[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email
ХОТЕЛИ ДУБАИ – НОВА ГОДИНА
ХОТЕЛ ЛОКАЦИЈА ТИП НА СОБА УСЛУГА 27.12.’18 -03.01.’19
8дена/ 7ноќи
GRAND BELLE VUE HOTEL APARTMENT
(во собата може да се сместат 2 возрасни + еден екстра rollaway кревет за 3-то возрасно лице или дете до 11.99 години)
TCOM STANDARD DBL BB возрасно лице
—————–
3то возрасно
—————–
дете до 11.99
989€ 
—————–
949€ 
—————–
869€ 
Ibis Al Barsha 3* – со вклучена Новогодишна ГАЛА Вечера AL BARSHA STANDARD DBL BB нема можност за трето легло 949€
Цената е ПАКЕТ ЦЕНА по лице за сместување во стандардна двокреветна соба на база ноќевање со појадок за 7 ноќи/ 8 дена.
Цената е валидна се до пополнување на промотивни места во група (авион и хотел).
Цената е изразена во ЕВРА за уплата само во денари (1ЕУР=62МКД).
Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Дубаи согласно промена на саатници дирекно од авио компанијата.
Програма на патувањето:
8 дена/ 7 ноќи – авиокомпанија “FLY DUBAI”1. ден Скопје – Дубаи.
Полетување на авионот за Дубаи во 13.25 часот (FZ792). Слетување во Дубаи во 21.25 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.2 – 7ден Дубаи.
Сместување во избраниот хотел на база наведената услуга , слободно време предвидено за индивидуални активности, одмор, организација на факултативни излети и друго.

8 ден Дубаи – Скопје.
Во раните утриснки часови трансфер на аеродром. Полетување на авионот од Дубаи во 09.25 часот (FZ791). Слетување во Скопје во 12.25 часот.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром;
  • 7 ноќевања во избраниот хотел на база наведената услуга – ноќевање со појадок;
  • во цената за хотел Ibis Al Barsha 3* е вклучена Новогодишна вечера согласно политика и програма на хотелот (задолжителна)
  • Повратен авионски билет на релација Скопје – Дубаи – Скопје авиокомпанија “FLY DUBAI” (директен лет) со дозволен 20кг багаж по лице (оброк за време на лет не е вклучен во цена – СО ДОПЛАТА НА ЛИЦЕ МЕСТО);
  • Услуга водич во Дубаи за факулативи и дополнителни информации (ДОКОЛКУ СЕ РЕЗЕРВИРААТ И УПЛАТАТ ФАКЛУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ)
  • технички водич од Скопје

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • аеродромски такси – 45ЕУР по лице (не плаќа само дете 0-2год)
  • Влезна виза за Дубаи – 85ЕУР по пасош (задолжително за сите лица, вклучувајќи и дете и бебе)
  • Опциони индивидуални екскурзии и факултативи (не вклучени во програма – на барање)

НАПОМЕНА – ЦЕНАТА НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ЗАВИСИ ОД БРОЈОТ НА ПРИЈАВЕНИ ЛИЦА ЗА ИСТАТА И Е ПОДЛОЖНА НА ПРОМЕНИ СЕ ДО МОМЕНТ НА ФИНАЛИЗИРАЊЕ НА БРОЈ НА ЛИЦА ПО ЕКСКУРЗИЈА И УПЛАТА НА ИСТИТЕ ПРЕД ТРГНУВАЊЕ ( ПОНИСКА ЦЕНА ЗА COMBO ЕКСКУРЗИИ)

  • ОРГАНИЗИРАНА НОВОГОДИШНА ВЕЧЕРА ВО РЕСТОРАНИ (СО ДОПЛАТА НА БАРАЊЕ)
  • Патничко осигурување
  • Екстра трошоци во хотел (Телефон,Ручек &Вечера,Минибар,пијалоци, сервис во соба… )
  • Останати индивидуални трошоци
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот

* туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out и истата изнесува:
* Хотели 4* / 4* lux 15 дирхами (15 DHS ≈ 3 EUR) по соба по ноќ

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на целот износ. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ::

  • Во готово – уплата на аконтација од најмалку 50% од вкупната цена на аранжманот при резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање.
  • Кредитни картички
  • уплата преку фактура

Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:

