[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

COTE D’AZUR

MILANO-GENOA–MONTE CARLO–CANNES–NICE-VERONA

1.ДЕН (23.05.2018 – среда) БИТОЛА Состанок на групата во 08.30 часот на паркингот пред спортската сала. Поаѓање за Италија во 09.00 часот. Патот води преку Ниш, Белград, Загреб, Љубљана…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2. ДЕН (24.05.2018 – четврток) Пристигнување во Милано во утринските часови. Краток одмор. Панорамски разглед на градот со стручен водич…тврдината Sforcesco, piazza Duomo – централниот плоштад каде се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот DUOMO, катедрала која ја опкружуваат 3400 статуи со фасцинантен изглед, Via Vittorio Emanuelle – најважната шопинг улица и центарот на вечерните збиднувања, LA SCALA – зградата на Миланската Опера, една од најпознатите оперски куќи во Светот… Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

3.ДЕН (25.05.2018 – петок) МИЛАНО – ЏЕНОВА – САН РЕМО Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Џенова…обиколка на Џенова – плоштадот Ферари, Операта, Дуждевата палата, Катедралата на Св.Лоренцо, стариот светилник Лантерна (најстариот светилник на светот, кој сеуште е во функција), куќата на Кристофор Колумбо…слободно време. Продолжување на патувањето кон Сан Ремо (регионот Империа), сместување во хотел (околина на Сан Ремо). Слободно време. Ноќевање.
4.ДЕН (26.05.2018 – сабота) САН РЕМО – КАН – НИЦА – МОНТЕ КАРЛО Појадок. По појадокот – слободно време или Ви нудиме целодневен факултативен излет и посета на Француските бисери на Азурната обала…пристигнување во Кан – прошетка низ Кроазета, каде се наоѓаат хотелите Карлтон, Мажестик, филмската палата, каде се одржува светски познатиот филмски фестивал, тврдината Ле Сук…поаѓање за Ница – туристичко место и едно од најпознатите монденски летувалишта на Азурната обала, препознатливо по преубавите палати, казина, познати хотели…прошетка по т.н. Англиско Шеталиште, кое се протега 5 км. долж преубавото сино море…слободно време. Во попладневните часови – поаѓање за Кнежевството Монако, чиј оснивач е фамилијата Грималди, поточно Франческо Грималди Малиција…посета на Монако – катедралата каде е закопана Грејс Кели, како и сите владетели од фамилијата Грималди, Кнежевскиот двор, Океанографскиот музеј, прошетка низ патеката по која се одржува Ф1 трката, преку која се стигнува до најрепрезентативниот дел од Монте Карло – казиното со позната коцкарница „Монте Карло“, хотелот „Париз“, кафе „Париз“…слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.

5.ДЕН (27.05.2018 – недела) САН РЕМО – ВЕРОНА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Заминување за Верона, со попатна посета на Трговскиот Центар FRANCIACORTA Outlet…Пристигнување во Верона во попладневните часови…прошетка низ Стариот Град – плоштадите Бра и Ербе, Арената, куќата на Јулија, саат-кулата…Поаѓање за Македонија во касните попладневни часови…ноќно и денско возење низ Италија, Словенија, Хрватска, Србија, со кратни попатни паузи.

6.ДЕН (28.05.2018 – понеделник) БИТОЛА Пристигнување во Битола во попладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 13.330,00 денари (125 €)

12.090,00 денари (195 €) – за УПЛАТА до 05.05.2018 !!!

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, 1 Н/П во хотел со 3* во Милано, разглед на Милано со стручен водич, посета на Џенова, 2 НП во хотел со 3* во близина на Сан Ремо, посета на Верона, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (180,00 ден. по лице). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА : Целодневниот излет и посета на Азурната обала со стручен водич – 50 € по лице (минимум 30 лица).