[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Локација: Афитос, Касандра
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

Вила Врахос -Афитос

 

Афитос, според многумина најшармантното амбиентално селце  на Халкидики… Зошто е толку популарно и посетено од илјадници туристи, од најразлична националност и возраст, ќе сватите кога ќе се најдете на тесните улички, помеѓу  камените куќи, и многуте дуќани и таверни од каде ѕиркаат насмеаните лица на локалните продавачи. Од останатите места се разликува по архитектурата, по камените куќи, по традиционалните таверни, по улиците со калдрма… Водата е кристално чиста и топла, а плажите песочни, што го прави одличен избор за семејства, млади луѓе, парови, за сите…

Афитос претставува карпест „балкон“ од кој има неодолив, запрепастувачки поглед кон заливот Торонеос и кон прекрасното сино море и небо.Има многу сместувачки капацитети, како апартмани и хотели, и е полно од почетокот на месец мај па сѐ до крајот на октомври.

Вила Врахос Б кат – Афитос, преставува еден од објектите на најдобрата локација во местенцето. Сместена е во најатрактивниот дел, на позиција од каде морето ви е како на дланка… Поглед од кој застанува здивот и се врежува во сеќавање засекогаш. Во склопот на вилата има одлична таверна, симпатична кафетерија, искусни сопственици кои се занимават со туризам повеќе од 50 години. Располага со двокреветни и трокреветни студија, како и неколку четворокреветни апартмани опремени со кујна, фрижидер, клима и прекрасни тераси со поглед на море.

Афитос 2019 Попусти: 20 % за уплата до 31.12.2018 15 % за уплата до 28.02.2019 10 % за уплата до 31.03.2019
Вила Врахос Б кат 200м   Мај Јуни Jули Август Септември
/ 18 25 01 08 15 22 29 06 13 20 27 03 10 17 24 31 07 14 21
Број на ноќевања / 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
1/2 студио / 80 90 100 130 150 320 350 370 390 390 390 390 390 370 230 145 140 110 90
1/3 студио / 90 100 110 140 175 350 390 420 440 440 440 440 440 420 240 155 145 120 100
1/3 студио / 80 90 100 130 165 340 380 410 430 430 430 430 430 410 230 150 140 110 100
Цените се дадени по лице за 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур.
Автобуски превоз Битола 30 Еур возрасни – Скопје 35 Еур. Климата е вклучена во цената.
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст 10 Евра од редовната цена – Лица по возрасни од 63 год: Попуст 10 Евра од редовната цена
За уплата на 2 и повеќе термини одобруваме 7% попуст. Попустите не може да се комбинираат.
Термините кои се обележани со црвено се промотивни и не подлежат на попуст.
Доплата за туристичка такса 0,5 евра по соба на ден
Сите студиа и апартмани се со поглед на море.