[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

БЕЛГРАД

Белград  е главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што Панонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Населението во Белград брои над 1,2 милиони жители, додека во рамките на неговите административни граници живеат над 1,65 милиони луѓе

 

1.Ден 29.12.2018 (Сабота)

Состанок со групата во 23:45, во 00:00 часот поаѓање за Белград. Патот води преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

 

2.Ден 30.12.2018 (Недела)

Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич:плоштадот Теразије, Славија, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата ,Дедиње, тврдината  Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав… Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта организиран превоз до центарот на градот за индивидуален предновогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи, кафеани. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

 

3.Ден 31.12.2018 (Понеделник)

Појадок. По појадок посета  на трговски шопинг центар Ушче или слободно време во центарот на  Белград за  индивидуални активности. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта дочек на Нова Година на плоштад каде ќе имате можност да уживате во бројна музичка програма (организиран превоз до центар и назад). Ноќевање.

 

4.Ден 01.01.2019 (Вторник )

Појадок. Одјавување од хотел. По појадокот факултативен излет до Нови Сад–  центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот , катедралата , Петроварадинската тврдина. Слободно време во центарот на градот. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

Цена: 90 еур / 5.600,00 мкд

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново) Велес, Скопје, Куманово

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Организација и водство на патувањето
  • Разглед на Белград со локален водич
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград
  • Посета на трговскиот центар “УШЧЕ”

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување 150 мкд
  • Туристичка такса за хотелот – 200 мкд (се плаќа во агенција)
  • Факултативен излет до Нови Сад – 10 евра пријавување во агенција. Се плаќа на лице место.
  • Влезници во културно/историски споменици

 

НАПОМЕНА!!!

За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници, во спротивно краен рок за евентуален отказ е 7 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 25 патници.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. АРИЕС и СКТМ