПАРИЗ

21.10.2018 –  24.10.2018

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!

Париз – градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шампзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр – сликарската „Мека“, Пигал – најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен. Проверете зошто е тоа така…

ПРОГРАМА

1 ден (21.10.2018 – Недела) | Скопје – Буве – Париз

Состанок со групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во 15:45 часот. Полетување за Париз во 17:45 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Beauvais во 20:05 часот. По пасошката и царинска контрола следува трансфер до Париз (90 km). Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден (22.10.2018 – Вторник) | Лувр – Ајфелова Кула – Крстарење по Сена – Мулен Руж

Појадок. По појадокот се упатуваме нa факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр (со локален водич), кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се‘ до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза. Во попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание. По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почувствувате магијата на Париз од различна преспектива. Во вечерните часови препорачуваме факултативна посета на славниот кабаре бар Moulin Rouge, чија што програма започнува во 23:00 часот, а секако можност за прошетка низ познатата улица Пигал. Ноќевање.

3 ден (23.10.2018 – Понеделник) | Разглед на Париз – Версај

Појадок. По појадокот, се упатуваме на организиран панорамски разглед на Париз со локален водич (метро и пешки), ќе се видат Ile de la Cite со катедралата Notre – dame, латинскиот кварт, Saint GermainSorbonneLouvreChamps Elysee. Продолжуваме кон Наполеоновата гробница Dome des invalidesConcorde BastilleRepubliqueVendomeTrocadero, Etoilе. По разледот предлог факултативна посета на величенствениот дворец Версај (15 km со рер), изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек – дело на уметноста од 17 – ти век (во разгледот не се вклучени градините). Враќање назад кон Париз (15 km). Слободно време. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

4 ден (24.10.2018 – Среда) | Монмартр – Сакре Кер – Буве – Скопје

Појадок во хотел и одјавување. По појадокот можност за прошетка по Монмартр со метро и придружба на нашиот водич. Можност да се види базиликата Sacre Coeur, од каде ќе уживате во прекрасниот поглед на Париз. Слободно време за индивидуални активности до времето на тргнување кон аеродромот со организиран трансфер. Полетување за Скопје 21:25 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 00:10 часот.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: ОД 339 €

Во цената на аранжманот е вклучено:

Директен лет на релација Скопје – Бове – Скопје со авикомпанијата Wizz Air;

Голема кабинска торба од 10 kg (56 x 45 x 25 cm);

Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;

Сместување во хотел Median Paris Congres со 3* (или сличен на наведениот) на услуга BB;

Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;

Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Аеродромски такси – 3.720 денари;

Туристичка такса 1.32 € на ноќ – се плаќа во агенција;

Патничко осигурување;

Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро – 14.1 € (ги купувате сами билетите во Париз, не се плаќаат во агенција);

ДИЗНИЛЕНД: 

Можност за посета на Дизниленд во денот во кој Вие ќе одлучите. Трансфер со метро и Дизни бус или со брз воз – рер. Цената се утврдува при уплата од причина што може да дојде до промена на истата од страна на Дизниленд.

ФАКУЛТАТИВИ

Пакети:

Панорамски разглед и посета на Версај – 70 €;

Лувр, Ајфелова кула, крстарење по Сена – 69 € / 77 €;

Цени за уплата во агенција:

Панорамски разглед на Париз со локален водич – 25 €;

Посета на Версај – 50 € со вклучена влезница за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич на македонски јазик, трансфер со рер, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција;

Влезница за Ајфелова Кула до втор кат – 22 €, до трет кат – 30 € (со лифт);

Крстарење со брод по Сена – 15 €;

Посета на Лувр – 37 € (вклучена влезница и локален водич на македонски јазик, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција);

Посета на Moulin Rouge – 115 € (вклучена влезница со резервација на маса и шампањ);

Можност за организирана посета на Дизниленд (цена при уплата на аранжман и извршена резервација);

Цени за уплата на лице место:

Панорамски разглед на Париз со локален водич – 30 €;

Влезница за Ајфелова Кула до втор кат 25 €, до трет кат – 33 € (со лифт);

Крстарење со брод по Сена – 18 €;

Посета на Moulin Rouge – 125 € (вклучена влезница со резервација на маса и шампањ);

Општи напомени:

Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;

Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;

Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;

За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;

За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 26.01.2019 година;

Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;

Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;

Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;

За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;

Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

Минимум пријавени патници за  реализација: 16

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АРИЕС