– Сите патници мора да имаат меѓународно здраствено осигурување.
– Максимален број на лица во стандардна двокреветна соба се две возрасни лица како најниска категорија на стандардна двокреветна соба за даден хотел.
– Хотел Ibis Al Barsha располага САМО со двокреветни соби, за трето лице мора да се земе еднокреветна соба (single= standard dbl)
– Во собата GRAND BELLE VUE HOTEL APARTMENT може да се постави само еден дополнителен кревет како помошен rollaway bed, мошност да се смести само едно лице плус во собата. Со поставување на дополнителен лежај во стандардна двокреветна соба се намалува комодитетот на собата. Доплата за трето лице возрасно или дете до 11,99 години – ДАДЕНА.
– Повисоки категории на соби и апартмани се на барање и цената е на барање заради доплата на повисока категорија на соба и висока сезона – ЦЕНА И СЛОБОДНИ КАТЕГОРИИ СОБИ НА БАРАЊЕ, како и за еднокреветните соби – НА БАРАЊЕ СО ДОПЛАТА ЗА ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА.
– Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч. Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
– Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (самопослужување)
– Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја цени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците – Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
– За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
– Информации и слики од хотелите може да ги најдете на нивната официјална web страна
ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ
1. ПОПЛАДНЕВНА ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА (15-21 часот) – 45 евра по лице

Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4×4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со вожњата по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.2. ПОЛУДНЕВНА ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour (09-13 часот) -25-30 еур по лице
После доручекот, започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Нашата тура завршува кај познатиот хотел Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Враќање во хотелот.3. НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise (19-22 часот) – 45 евра по лице
Во вечерните часови dhow cruise creek – крстарење по крикот со вечера. Не постои подобар начин да се искуси и види стариот Дубаи од разгледот од палубата на бродот за време на Вашњето крстарење по крикот. Искусете ги звуците, вкусовите и погледот на Крикот преку традиционалните бродови на Дубаи што крстарат по него. Трансфер до делот Bur Dubai Creek за да се качите на традиционалните дрвени бродови за крстарење, со помош на на таканаречените abras или водени такси, кои возат низ крикот, потоа го гледате Dubai Creek Golf Club и останатите згради во оваа област. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок). Опционо и можност за крстарење по Марина и крстарење по новиот канал со вклучена вечера (55-60 евра по лице).

4. ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ (08-15 часот) – 55-60 еур по лице
Излетот почнува од Дубаи,се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пикрај обала до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ.Познат е по многуте луксузни вили и палати покрај обалата и големиот број на острови.Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ,кој е закопан во оваа џамија.Мозе да прими 40000 верници а главниот двор 9000.Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници.Џамијата 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри.Таа има 57 куполи кои се украсени со мермер.Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace,најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*).После ручекот во Абу Даби одиме кон Saadiyat island каде во иднина ќе се наоѓа Louvre Abu Dhabi и Guggenhiem музеј потоа продолжуваме до Јас островот каде се наоѓа најголемиот тематски парк на светот Ferrari World и формула1 патеката.НАПОМЕНА Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што подразбира долги панталони, долги ракави,а за жените е обавезна марама.

ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ОПЦИОНО ИНДИВИДУАЛНО – Во вечерните посета на Burj Khalifa – највисоката зграда во светот од 828 метри. Уникатно архитектонско чудо, кое ќе Ви одговори на прашањето како изгледа Дубаи, пустината и океанот од 124 кат …Во неа можете да посетите и некој од ексклузивните ресторани и барови (нормални саати влезница е 45ЕУР по лице). Посета на DUBAI PARKS & RESORTS – ИНДИВИДУАЛНО (на барање). Најновата атракција во Дубаи – забавен парк кој се состои од неколку тематски парка (Motiongate/ Bollywood Parks Dubai/ Legoland Dubai/ Legoland Water Park).

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.

ВИЗЕН РЕЖИМ И АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ВИЗА – НАПОМЕНА:
Право на аплицирање за виза имаат мажи кои имаат најмалку 23 години и жените кои имаат полни 23 години. Лица помлади од 23 години можат да добијат виза само ако тие ќе патува со своите родители. Издавањето на виза зависи САМО од Имигационо одделение во ОАЕ и за истото нема гаранција (можат да побараат дополнуителна докумнтација).
Важни напомени:
– За добивање на виза за ОАЕ потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот на кои се наоѓаат податоците на патникот како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот: [email protected] Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност имиграционото одделение да побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви. АКО ПАТНИКОТ НЕ ДОБИЕ ВИЗА,парите не се враќаат.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае.
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
ГИ МОЛИМЕ ПАТНИЦИТЕ ДА ГО ПРОВЕРАТ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ДВА ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.