[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

Будимпешта – Виена

 

 

 

1 ДЕН (23.05.’18 – среда) : БИТОЛА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 14.30 часот. Поаѓање за Унгарија во 15.00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Нови Сад…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (24.05.’18 – четврток) : БУДИМПЕШТА Пристигнување во Будимпешта во пладневните часови…посета на најголемиот трговски центар “Арена Плаза“. Сместување во хотел. Слободно попладне, или прошетка низ „Ваци“ улицата…Вечерта – факултативно крстарење со Брод по Дунав…Ноќевање.

3 ДЕН (25.05.’18 – петок) : БУДИМПЕШТА Појадок. По појадокот – факултативно – панорамски разглед на градот со стручен водич…Кралската Палата, Рибарските бастиони, црквата Св.Матејаш, Цитаделата, мостовите на Дунав, базиликата Св.Стефан, Парламентот, Операта, Плоштадот на Хероите, музејот на „Старите Добри Мајстори“…слободно време за индивидуален разглед на градот. Состанок на групата на претходно закажаното место. Враќање во хотелот во касните попладневни часови. Вечерта – факултативна посета на Национален ресторан „Чарда“, со комплетно мени и програма…Ноќевање.

4 ДЕН (26.05.’18 – сабота) : ВИЕНА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Факултативна посета на Виена…панорамски разглед на градот со стручен водич : Парламентот, Рингштрасе, Операта, Универзитетот, Катедралата на Св.Стефан, палатата Белведере, комплексот Хундертвасер, Катедралата Вотиф, плоштадот на Марија Терезија, Хофбург…факултативна посета на велелепниот замок Шенбрун…слободно време за прошетка, шопинг или индивидуален разглед на градот. Планирано поаѓање за Македонија во 20.00 часот. Ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори, преку Унгарија, Србија…

5 ДЕН (27.05.’18 – недела) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 7.340,00 ден. (119 €)

6.760,00 ден. (109 € за уплата до 05.05.2018!)

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, разглед на Будимпешта со стручен водич, 2 НП во Будимпешта во хотел со 3*, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (180,00 ден. – по лице). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – БУДИМПЕШТА : Панорамскиот разглед на градот – 10 € по лице (препорака), Крстарење со Брод по Дунав – 15 € по лице – минимум 30 лица (препорака), вечера во Национален ресторан “Чарда“ – со програма и мени – 25 € по лице (препорака). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – ВИЕНА : Разглед на Виена со стручен водич – 30 € по лице (препорака), Замокот Шенбрун – 25 € по лице – влезница со водич.